Tag Archives: градници

Здравко Чолиќ сеуште е шармер – На концерт си доби градници (Фото)

Здравко Чолиќ по девет години синоќа повторно одржа концерт во Задар по повод Денот на жената. Во целосно распродадената најголема спортска сала, пејачот ја забавуваше публиката повеќе од три часа. Испеа 46 песни од својата богата кариера. Тоа беше неговиот најдолг концерт кој го памети публиката.

Во публиката имаше  мајки, ќерки, баби, дури три семејни генерации кои уживаа во неговите безвременски хитови. Атмосферата беше на ниво особено кога ги испеа безвременските балади како „Једна живот и Кристина“ и „Свадбарски сокак“. Многу од обожавателите и плачеа во тие моменти.

Потоа скандираа, навиваа и не му дозволија да се симне од сцената. Од првите редови од понежнот дел од публиката доби доби рози, а кога во еден момент на главата го удри градник публиката почна да се смее, па Чоиќ за момент престана да пее.