Tag Archives: гради

(Видео) Рели возач се загледал во градите на една гледачка, па излетал од патот

Се борел за победа, но потоа ја изгубил концентрацијата и излетал од патот.

Рускиот рели возач им потклекнал на ниските страсти кои го чинеле победа. Водел во трката „Петровскаја Верста“, а потоа во еден момент накратко изгубил контрола над возилото, минал директно преку кривината и заглавил во снегот.

А за грешката е виновна една гледачка, очигледно страсна навивачка на некој друг возач. Таа, имено, при минувањето на Османов ја кренала маицата, што на возачот му го одвлекло погледот и го исфрлило од такт. Му го украла вниманието доволно за да задоцни правилно да реагира, па со автомобилот заглавил во снегот.

(Видео) Англичанка ги покажа градите и доби овации на трибини во Катар

Англија отвори на спектакуларен начин, па навивачите на оваа селекција имаа причини за задоволство и славје, па и на еден чуден начин.

Овој пат во центарот на вниманието се најде навивачка на англиската репрезентација. Девојката која под маичката не носеше градник, по громогласните овации на фановите кои ја опкружија, ги воодушеви покажувајќи им ги градите. Тоа е мала радост за Британците кои поради ограничувањата во Катар не можат да го консумираат алкохол.

Антониа Гиговска „се бореше“ да ги „смири градите”(Видео)

Антониа Гиговска со сигурност прерасна во една од најдобрите  македонски пејачки која полека почнува да го освојува целiot регион. Русокосата убавица постојано  воодушевува со секоја нова изведба, но и не престанува да изненадува со својот имиџ и изглед, кој станува се’ попровокативен.

Слаткото мало девојченце од „Пинковите ѕвездички“ прерасна во згодна и атрактивна девојка, која се повеќе привлекува внимание со својот  секси изглед, иако понекогаш знае да биде  и мета на критики поради изборот на облеката, којa во последно време повеќе открива, отколку што покрива.

Така, речиси секоја нејзина нова објава на Инстаграм е тема  на полемика, зашто Антониа неретко знае да покаже „гола кожа“ повеќе од што треба? Или сепак, можеби така треба, зашто шоубизнисот не е само пеење,  туку музиката покрај со уши, се’ повеќе се восприема со очи. Дури и повеќе од што треба, па така поважно стана да има што да се се види, отколку да се слушне… Но, тоа се новите времиња, а во нив и новите естрадни девојчиња, меѓу кои во Македонија сигурно предничи Антониа!

Така беше и неодамна, кога русокосата убавица го имаше својот настап пред скопската публика, „на свое буниште“, каде е најтешко да царуваш. Затоа Антониа морала и вокално и визуелно добро да се подготви, за да се претстави во најдобро светло, односно најсветло издание. Па, за да го привлече на себе сето внимание, покрај гласовните можности, имиџот што го одбрала за таа вечер морал да биде „за плакнење очи“, особено на мажите, кои нема да ги одвојат од неа „влажните погледи“ додека сго следат нејзиниот настап.

Vistina.mk

Фото: Меган Фокс во проѕирно боди

Меган Фокс, за која многумина сметаат дека е една од најубавите и најсексапилните жени во Холивуд, неодамна беше уловена од папарацо-фотографи на снимање во Лос Анџелес.

Убавата бринета го покажа својот шарм во урбана, а сепак провокативна комбинација.

Најмногу внимание привлече она што Меган го носи под капутот, проѕирно боди со циркони кое ги открива нејзините гради.