Tag Archives: говорнаомраза

„Дрвена лопата да продаваш за СОПСТВЕНИОТ ГРОБ“! – Војна на мрежите помеѓу Плевнеш и Миа Костова (Фото)

На социјалните мрежи се појавија објави кои загрижуваат, да не обвинуваме и заземаме страна, говорот на омраза, можеби уште некое кривично дело плус се очигледни, погледнете за што се работи:

За европратеникот Јорданов НАВРЕДИТЕ кон Македонците НЕ СЕ ГОВОР НА ОМРАЗА, туку КОНСТАТАЦИИ

Бугарскиот европратеник и амбасадор во Скопје од 2001 до 2005 година, Александар Јорданов, не ги смета за говор на омраза тешките навреди кон Македонците, кои ги нарече „србомански измет“, „црвени ѓубриња“, „комунистички фосили“, „титоисти“, „југословенски партали“?!

„Прво, тоа не е јазик на омразата, туку јазик на констатациите. Работите што ги кажав емотивно се констатирани и од политичари, и од научници, и од историчари. Така што апсолутно не можам да се тревожам. Вистината е дека македонската држава преку своите политичари, претставниците на медиумите и граѓаните манипулирани со пропаганда, преминаа многу граници. Го преминаа не само добриот тон, добриот однос кон Бугарите и Бугарија, туку ги преминаа и најелементарните човечки норми за разбирање и за добар третман. А токму тој ден, кога се случи тоа скандалозно однесување на македонската гранична полиција кон моите сонародници Бугари, не можев како европратеник, едноставно, како бугарски државјанин, да пренебрегнам дека сум бил политичар и поради тоа да не реагирам емотивно. Затоа што човек има нерви, има разум, но има моменти кога веќе ми проговори срцето и ги изговорив овие навистина остри зборови, можеби малку чувствителни зборови, но во секој случај зборови што излегоа од мојата душа. Затоа што не можам да дозволам европските граѓани, Бугарите, да бидат понижувани. И тоа со години го прават македонските власти, а сега само се демонстрираше на граница. И затоа крикнав. Се разбира, нека се жалат, разбрав дека напишале некое писмо – прочитав во весниците, ништо официјално не стигнало до мене, но не ми пречи. Важно е мојата совест пред мене и пред мојот народ да биде чиста“, изјави Јорданов за бугарското радио Фокус, пренесува Express.mk.

ДВА НОВИ НАПАДИ ОД КУЧИЊА во Струга, АМА Општината бара од граѓаните да престанат со говор на омраза

Продолжува проблемот со кучињата скитници во Струга. Активистите известуваат за нови напади врз кучињата и пишуваат за нивното масивно труење.
Од друга страна се почести се нападите од кучиња скитници врз граѓаните. Вчера околу 7 часот наутро камера го снимила моментот кога шест кучиња напаѓаат граѓанин кој се движи на улица и за среќа се спасува без ниту едно каснување.

Ова не завршува тука бидејќи пред неколку дена девојче е нападнато од глутница кучиња во Струга. Нела Стојаноска заврши во болница со повреди во рамото и ногата.

Општина Струга преку Фејсбук објава им се обрати на граѓаните да престанат со говорот на омраза бидејќи, како што пишуваат, состојбата ја загрижува и општината.

„Сосема сте свесни за состојбата со кучињата скитници во нашиот град, особено последниве денови, кога бевме сведоци на агресивни напади од овие животни врз граѓани, млади и стари, без разлики. Општина Струга е ангажирана на повеќе насоки за што поскоро решавање на овој проблем. Сепак, многу внимателно ги следиме печатените и електронските медиуми, како и социјалните мрежи и забележуваме една многу сериозна појава. Секаде читаме и слушаме говор на омраза, со многу висока доза. Се разбира, не можеме да ја изгасиме или блокираме емоцијата на граѓанинот, кој во многу случаи е сосема во право, а понекогаш и ние се согласуваме со него. Сепак, ние во никој случај нема да дозволиме институцијата општина или градоначалникот да бидат цел на поединечни изливи, или пак место каде што некој од вас сака да го изрази својот највалкан можен речник. Не дозволуваме да не нарекувате убијци и платеници, со крвави раце, место на ужасот, бескрупулозни, големи кучиња на општината, и што ќе ви дојде при уста!“, се вели во соопштението од Општината.

Целата антифашистичка борба, споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза! Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња

Сценаристот Божидар Божиновски алијас Мр Моџо килингтон, дежурен шегобиец на Фејсбук, овојпат со смртно сериозна, драматична објава за катастрофалните последици од францускиот предлог.

„’Страните ја потврдуваат својата посветеност да преземат мерки против појави на говор на омраза и ги назначуваат министерствата за надворешни работи како контакт-точки за заедничка идентификација на такви случаи во натписите на јавни згради и споменици, текстови во учебници и наставни програми и во медиумите (вклучително и онлајн и социјалните медиуми)’ – протоколот.

„Целата антифашистичка борба ќе е говор на омраза. Споменот на жртвите ќе е говор на омраза. Споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза. Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња, повторно го мачите Страшо, повторно ги убивате децата од Ваташа, повторно ги товарате Евреите во возови на смртта. Повторно ги убивате сите жртви за Македонија. Крвта ви е на рацете, нема да се мие. Со бришењето на историјата не станувате предавници само на оваа генерација, туку и фашистички соработници кои им ги прикриваат злоделата“, вели Божиновски.

(Видео) Гениjaлна peклама со Севepинa

Кампањата против говор на омраза на магазинот Бука од БИХ се води од поздравот (или стихот) „Хеј Словени“, кој за потребите на оваа кампања гласи „Хејт Словени“, зашто, „омразата стана како добар ден“.

– Водечка нишка на кампањата е поздравот „Хеј, Словени “, кој го преименувавме во „Хејт, Словени“ за целите на нашата приказна, бидејќи омразата, се чини, стана најнормална работа, како „добар ден“ . Преку разговор помеѓу клиенти и работници во супермаркет, видеото покажува колку сме опседнати со говор на омраза, а ние знаеме колку е опасно и какви застрашувачки последици може да има -, вели главниот уредник на Бука, Александар Трифуновиќ .

Целта на кампањата на Бука е афирмирање на култирата на дијалот, емпатија и разборање меѓу луѓето.