Tag Archives: град

Саудиска Арабија ќе го гради пустинскиот облакодер долг 75 милји, ќе чини 1 трилион долари! (Видео)

Саудиска Арабија го претстави планот за пустински облакодер долг 75 милји кој чини 1 трилион долари.


Саудиска Арабија ги претстави плановите за облакодер долг 75 милји наречен Mirror Line, кој ќе се протега низ нејзината пустина, каде ќе бидат сместени до пет милиони луѓе. Се предвидува дека ќе чини неверојатни 1 трилион долари.

Најсовремениот облакодер ќе биде повисок од Емпајер Стејт Билдинг, направен од стакло со огледало и дел од пустинскиот град наречен Неом, кој ќе биде со големина на Масачусетс.

Градот наречен Неом беше најавен во јануари 2021 година од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, откако рече дека сака неговата земја да има градежен проект иконски и безвременски како Египетските пирамиди.

Во тоа време, принцот Мухамед рече: „Линијата е проект што е цивилизациска револуција што ги става луѓето на прво место“, тврдејќи дека сака Mirror Line да биде готова до 2030 година, иако инженерите рекоа дека може да потрае педесет години за да се изгради.

Тој понатаму рече дека проектот ќе им овозможи на милион жители да се сретнат на пет минути пешачење и да патуваат од крај до крај за дваесет минути. Исто така, наводно, ќе се напојува со обновлива енергија.

Хорор во Пробиштип – град со големина на орев го „затрупа“ цел град

Невремето кое се очекуваше да зафати во североистичниот дел од државата, во моментот е најопасно во Пробиштип.

Покрај овој град, невреме има и во Кочани и Кратово.

Од она што може да се види на социјалните мрежи, сцените кои доаѓаат од Пробиштип изгледаат навистина опасно.

Град со големина на орев паѓаше од небото, па речиси го „поклопи“ цел град.

https://fb.watch/lZ6p5D0MKf/?mibextid=Nif5oz

МОРНИЧАВО! Градот што паѓаше во Србија има облик на ЧОВЕЧКО ОКО (Фото)

Катастрофално невреме ја зафати целата територија на Чачак (Србија). Градот, со големина на јајце од кокошка, бил толку моќен што убивал птици во лет, а кога мразулците паднале на земја, жителите на погодените села биле шокирани од нивниот изглед, објавува вечерва Блиц.рс.

– Видовме мртви птици околу нас, беше морничаво. Не ги издржаа ударите од град. Кога се смири и излеговме надвор, се беше бело, но она што не остави без зборови е што мразулците се буквално во форма на човечко око. Вакво нешто досега не сме виделе – изјавиле шокирани мештани за агенцијата Рина.

Новата суперќелијска бура над Србија: Се виде град како никогаш досега, кршеше автомобили, убиваше птици

Невремето кое беше најавено за денеска веќе се спушти на Западна Србија, а според нашиот метеоролог Ѓорѓе Ѓуриќ се движи кон поширокото подрачје на Ниш.

Првите снимки и слики пристигнуваат од Чачак и Алексинац. Еден читател ни испрати и фотографија од градот од Лесковац – кој е речиси со големина на јајце.


Морничави се видеата од Зајечар.

https://www.instagram.com/reel/CvA18VkNTEs/?igshid=MmU2YjMzNjRlOQ==

И покрај апелите, многумина беа охрабрени да возат додека невремето продолжи.

https://www.instagram.com/reel/CvA4FZktdTh/?igshid=MmU2YjMzNjRlOQ==

Во овој македонски град ЛЕБ СЕ ПРОДАВА за 30 ДЕНАРИ, ПЕКАРИТЕ РАБОТАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Овој македонски град е херој, леб се продава за 30 денари, пекарите работат за граѓаните

Како што јавуваат медиумите, во пекарите во Штип и денеска има леб кој се продава по цена од 30 до 33 денари во зависност од грамажата и типот на леб.

Николче Малинов, кој е сопственик на пекара, во изјава за МИА вели дека пекарите кои вчера ја намалија цената на лебот и до пет денари работат на работ на рентабилноста,

но дека се одлучиле на овој потег бидејќи мерката е донесена од Владата и

сметаат дека во услови на криза треба да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Засега, вели, немаат проблеми со исплатата на платите на вработените и со процесот на производство. –

Ние сме да речам на границата на исплатливоста.

