Tag Archives: гинекологија

Малата Дуа – бебе родено во Скопје тешко само 520 грама, си замина дома по 131 ден поминат на Гинекологија

По 131 ден поминат на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата Дуа со солзи радосници е испратена дома, објавија од државната Клиника.

Како што информираат, Дуа се родила на 12 март во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), ектремното прематурче си замина како здраво бебе со тежина од 1890 грама.

„Дуа како вистинска мала дама си замина во фустан од нашата клиника и си отиде со мама и тато во Кичево, кои се пресреќни што конечно нивното прво бебе ќе си го гушкаат во својот дом. Малата Дуа, еден од нашите најголеми борци, овие 4 месеци и 11 дена секојдневно ја добиваше медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, кои посветено се бореа заедно со неа“, соопштија од Клиниката, посакувајќи и многу здравје и среќно и безгрижно детство.

Почина родилката што се фрли од прозорец на Клиниката за гинекологија

Синоќа почина 39-годишната родилка Б.М. која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Во меѓувреме немаше други информации освен дека пациентката е во многу критична состојба, а претходно покажала вознемиреност и одбивање да го дои бебето и дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.

На барање на министерот за здравство, Фатмир Меџити, минатата недела формирана е комисија за стручен надзор составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ со задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката. По добивање на извештајот  од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба.

Трагедија на скопска Гинекологија, родилка се фрлила од прозорец

Синоќа 39-годишна тукушто породена мајка, според досегашните созанија, се фрлила од први кат на Клиниката за Гинекологија во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

Според сознанијата на Фактор, кои ги потврди и директорката на Клилниката за гинекологија, Викторија Јовановска, повредената пациентка била итно пренесена на КАРИЛ, на Одделот за неврохирургија, каде што ѝ била извршена операција, бидејќи имала тешки повреди на цервикалниот ‘рбет.

Инаку, 39-годишната пациентка, своето бебе го добила преку оплодување со инвитро методата, што покажува дека станувало збор за долгоочекувано и посакувано бебе.

„Во средата била донесена на итно породување, во 36 недела од бремениоста, а од приемот до породувањето поминале само 12 минути, што практично значи дека имала многу лесно породување“, вели за Фактор директорката на Клиниката за Гинекологија, Викторија Јовановска.

Таа родила живо и здраво новороденче од околу 2.400 грама, кое и сега е во добра здравствена состојба.

Со оглед што и мајката и бебето биле добри, за денеска се подготвувале документите за испис од болницата на пациентката и нејзиното бебе, но за жал, пациентката вчера во доцните часови скокнала од првиот кат на клиниката.

Иинформации говорат дека пациентката била сместена во соба со прозорци кои не се отвораат, но таа успеала да скокне од прозорецот во ходникот на клиниката.

Според лекарите, нејзината состојба, по итната операција, сега е тешка, и сѐ уште е рано да се каже каков ќе биде исходот од лекувањето.

Нема информации што ја натерало оваа мајка да скокне од клиниката, а според нашите консултации со лекарскиот тим, точно е дека се појавуваат извесни постпородилни депресии кај одредени мајки, но тие досега биле во многу поблага форма и никогаш немале за последица вака драматичен исход.

Точно една година трае хоророт со ИЗВАДЕНИ ЗДРАВИ ОРГАНИ низ кој поминува родилката Веаповска!

Веаповска се породи на 31 август лани, а кога состојбата и станала критична била пренесена на скопски КАРИЛ. Таму и кажале дека и недостигаат 2 органи.

Ова е извештајот од патологија до кој дошла родилката од Дебар, Јилдз Веапоска чии органи ги извади директорот на болницата во Струга при нејзиниот пораѓај. Тврди дека без да ја праша неа или нејзиниот сопруг, докторот Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на патологија. Од она што може да се види наодот е 4 дена после операцијата, а Веапсока се сомнева дури и дали се нејзините органи. Од друга страна вели дека се работи за здрави бубрег и матка.

Не лекарската комора, туку Министерството за здравство објави дека  немало пропуст во работењето на директорот Асани. Пациентката била соодветно примена, а лекарската екипа навремено регирала кога се појавиле првите знаци на влошување. Комората не го даваше извештајот, но преку соопштение се правда за сопствената одлука. Велат комората е составена од стручни лекари кои не биле ни вештаци, ни истражители.

КОМИСИЈАТА ЈА КОНСТАТИРА МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА ВРЗ ОСНОВА НА ДОСТАПНАТА МЕДИЦИНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА. КОМИСИЈАТА НЕМА НАДЛЕЖНОСТ ДА ВРШИ ВЕШТАЧЕЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НАСТАНОТ, ТОА Е ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ. ТАА, ПРИ СТРУЧНИОТ НАДЗОР УТВРДУВА ДАЛИ СЕ ИСПОЧИТУВАНИ ПРАВИЛАТА ШТО ПРЕТСТАВУВААТ МЕДИЦИНСКИ СТАНДАРД ШТО МОРА ДА  ГИ СЛЕДИ СЕКОЈ ЛЕКАР ЗА ВРЕМЕ НА ИНТЕРВЕНЦИЈАТА И КАКО Е РЕАГИРАНО ВО КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ, ПРИ ТОА ЗЕМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ИМА СВОЈА СПЕЦИФИКА.

