Tag Archives: ГоцеАрнаудов

10 години без Гоце Арнаудов

Пред десет години, на 6-ти декември 2011 година, на 52-годишна возраст почина Гоце Арнаудов, роден во Струмица 1959 година, познат македонски пејач на народна музика.

Во 1994 година на Фолк фест – Валандово ги освоил сите награди со песната „Дали чекаш стара мајчице“. Пет години бил прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а учествата на Фолк-фест Валандово му донесле 22 награди.

Неколку пати ја добил наградата за интерпретација „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно учествувал на турнеи во Европа, Америка и Австралија.

Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната”, “Дали чекаш стара мајчице”, “Ќе пијам ќе лумпувам”, “Свири мајсторе”, “Полни бре меанџијо”…

Елмас со огромен звучник, ечат песни од Гоце Арнаудов 😊(ВИДЕО)

Во хотелот во кои што се сместени, Елмас и Чурлинов „влечеа“ голем звучник од кој ечеше песна од Гоце Арнаудов.