Пресметките ќе ги дознаеме по еден месец, кога ќе ни дојдат сметките за струја и другите сметки, вели Малинов.

Посочува дека репроматеријали за производство на леб имаат за два до три месеци,

а ќе следат и дали ќе има зголемување на берзите, од што ќе зависи цената на лебот.

Според проценките на пекарите, во Штип се продаваат од 10.000 до 15.000 парчиња леб.

МИА вчера прва објави дека нема проблем со производството и снабдувањето со леб и пецива низ штипските пекари и дека цената е намалена за пет денари.

Громови и град во сред Декември – Невреме го зафати Скопје

Нестабилна облачна маса од запад ја зафаќа Скопската Котлина и градското подрачје, информира УХМР.

Проследена е со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот. Движењето е во правец кон исток со релативно голема брзина, па се очекува нејзино поминување во наредниов час.

Во делови од Скопје падна град. Граѓаните споделуваат дека град паднало во Железара и Бутeл, а многумина констатираат дека ваквата временска состојба не е својствена за месец декември. 

Денеска ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне кога претежно во северозападните делови ќе има и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, претпладне со ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта северен ветер. Максималната температура ќе достигне 15 степени.  

Во Саудиска Арабија се гради МЕГАГРАДОТ НА ИДНИНАТА (Видео)

Импресивните снимки од дрон покажуваат дека на северозападот на Саудиска Арабија започнала најавената градба на „градот на иднината“, а се предвидува дека ќе чини еден билион долари.

Видеото го снимила саудиската компанија „Ot Sky“, а на него се гледаат почетоците на работата на мегаградот наречен „The Line“.

„The Line“ се гради во склоп на развојниот проект „Neom“, а се очекува да биде долг неверојатни 170 километри. Покрај градот, ќе се градат и многу други проекти како ски центри и резиденции за саудиската влада.

На снимката може да се видат бројни багери како копаат широк линеарен ров во пустина, а градежници на терен го следат нивниот напредок.

Во снимките се гледаат и џиновски дупки кои би можеле да значат почеток на изградба на транспортен состав кој ќе се гради под самиот град.

Овој нов транспортен состав е осмислен така што ќе го намали нарушувањето на природата и граѓаните, а се надеваат дека со користење на брзи возови жителите ќе можат да патуваат од еден до друг крај на градот за само 20 минути.

„The Line“ е официјално претставен порано оваа година и дизајниран е за сместување на девет милиони луѓе. Ќе биде висок 500 метри и ќе има „огледало фасада“, а се очекува дека ќе биде со приближно иста големина како Масачусетс.

Исто така ќе биде јаглеродно неутрален, во целост ќе работи на обновливи извори на енергија.

Плановите за изградба на мегаградот ги направил престолонаследникот Мохамед бин Салман Ал Сауд, меѓутоа, многумина се сомневале дека ќе биде изграден.

Во документот, принцот тврдел дека проектот ќе биде завршен до 2030-та година, но инженерите предупредиле дека тоа би можело да потрае и до 50 години.

Многу пати го менувала своето име – Оваа скопска населба била посебен град, а се стигнувало со воз (Фото)

За разлика од останатите скопски населби во западниот дел на градот, кои датираат по ослободувањето 1944/1945 година или по скопскиот земјотрес од 1963 година, Ѓорче Петров бил посебен град и седиште на истоимената општина.

Градот бил создаден во 1916 година, кога започнала изградбата на железничката пруга до Охрид. Тогаш, таму биле изградени живеалишта за работниците на пругата, а потоа, постепено израснала населбата. Притоа, населбата била наречена Железничка станица „Генерал Жостов“, според генералот на бугарската армија Константин Жостов, кој бил иницијатор за градење на пругата.

