Tag Archives: Грабеж

Грабеж во Стопанска банка во „Беверли“ во Скопје, маскиран им ги зел парите и избегал

Грабеж утринава се случил во Стопанска банка во трговскиот центар „Беверли“ во населбата Капиштец во Скопје.

Според информациите во банката влегло маскирано лице кое било вооружено со пиштол. Со закана кон вработените, со пиштол вперен кон нив, побарал да му ги дадат сите пари, по што лицето избегало со пленот.

Очевидци за А1он сведочат дека сите вработени од банката излегле надвор, а веднаш стасала и полицијата и екипи на крим техника кои вршат увид. Информацијата за А1он ја потврди и МВР, но засега не споделуваат повеќе детали.

Избегал од Идризово па ограбил казино – Полицијата со истрел во воздух го предупреди па го уапси

Избегал од затвор, ограбил казино, но на одење не му успеал планот и го вратиле зад решетки. Како сцена од криминалистичка серија била улицата Благоја Стефковски во Маџари каде утрово избеганиот затвореник со пиштол упаднал во казино, го земал прометот од вработениот и сакал да избега. Полициски службеници кои за кратко време стигнале пред објектот го спречиле во намерата.

Разбојникот со поголемата сума на пари што ја украл од објектот на Спорт Лајф сакал да избега и имал и огнено оружје. Полицијата за да го спречи испукала неколку куршуми во воздух а тоа ги вознемирило граѓаните  и вработените во околните дуќани.

48 годишниот затвореник од Куманово  бил во Идризово на издржување затворска казна од 13 години за повеќе сторени кривични дела и за доиздржување има уште три години и осум месеци.

-Кај него биле пронајдени одземените пари и пиштол „Чешка зброевка“ калибар 9 мм со муниција. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, стои во соопштението од МВР.

Побаравме, но до емитивање на прилогот не добивме одговор од казнено поправната установа затвор Идризово – како избегал затвореникот и од каде му е оружјето.

СКОПЈЕ ли е Колумбија ли е: Голем грабеж кај Скопјанка, ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА!

Голем грабеж и драма се случува во моментов во Аеродром во близина на Скопјанка каде неколку напаѓачи со хируршки маски ограбуваат објект за кој се уште не е потврдено дали е обложувалница или некој од дуќаните на таа локација.

Според нашите информации на терен се неколку полициски екипи меѓу кои и Интервентната полиција.

Засега нема информации дали ограбувачите се уапсени и дали има повредени лица.

Сметките за струја, сега наспроти лани – Грабеж!

Граѓаните, фирмите, институциите, јавните претпријатија и општините се соочуваат со предизвикот за редовно намирување на месечните сметки за испорачана електрична енергија. Податоците за висината на сметките за енергија се загрижувачки, а само долгот на некои најголеми потрошувачи кон еден од најголемите дистрибутери во земјата достигнува над 35 милиони евра.

За струја должат болници, јавни институции и претпријатија, приватни фирми, училишта… Од различни извори доаѓаат информации за фрапантно високи сметки за струја во однос на минатата година. Колку за илустрација, здравствени организации што претходно плаќале месечно по две-три илјади евра за струја, сега се исправени пред предизвикот да платат неколку десетици илјади евра месечно! Кај стопанските субјекти состојбите се веројатно уште полоши.

Нивните првични пресметки покажуваат дека сега за електрична енергија треба да плаќаат речиси десеткратно повеќе. Ништо подобра не е состојбата ниту со општините, локалните претпријатија, училиштата итн.

Од општините во Полошкиот Регион деновиве предупредија на сериозноста на „струјниот“ удар под кој се наоѓаат локалните претпријатија, институции и училишта.

За илустрација, последната месечна сметка за струја во ОУ „Братство Миѓени“ во Тетово стигна до 72.000 денари за околу 2.200 киловати, а дополнително следуваат зимскиот период и сезоната на греење. Ова училиште во зимскиот период троши околу 15.000 киловати и, според новите цени, ќе треба да плаќа 450.000 денари месечно! На ова треба да се додадат и трошоците за затоплување на училниците и за набавка на 30.000 литри нафта за домаќинство.

Колку за споредба, претходно добивале многу пониски сметки за потрошена енергија.

Во Заедницата на единиците на локалната самоуправа имаат извештаи за висината на месечните сметки за електрична енергија, но, како што велат, не можат да даваат поединечни податоци за некоја локална самоуправа.

– Во споредба со минатата година, сметките за електрична енергија се драстично повисоки. Генерална оцена е дека трошоците за струја се повисоки за пет-шест пати. Како ЗЕЛС, сме оствариле три средби со претставниците од централната власт.

На последната средба со министерот за економија Крешник Бектеши беше посочен и проблемот со примената на новиот тарифник за електрична енергија, со кој за локалните самоуправи се пресметуваат повисоки износи за потрошена струја од страна на снабдувачот со електрична енергија.

Од Општина Гостивар пристигна и предлогот за измени во следењето на наставата во училиштата, преку продолжување на распустот или со преминување онлајн настава, за која лично сметам дека е несоодветно решение за одржување квалитетна настава, ако се има предвид и претходното искуство во периодот на пандемијата.

кога не можеме да дадеме и понуда за свадба што би се одржала следната година! Со пополнетост на капацитетите од 20 до 30 отсто, работењето за големите хотели е неисплатливо, а затворањето или отпуштањето на работниците станува поизвесно – вели Крсте Блажевски, претседател на ХОТАМ.

Од асоцијацијата на големите хотелски објекти во Македонија забележуваат на нееднаквите услови за стопанисување во однос на помалите и средните капацитети за сместување, за кои важат поповолни услови за набавка на електрична енергија.

Од ХОТАМ потсетуваат на фактот дека домашното хотелиерство носи значаен девизен прилив и предлагаат од државата да се најде начин да се обезбеди електрична енергија под гарантирани цени од домашното производство на енергија.

Со драстично зголемени сметки за електрична енергија се соочуваат и во здравствениот сектор, без разлика дали станува збор за приватно или јавно здравство. И таму бараат разни начини како да одговорат на предизвикот за големиот струен удар да не го загрози нивното нормално функционирање и да не се одрази врз пациентите.

vecer.mk

Украдени сите залихи на шеќер, зејтин, брашно и сол од градинка во Велес

Во текот на изминатиот викенд во шестиот клон на градинката „Димче Мирчев“ од Велес, била извршена кражба од главната кујна која ги снабдува сите единици во градот.

Неофицијално, крадците ги одзеле сите залихи на шеќер, зејтин, брашно и сол од градинката која се наоѓа од левата страна на градот на десетина метри од градскиот пазар.

Се очекува СВР Велес по извршениот увид да излезе со конкретни информации.

Вработена во обложyвалница во Чаир му се cпpoтиcтави на вoopyжен маж и го спacи пpoметот (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од обид за грабеж на спортска обложувалница во Скопје, кој можеше да заврши и трагично по животот на вработената која помина само со повреди.

Нејзината храброста беше пречка овој крадец да го испразни сефот. Жената му се спротивставила на крадецот кој во раката имал нож и ја повредил вработената во левата рака и и левата надлактица.

Повредена, вработената била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје каде што поради шок не можела ниту да даде изјава и да посведочи пред полицијата.

Видео:

https://fb.watch/bl2uxPjpie/

Филмски грабеж кај Приштина: Пукано врз возило кое превезувало пари

Неколку лица пукале од огнено оружје кон возилото на фирмата која се занимава со транспорт на пари, обидувајќи се да им ги украдат парите.

Засега нема информации дали напаѓачите ги зеле парите и дали има повредени.

Случајот се случил во селото Паралово, на патот Приштина-Ѓилан, јавуваат албанските медиуми.

„Ве информираме дека денеска околу 15.25 часот добивме информација дека во село Паралово на магистралниот пат Гњилане-Приштина непознати лица пукале од огнено оружје во правец на возило на фирма, кое било транспортирајќи банкарски пари“, соопшти полицијата.

Засега не се знае дали напаѓачите ги зеле парите и дали има повредени.

Полицијата и надлежните единици излегоа на местото на настанот и извршија увид на случајот.

Тетовчани крадци поставија РЕКОРД: ДВЕ БАНКИ ограбени за 20 МИНУТИ❗

МВР во својот полициски билтен информира дека вчера вечер во периодот од 03:30 часот до 03:50 часот во СВР Тетово било пријавено грабеж во две банки.

Во првиот интервал во експозитура од банка во склоп на трговски центар во Тетово, три лица со употреба на сила влегле внатре и одзеле пари.

Петнаесетина минути подоцна засега непознати сторители исто така со употреба на сила влегле во експозитура на друга банка во Тетово, но овој пат одзеле пари од банкомат.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.