Tag Archives: години

Арачиновци лути – Сега останаа БЕЗ ВОДА поради долгови стари 17 години

Жителите на Арачиново веќе три дена немаат вода затоа што ЕВН ја исклучи струјата на пумпите за вода на општината поради долг стар 17 години.

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими се пожали на „неправда“ од ЕВН, кој досега го толерирал неплаќањето на сметките за електрична енергија за пумпите за вода.

-Имаме комуникација со ЕВН и побаравме доколку ваква толеранција се прави со години од 2006 година, на водоводот или на пумпите кои ја потрошиле таа струја да не им се издаваат фактури. Не е завршена финансиската обврска и како е возможно да се бара цел долг? Иако ми понудија да платиме на неколку рати, сепак тие рати се неприфатливи. Барам одреден начин на олеснување за тој финансиски товар, вели Ибрахими.

Од ЕВН соопштија дека општина Арачиново имала постоечки договор за плаќање на рати на долгот, но истиот не бил испочитуван.

Овој вторник е најсреќен во годината, еве што треба да направите за да ви се исполнат сите желби

На некои места, велигденските прослави траат три дена. Тоа значи дека славењето и веселењето продолжуваат и во вторник.

Ова е период кога се собираат роднините од далечните краеви и ги обновуваат одамна склопените пријателства. Во некои краеви, денешниот ден е познат и како Свет вторник, а зад него се кријат многу обичаи и верувања.

За време на Водената седмица, односно првата недела по Велигден, се и Водениот вторник и Водената сабота. Според народните верувања, вторниците важат како баксузни денови, но не и овој. Овој вторник е најдобриот во целата календарска година. Според приказните, ова е денот кога сите се радосни и весели. Исто така се верува дека детето кое е родено на овој ден, ќе биде среќно и долговечно.

Поради ова многу свадби се одржуваат на овој ден, бидејќи се верува дека среќата и благодатот од денот ќе се пренесат и кај младоженците и нивното ново семејство.

Според некои верувања, овој ден најдобро е да не правите ништо со машката облека, како шиење и перење, особено ако мажот е иден војник.

Старите веруваат дека денес е добро да отидете на посета или на пат. Доколку планирате денес да тргнете некаде, според обичајот треба да замислите и желба. Наводно желбата ќе се исполни, а за време на патувањето ќе ве следи среќа.

На некои места се прославуваат три Водени вторници – денешниот, вторникот после Ѓурѓовден и вторникот после Света Тројца. Како што кажува и самото име, овие вторници се празнуваат за да падне дожд кој е неопходен за посевите.

Поради ова, единственото нешто што треба да го направат верниците во овие три денови е да се веселат и да се радуваат, а среќата да ја поделат со саканите. Според народното верување, доколку ги игнорирате традициите денес, нема да ви оди добро во животот.

Реакција на Перо Антиќ за „Сeксот по 50-та“ (Фото)

За сексот по 50-та година како тема е издадена книга од Др. Фред Џонс, а истата се најде на Инстаграм профилот на актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на земјава, Перо Антиќ.

Тој често е активен на социјалната мрежа, а простор од своите „стори“ приказни одвои за книгата со наслов „Сексот по 50-та“.

Перо има повеќе од една деценија од животот додека стигне до 50-та, а неговата реакција по ова прашање, беше емотикон кој „плаче “ од смеење.

Интересно е што содржината на книгата ни повеќе ни помалку е празна.

Јајце старо 1000 години пронајдено во Израел

Израелски археолози во текот на ископување во градот Дафне, пронајдоа јајце старо 1.000 години.

Јајцето од кокошка е едно од најстарите пронајдено во Израел. Лушпата на јајцето била пукната, па голем дел од неговата содржина истекла, но дел од жолчката и натаму е во јајцето, што ќе овозможи понатамошни анализи.

„Ова е многу ретко откритие во Израел и во Светот. Интересно е да се пронајдат фрагменти од јајце, но да се пронајде цело јајце е единствено откритие.“, рече археологот Ли Пери Гал.

„Се претпоставува дека јајцето е сочувано поради условите во кое е најдено – во септичка јама која содржи мек отпад кој го сочувал. Дури и денеска јајцата ретко опстојуваат во картоните на супермаркетите. Неверојатно е што ова е старо илјада години“, рече археологот Ала Нагорски.