По Првата светска војна, населбата била преименувана во Генерал Хенри (Хенриево), според францускиот генерал. Во 1923 година била доградена пругата од Скопје со Хенриево, со што била завршена пругата Скопје-Охрид-Ташмаруништа. Со развојот на железничкиот сообраќај, набргу во населбата било формирано друштвото „Соко“, со 250 членови, кое имало секции за гимнастика, пинг-понг, музика, драма, а во летните месеци имало и пливачка секција. Во состав на друштвото постоел спортскиот клуб ХАСК, како и Друштвото на кнегињата Љубица, на чело со Радмила Миленковиќ. Ова друштво постоело до 1941година.

Во Хенриево имало седум кафеани, иако населбата имала помалку од 1.000 жители, но, во населбата немало електрична енергија и ниту една чешма. Хенриево добило струја дури во 1938 година, кога била изградена електричната централа „Св. Андреа“. Во 1941 година населбата повторно паднала под бугарска окупација, со што било вратено старото име, Генерал Жостов. Во тој период, во населбата биле изградени објекти за сместување на Германците од фирмата „Тот“ кои ја експлоатирале хромната руда од „Радуша“, со што започанала да се формира населбата Хром. Населбата била ослободена од бугарската окупација на 14 ноември 1944 година.

По ослободувањето, населбата го добила името Ѓорче Петров. Така, во информацијата испратена до Општинскиот народен одбор на селото Хенриево од 17 септември 1945 година се известувало за промената на името. Во овој период, низ населбата поминувала пинерска железничка линија, која во 1952 година била продолжена кон Матка и се поврзала со теснолинијката за Охрид. Во 1950 година започнала изградбата на пругата со нормален колосек до Охрид.

Од земјотресот наваму, железничката станица ја загубила важноста. До првата деценија од ослободувањето на Македонија, градот Ѓорче Петров не влегувал во состав на градот Скопје, за дури некаде по земјотресот, со изградбата на населбата Влае, градот Ѓорче Петров станал дел од новоникнатата општина Карпош. Истовремено, по земјотресот од 1963година, населбата се проширила значително, бидејќи биле поставени бројни бараки како помош за настраданите, и тоа: 140 бараки за Ѓорче Петров 1 и 700 бараки за Ѓорче Петров 2.

Ѓорче Петров е населба со околу 18 700 жители од кои 94,5% се Македонци, 2% Срби, 2% Роми, 1% Албанци (претежно во западниот дел односно Ѓорче Петров II или Дексион) и 0,5% останати (претежно Власи и Бошњаци). Карактеристично за населението на Ѓорче Петров е тоа што потекнува од Западна Македонија (Тетово и тетовските села, Поречието, Гостивар и гостиварските села, Прилеп и прилепските села).

Во време кога настанала населбата, поврзувањето со Скопје одело со познатиот воз кој денес се наоѓа во реонскиот парк кој населението го вика „Пампурче“. Возот инаку се обраќал од Охрид до Скопје, движејќи се со помалку од 10 километри на час, па патувањето траело дури 20 часа. Од меѓуградски сообраќај возот е исклучен во 1952, кога продолжил да се обраќа на релација Гратски Парк-Ѓорче Петров-Матка.

Скопје на листата од НАЈСКАПИ градови за ЖИВОТ во светот !

Скопје на 192. место во светот на листата на „Мерсер“ според трошоците за живот
Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) – Македонскиот главен град Скопје се наоѓа на 192-то место на листата на американската консултантска компанија „Мерсер“ на најскапи градови за живеење во светот, во конкуренција на вкупно 209 градови.

Според листата од 2020 година, Скопје бил на 202 место, што претставува скок на листата од 10 места.

Најскап град за живеење во светот, според годинешното истражување на трошоците за живот спроведено од „Мерсер“, е главниот град на Туркменистан, Ашкабад, а по него следат Хонг Конг, Бејрут, Токио и Цирих.

Годишниот извештај на „Мерсер“ рангира 209 градови во светот врз основа на споредба на трошоците за живот, што вклучува трошоци за домување, превоз, храна и забава, при што е користен го Њујорк како компаративна основа.

Што се однесува до најевтините градови, на „дното“ на листата на „Мерсер“ се наоѓаат Тбилиси, главниот град на Грузија (207 место), Лусака, Замбија (208) и главниот град на Киргистан, Бишкек (209).