Tag Archives: гол

Меси со гол го прослави јубилејниот 1000. натпревар во кариерата

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси вечерва го игра осминафиналниот натпревар на Светското првенство 2022 година против селекцијата на Австралија. Триесет и петгодишниот Аргентинец слави јубелеј – 1.000-ти натпревар во својата професионална кариера.

Меси најголемиот дел од кариерата го помина во Барселона. За шпанскиот клуб одигра 778 натпревари.

За сегашниот негов клуб, ПСЖ одигра 53 натпревари, а уште 168 пати беше на теренот како дел од репрезентацијата на Аргентина.

Лионел Меси има постигнато 788 голови, а во 35-тата минута го даде и водечкиот гол за Аргентина.

Голот што беше несуден АУТ, направи потрес на мрежите (Видео)

Јапонија го освои првото место во групата Е на СП во Катар откако успеа да ги победи и Германија и Шпанија, но сепак, многумина се сомневаат дека победничкиот гол за 2:1 против Шпанија, едноставно не требаше да биде признаен.

Иако во топката „Ал Рихла“ има чипови со кои се следи офсајд ситуацијата, и покрај деталните ВАР снимки, се одлучи дека оваа топка не излезе надвор од игра, предизвикувајќи бура коментари на социјалните мрежи.

Според правилата, топката треба целосно да излезе од аут-линијата за да се смета дека е надвор од игра. Голот исто така имаше голем влијание на исходот на групата Е – така Јапонија го освои првото место, а Германија беше елиминирана.

Долги дискусии има на социјалните мрежи за денешните случувања.

Во Струмица на улица, ама „пиштол“ гол – Граѓаните шокирани, полицијата во акција (Фото)

Граѓаните на Струмица денеска беа изненадени од несекојдневна глетка во центарот на градот.

Имено, како што објави локалниот портал Струмица денес на својата Фејсбук страница, целосно гол маж денеска се шетал низ центарот на Струмица.

– Како што велат очевидци за Струмица Денес, истиот бил агресивен и удирал по излозите на продавниците кои се наоѓаат околу плоштадот, објавено е во постот.

ВИДЕО: Каква мајсторија на Талески, ја крена публиката на нозе!

Ракометната репрезентација на Македонија во преполната сала „Борис Трајковски“ ја победи Чешка, во реваншот на баражот за Светското првенство. Откако во Злин одиграа нерешени 24-24, а таму Македонија правеше атракција, по атракција, истото се случуваше и на вечерашниот натпревар, каде ги победивме чесите.

Филип Талески се погрижи за скопската публика да не остане без атрактивни потези. Во една контра, крушевчанецот излета сам на линијата за шест метри очи во очи со Мрква, па со „вртенка“ го измами и ја крена публиката на нозе.

Атрактивниот погодок на Талески против Чешка:

Видеото погледнете го ТУКА

Токму Филип Талески е еден од најдобрите ракометари на Македонија во овој двомеч со Чешка, а тоа го покажа и со неколкуте убави потези.

Кирил Лазаров со ЕФЕКТИВЕН ГОЛ вреден за паметење (ВИДЕО)

Во меч од Европската лига, во кој нашиот капитен Кирил Лазаров постигна еден погодок за неговиот Нант во мечот против Бенфика.

Но, тој беше за паметење, со оглед што беше реализиран со вистинска „бомба“ од десетина метри.

(Видео 18+) Шоkaнтна снимка: Пиштoл гол се пpoшета среде Тетово

На социјалните мрежи се појави шокантно видео од Тетовo.

Robertonavali неговиот твитер објави видео од Тетово на кое гол човек се шета по улиците на градот.

На видеото се гледа како граѓаните поминуваат покрај него а тој си се шета како да е најнормално.

Онлајн парламент: Пратеник се појави гол на седница

Канадскиот политичар Вилијам Амос се појави целосно гол на состанокот на Долниот дом на канадскиот парламент, што се одржа преку апликацијата Zoom.

Иако состанокот беше затворен за јавноста, на социјалните мрежи се појави фотографија од голиот пратеник, а тој ги покрива „чувствителните“ делови со мобилен телефон во раката.

Фотографијата брзо стана хит на социјалните мрежи, а Амос се јави да објасни што се случило.

„Денес направив грешка и многу сум засрамен поради тоа.Камерата случајно остана вклучена додека се пресоблекував по трчање.

Искрено им се извинувам на моите колеги. Тоа беше случајна грешка, што нема да се случи повторно“, напиша тој на Твитер.

Мексикански коментатор вчера одлепи: Една минута викаше ГОООООООООЛЛЛЛЛ!

По постигнатиот втор гол за Македонија за 2:1 на нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, гол со кој се осигура победата над Германија, мексиканскиот коментатор на една од латиноамериканските спортски канали буквално се мрдна од викање 🙂

Една минута викаше ГООООООООООЛЛЛЛЛ за Македонија !

Слушнете Видео: