Tag Archives: градење

Исчезнаа багерите од Водно, затворен и дивиот пат, сопствениците повикани на распит во полиција, ќе добијат казна

Запреа градежните активности во парк шума Водно, денеска овде беше мирно. Повлечена е градежната механизација по синоќешната инспекциска контрола.

 Сопствениците се повикани на распит во полициска станица бидејќи се работи за приватни парцели. Тие го прекршиле законот и добија казни но и наредба да го врата земјиштето во првобитната состојба.

Од општина Центар констатирале дека се работи за 4 парцели кои се надвор од ДУП и ГУП.  Градоначалникот на Центар го презентираше планот на кој јасно се гледа дека овој простор е дел од Парк шумата Водно и е надвор од урбанистичките планови. Ќе се проверува и зошто е направен дрвениот мост.  

Запрени се градежните работи и на куќите кои се градат од спротива. Денеска до нив  не можеше да се стигне.

Инспекторите по сторијата на Сител направиле проверка и на дел од околните куќи . Постапиле со рушење на една помала дивоградба. Останатите дополнително ќе ги проверуваат дали добиле документ за легализација, но Богдановиќ прецизно не одговори дали и колку одобренија за градба  се издадени во овој дел.

Сопственикот кој рамнеше земјиште во парк-шумата Водно, за да го подготви теренот за градење, ќе добие казна од општина Центар. Ова следува по увидот што го направија инспекторите од Секторот за инспекциски работи на општината.

– Се работи за четири парцели во приватна сопственост, кои се надвор и од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации не е предвидена никаква градба, ниту пак, населба. На сопственикот ќе му биде врачено решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба и ќе биде изречена казна. Сопственикот исто така е пријавен во МВР, кое ќе го повика на разговор. Доколку се утврди прекршување на законските одредби, ќе добијат соодветни кривични пријави. Граѓаните да бидат спокојни, на тоа место нема ништо да се гради – информираа од општина Центар.

Во меѓувреме, ја нема градежната механизација која работеше на локацијата покрај пешачката патека Словенска која води до Средно Водно.

КИНЕЗИТЕ се мрднати: Вака се гради десеткатница за само 28 часа! (ВИДЕО)

Кина за еден ден, односно за само 28 часа изградила10 катница, а видеото од изградбата со брзина на светлината го заобиколи светот.

Имено, деловите од секој спрат биле подготвени во фабрика, и префрлени со камион до крајната дестинација, каде што истите беа монтирани.

Кинеската компанија „Broad Group“ е позната по своите рекордни градби и од минатото, односно по изградбат на болници, хотели и канцелариски објекти.

-Сите составени делови беа префрлени со камион и беа монтирани на лице место со кранови, во период од само 28 часа и 45 минути. Апартманите веднаш биле снабдени со електрична енергија и вода за пиење, истакнал портпаролот на компанијата.