Tag Archives: гладување

11 ДЕЦА од Кавадарци, 4 ДЕЦА од Битола и од Велес, 3 ДЕЦА од Берово… СЕДАТ ГЛАДНИ ВО ШКОЛО !

Драги пријатели и донатори, луѓе со големи срца, сите Вие кои дониравте за оброк за децата кои немаа да си дозволат, и седеа гладни во училиште, Од срце ви благодариме! На наменската сметка до денес се донирани 383 000 денари, и од тие веќе плаќаме за децата, како ги добиваме фактурите од добавувачите, така им исплаќаме, пишуваат од проектот Среќа !

До сега платено е за :

-3 деца од Ранковце, К. Паланка

– 4 деца од Битола,

– 1 дете од с.Подареш, Радовиш,

– 11 деца од Кавадарци, – 1 дете од Свети Николе

– 1 дете од Скопје, Карпош,

– 3 деца од Берово

– 4 деца од Превалец, Велес

Оброкот е покриен до крајот на школската година!

Утре продолжуваме! Се додека имаме средства, сите деца кои ги имаме на список ќе добијат оброк во училиште.

Се уште имаме недостаток на средства, за сите деца, но се надеваме дека донациите ќе продолжат да пристигнуваат!

Бидејќи ни едно дете не треба и не смее да е гладно!

#тополоброкзасекоедете

“Власта предлага СТУДЕНТИТЕ ДА ГЛАДУВААТ“

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва предупреди дека пратеничките Жаклина Лазаревска (СДСМ), Моника Зајкова (ЛДП), Санела Шкрељ и други, предложиле измена на Законот за студентски оброк, со што правото на субвенциониран студентски оброк ќе го изгубат студенти кои -имаат стипендија ‐чии родител/и имаат месечен приход над 18.000д и -апсолвентите.

Пратеничките Ж.Лазаревска (СДСМ), М.Зајкова (ЛДП), Санела Шкрељ итн, предложија измена на Законот за студентски оброк, со што правото на субвенциониран студентски оброк ќе го изгубат студенти кои -имаат стипендија ‐чии родител/и имаат месечен приход над 18.000д и -апсолвентите❗️ pic.twitter.com/wWR6zLItZ2

— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) November 11, 2022

Над 80.000 луѓе во Македонија немаат доволно храна за да јадат секој ден!

Околу 80.000 луѓе во земјава јадат само 2 до 3 пати неделно. Штип и 19 други македонски општини се вклучија во проектот „Нула глад“, со што се обезбедуваат пакети со храна, дезинфекциски средства и заштитини маски за 2000 најзагрозени социјални семејства. 

Банките за храна во Европа, на дневна основа помагаме 12,8 милиони луѓе. Ние, дневно имаме над 300 лица. Досега над 1075 семејства во 4 градови имаат некаква месечна помош од нас. Тоа е од прилика 9 до 13 тони храна. Колку имаме донации, толку донираме- изјави Душко Христов, Банка за храна – Македонија.

Единствен критериум за добивање на бесплатни пакети храна еднаш неделно е лицата да се приматели на социјална помош или да се во социјален ризик.

Ние заедно со центарот за социјални грижи за секоја акција правиме проценка на кого најмногу му е потребна храната и така ја донираме, но идејата е, да дојде до што поголем број на корисници, а пред се, на оние на кои што им е најпотребна-изјави Боби Шарковски, Солидарен фонд – Штип. 

Сите тие кои не се корисници на некое право од Законот за социјална заштита, можат да се обратат до Центарот за социјална работа или до банката за храна, да им се утврди фактичката состојба и на тој начин да им се овозможи поддршка- изјави Златка Иванова, Центар за социјални работи – Штип.

Во акцијата за донирање, пакување и дистрибуција на храна, може да се вклучи и приватниот сектор, но и секој друг хуман граѓанин.

Прилог на Сител ТВ