Tag Archives: Горан Пандев

Пандев: „Секоја чест, ХЕРОИ!!!

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, се замина во репрезентативна пензија по настапот на нашата селекција на ЕВРО 2020, откако претходно одигра неколку дуели од квалификациите за СП 2022 меѓу кои и историската победа на гости кај Германија (2-1), но тоа не го спречи да им го честите новиот голем успех на доскорешните соборци.

Популарниот Гоче кратко  потврди дека вечерва бил заедно со фудбалерите во жолто-црвена опрема на историскиот меч со Исланд (3-1), по кој обезбедивме пласман во баражот.

„Секоја чест, ХЕРОИ!“, пиша Пандев.

Веднаш по завршувањето на средбата со Исланѓаните, на социјалните мрежи почна иницијатива за враќање на Пандев во националниот тим во баражот, особено што во полуфиналната пресметка нема да игра Елиф Елмас поради два жолти картони.

Горан Пандев дoнece oдлyкa – ќe игpa yштe eднa гoдинa

Горан Пандев е подготвен да продолжи да игра фудбал уште една година, одлука што најдобриот македонски фудбалер на сите времиња ја има донесено, но ќе ја соопшти по завршувањето на заслужениот одмор што го зема по настапот за националниот тим на ЕВРО 2020. „Гранде Пандев“ објави дека ја завршува репрезентативната кариера, но тоа нема да значи и негово збогување со фудбалот.

Нашиот ас имаше бројни извонредни настапи во дресот на Џенова, по што бројни „фаци“ во италијанскиот фудбал предводени од Антонио Конте апелираа до Пандев дека има да покаже уште многу на терените и дека не треба да се пензионира. Ваквите пораки очигледно допреле до Македонецот, кој до неодамна делуваше решено да се збогува од активното играње, но во меѓувреме го променил својот став.

Понудата од Џенова е отворена, тренерот Балардини не крие дека сака Пандев да остане уште една година, а се чека само на одговорот на македонскиот интернационалец. На крајот, тој за радост на приврзаниците на Џенова ќе биде позитивен, по што Пандев и во следната сезона ќе биде еден од главните адути на овој клуб, со можност потоа да остане како дел од управата на Џенова.

Прашањето околу репрезентативната кариера дефинитивно е затворено, иако не се исклучува можноста Пандев да биде повикан од новиот селектор Милевски за еден последен меч, за на домашен терен во Скопје да се збогува од дресот со националниот грб.

Пандев се огласи со порака до Ангеловски

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, преку социјалните мрежи му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски за соработката која ја имаа изминатите шест години во националниот тим.

Пандев ја заврши репрезентативната кариера со настапот на Европското првенство, додека Ангеловски потврди дека ја завршил соработката со ФФМ.

– На 20 октомври 2015 година, прв пат кога се сретнавме, во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, Вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце, напиша Пандев на Инстаграм.

Селекторот Ангеловски имаше најголема заслуга за враќањето на Пандев во репрезентацијата, кој пред неколку години се повлече од националниот тим.

Tурска новинарка од познатиот спортски сервис “Беин спортс” му прави интервју на македонски јазик на Горан Пандев (Видео)

И пред Европско и за време на Европско и после Европско, капитенот не може глава да крене од интервјуа. Цела Европа го бара, па почнаа и на нашки да му зборат странските новинари.

Телевизискиот гигант Беин Спортс кој има глобална мрежа на спортски канали во 13 земји на четири континенти и кој е во сопственост на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, оди во етер на арапски, англиски, шпански, француски и турски јазик.

Последната јазична верзија во еден момент од турска стана македонска, а заслугите одат кај шармантната Сејхан Шашко која има потекло од Охрид.

Tурската водителка на својот Инстаграм има направено интервју и со Игор Ангеловски на англиски.

Интервјуто на македонски со Пандев погледнете го ТУКА

Се огласи Пандев по последниот меч: Чест и гордост беше за мене да го носам македонскиот дрес🇲🇰

Горан Пандев вечерва се прости од македонската репрезентација. Тој им посака успех на своите досегашни соиграчи во идните квалификациски циклуси.