Во домот на струшкиот гинеколог и директор на болницата Мухамед Асани, Државниот санитарен и здраствен инспекторат во февруари откри нелегална гинеколошка ординација, за што е поднесена и пријава во струшкото обвинителство. За министерот за спречување корупција е доволно што обвинителството отворило случај, побара да не го обвинуваме директорот пред време, ама не кажа зошто Владата не го разреши.

Претседателката на антикорупциска комисија беше контра неговиот став, па истакна дека во најмала рака треба да е разрешен.

Пред шест месеци министерот Филипче на барање на Хелсиншкиот комитет за човекови права и на семејството, реши да формира нова комисија која ќе треба да го разгледа случајот на Јалдз Веапоска, а во неа ќе се директорите на Клиниките за урологија, гинекологија, Карил и Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Не го прифаќам извештајот на Лекарската комора и правдата ќе ја барам до крајот на животот, изјави Јилдиз Веапоска од Дебар, откако Лекарската комора по стручниот надзор во Струшката болница, констатирала дека нема лекарски пропусти и грешки во третманот на пациентката.  На Веапсокса по породувањето и беа остранети бубрег, матка и јајник. Сега вели дека очекувала ваков извештај, се сомнева во неговата објективност и бараше јавно да се соопштат имињата на лекарите од Комората  кои на 9 февруари го извршиле увидот.

На 17-ти март Филипче и Владата конечно го разрешија доктор Асани по скандалот со нелегалната ординација и случајот со Веапоска сеуште не доби некаква крајна завршница.

52-годишна жена се породи во Гинекологија Чаир👏

Во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, во скопската општина Чаир, се породи 52-годишна жена од Кочани, дознава „Слободен печат“.

Целата процедура, од ин витро оплодување до породување, е извршена од страна на д-р Зоран Илиевски и целиот тим на болницата.

Патем, ова е прва бременост на родилката која на свет донесе здраво девојче.

Исто така, пред неколку дена во истата болница се породи и 50-годишна жена која 27 години се соочувала со стерилитет.

ТРАГЕДИЈА, ПА ЧУДО: Млада скопјанка почина во Чаир, бебето е извадено живо

На 19.07.2021 во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:00 часот во Гинекологија „Чаир“ сo влошена здравствена состојба била донесена Н.М.(23) од Скопје, бремена во осми месец.

Според пријавеното, кратко потоа таа починала во Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сите нека видат и да ја прочитаат вистината: Објавени последните пораки на починатата Ирена

Откако „Слободен печат“ неодамна објави за смртта на 33- годишната пациентка, Ирена Костовска, која првично беше примена на Клиниката за гинекологија и акушерство, а потоа и беа направени три операции, сега стапи во контакт со нејзината сестра со која комуницирала во последните мигови пред смртта.

– Би сакала на народот да му покажам што ми пиша додека беше во болница. Сите да видат и да прочитаат дека беше жива ја кажа вистината за фаталната грешка на лекарите, вели Билјана, сестра на починатата пациентка, за Слободен печат.

Пораките кои ќе ги објавиме ја покажуваат болката и голготата како и стравот од исходот од оперативните зафати, низ која поминувала младата пациентка со потекло од Охрид, а живеела во Скопје.

Нејзината сестра Билјана исто така јавно го објави и отпусното писмо од Клиниката за дигестивна хирургија.

Скандал во битолска гинекологија – царски рез извршил невработен гинеколог

Скандал го затресе одделението за гинекологија во Битолската болница. Суспендирани се двајца лекари – гинеколози, откако еден од нив си ја повикал сопругата која е невработен гинеколог, странски државјанин да учествува во породување жена со царски рез. Извори од одделението за Гинекологија за „Независен“ откриваат дека скандалот се случил на почетокот на јануари, кога помладиот од гинеколозите ја внел сопругата во родилната сала. Двајцата вработени гинеколози биле во салата, но наводно работата ја препуштиле на сопругата на помладиот гинеколог – пишува Независен.

По ова еден од вработените во Гинекологија се јавил во полицијата и го пријавил случајот. Извори од СВР Битола, неофицијално го потврдиле настанот и велат дека се подготвуваат кривични пријави за двајца лекари гинеколози.

Инаку, според извори на Независен.мк од болницата, операцијата на родилката била успешна, па наводно тоа било причината што семејството не реагирало, но затоа пак реагирале други лекари кои случајот го пријавиле во полиција.