Чест и гордост беше за мене да го носам македонскиот дрес изминатите 20 години. Изборивме пласман на Европското првенство и вечно ќе се сеќавам на овој успех со репрезентацијата. Срцето ми е полно. Нема поубаво чувство да играш на големо натпреварување во светиот дрес. Одлуката за крај со репрезентативните настапи е конечна. Не можам да играм, а да не го дадам максимумот. Чувствувам дека играњето на два фронта за мене на 38 години е невозможно. Во иднина ќе навивам за овие момци и убеден сум дека имаат квалитет да се пласираат на светското првенство, изјави Пандев.

Најдобриот играч во историјата на македонскиот фудбал забележа 122 настапи и 38 голови во дресот со македонскиот грб.

Барди: Пандев ќе ни фали секогаш, тој е најголемиот играч во историјата на македонскиот фудбал

Фудбалерот за врска на македонската репрезентација Енис Барди, рече дека Пандев многу ќе недостига во иднина.

– Цел живот ќе ни биде во глава ова ЕП. Искуство што го стекнавме треба да не носи напред и да ни дава сила во обидите повторно да направиме ваков успех. Сонот на сите нас беше да дојдеме овде и да докажеме дека Македонија има квалитетни играчи. Натпреварот со Холандија изобилуваше со многу емоции поради пензионирањето на Горан Пандев, затоа што знаеме кој е Горан и што значеше за оваа репрезентација. Ќе ни фали секогаш. Тој е најголемиот играч во историјата на македонскиот фудбал. Ние сите треба да продолжиме по неговиот пат. Тој беше пример за сите нас. Сега треба да се одмориме, а потоа на работа со цел да се вратиме меѓу европската елита, изјави Барди.

Македонската репрезентација вечерва загуби од Холандија со 3:0 и без освоен бод ги заврши настапите на ЕВРО 2020.

Освен Пандев, уште двајца наши фудбалери го изиграа последниот меч за Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска по мечот Холандија го изигра последниот меч од деби настапот на едно ЕП.

Мечот против „лалињата“ го одбележи последниот меч на Горан Пандев во дресот на Македонија, но и на уште двајца фудбалери.

Но освен Пандев, последен меч за уште двајца македонски репрезентативци.

На Инстаграм ова го најави искусниот напаѓач Крсте Велковски за кого ова беше последен меч во националниот дрес, како и на Иван Тричковски.

Им благодариме 🇲🇰👏👏👏👏👏👏

НЕМА ЧОВЕК, НЕМА МАКЕДОНЕЦ КОЈ НЕ ПОЧУВСТВУВА МОРНИЦИ – Пандев емотивно испратен во репрезентативна пензија (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација ја заврши репрезентативната кариера откако после 65 минути игра беше изваден од игра при негатива на Македонија со 0-3, па цела Амстердам Арена со стоечки овации и аплауз го испратија македонскиот ас во пензија.

Буквално запре цел стадион и сите во чест на Пандев ракоплескаа.

За Пандев ова беше последен меч за Македонија, па холандската публика со аплауз го испрати во пензија, а македонските навивачи со скандирање на неговото име му се заблагодарија за сѐ што направи за македонскиот фудбал и националниот тим, посебно за ова деби и историски настап на Европското првенство.

Прв пат кога татко ми ме однесе на стадион ти се восхитував, сега сум со тебе дур го носиш светиот дрес за последен пат!

„Прв пат кога ме однесе татко ми на стадион ти се восхитував, сега за последен пат сум со тебе на теренот дур го носиш за последен пат светиот дрес. Огромна е честа, Гранде“, напиша македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов на Инстаграм.

ПАНДЕВ ЕДВАЈ ГИ ДОДРЖА СОЛЗИТЕ: Расплакани фанови од трибините и дрес од Холанѓаните (Фото+Видео)

Штотуку започна натпреварот помеѓу Македонија и Холандија, а за време на пеењето на македонската химна Горан Пандев едвај се воздржа да не заплака.

Нашиот капитен кој денеска го игра последниот меч за репрезентацијата со солзи во очите и еден тон емоции ја пееше нашата химна.

Додека Пандев се воздржа, фановите на трибините веќе плачеа, а и му порачаа „Горан Пандев фала ти.

Холанѓаните му подарија дрес.За време на ракувањето на капитените, Вајландум му подари дрес на Пандев од Холандија со број 122, колку уште има настапи за репрезентација!

Браво за овој гест!