Tag Archives: градоначалник

Ѓорѓиевски: Арсовска наместо да брка вештерки, да си даде оставка (Видео)

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски вели дека длабоко се кае за политичката поддршка што тој и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и ја дале на минатите локални избори на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Тој по состанокот на градоначалниците на Скопскиот регион изјави дека по случувањата со неколку дневната криза со натрупаното ѓубре во градот посочи дека очекува одговорност од раководството на градот Скопје.

Ѓорѓиевски исто така истакна дека скопската градоначалничка попусто „брка вештерки“ наместо да го среди проблемот со Комуналната хигиена и побара нејзина оставка, кој како што вели има одговорност пред граѓаните.

„Длабоко се каам и не го кријам тоа дека сум дал политичка поддршка за госпоѓата Арсовска, на човек што го девастираше градот. Но ова што се случува сега ниту било ниту ќе биде видено во Скопје. Јас лично како човек чувствувам длабоко каење што во даден момент сум дал поддршка. Секој човек може да направи грешка, нашава е фатална, и тоа не треба да се заборави, но се надевам и верувам дека нема да се повтори“, изјави Ѓоргиевски.

Градоначалниците од Скопскиот регион бараат од Владата да се вклучи во решавањето на кризата со ѓубрето. По денешниот состанок тие ја повикаа градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да ги го реши проблемот, ако не може таа Владата да им помогне со делегирање на надлежности и со сите ресурси за да се реши проблемот. Тие бараат да се расформира Комунална хигиена и да им се предадат ингеренциите и механизацијата на скопските општини.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска по дводневаната кризна ситуација со ѓубрето низ улиците во недела доцна навечер одржа прес-конференција, на која за проблемот го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Погледнете ги овие политички стаорци кои излегоа на улиците, вчера ниту институциите не можеа да реагираат и тоа е доказ дека правната држава не функционира. Сакам да му порачам на Христијан Мицкоски дека е разобличен вечерва затоа што бескрупулозно создава проблеми за граѓаните кои сака да прикаже дека тој ги решава. Ваквите политичари се најголемо ѓубре. Ние вечерва со чистењето на улиците ќе почнеме со чистењето на ѓубрето, ќе ги чистиме и нив“, рече Арсовска – порача вчеравечер Арсовска.

Таа кажа дека проблемот со несобирањето на ѓубрето го прават мафијашки структури кои веќе неколку дена ја блокираат работата на „Комунална хигиена“ поради лични интереси.

Граѓаните на социјалните мрежи со бројни реакции:

Градоначалник во Мексико се ожени за крокодил (ВИДЕО)

Градоначалник од еден мал мексикански град се оженил со крокодил, пренесе „Би-Би-Си“. Станува збор за традиција која датира со векови во домородните заедници Чонтал и Хуаве во државата Оахака.

Бракот на седумгодишниот рептил со локалниот водач се смета дека го симболизира спојувањето на луѓето со божественото. На видеото градоначалникот го бакнува крокодилот во устата која му е врзана. Мештаните го нарекуваат и малата принцеза и за нив претставува божество порвзанно со мајката земја.

Градоначалникот на Липково бара ЕВН да им ги прости сметките за струја на жителите на Слупчане!

Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, бара на жителите од селото Слупчане да им се простат долговите за сметки за електрична енергија што се постари од 15 години, откако изминатиот период стана јасно дека таму не му се дозволува на ЕВН да работи на обновување на мрежата.

„Проблемот е што сметките за струја се стари повеќе од 15 години, кои жителите не ги платиле. Велат дека за овие долгови нема судска постапка, но во фактурите се прикажани како основен долг. Бараат да се отпишат овие долгови“, вели Арифи.

Градоначалникот на Липково за ДВ вели дека мрежата не е проблем – туку долговите на жителите на Слупчане.

„ЕВН изминатиот период вршеше санација на мрежата во повеќе села во регионот. Слупчане остана последното село каде треба да се изврши модернизација на мрежата, како и уште неколку планински села“, вели Арифи. 

Тој тврди дека жителите немаат ниту против ваквите зафати на ЕВН – напротив и тие сами бараат да се реконструира целата мрежа.

Инаку проценките велат дека само за жителите на Слупчани се краде 80 отсто од потрошената струја годишно. 

„Проблем се старите долгови од пред 15-20 години кои што ги имаат и бараат да им се поништат. Нема ниту една постапка, а долгот им стои“, објаснува Арифи. 

За колкави долгови точно станува збор, според Арифи не знаат ниту самите жители на Слупчане. Претпоставките се дека долговите толку имаат пораснато за изминативе 20-тина години.

Деловен простор, земјиште, куќи, станови, девизни сметки – Еве што се пријавил струшкиот градоначалник во ДКСК

Откако струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, беше ставен на црната листа на САД, Фактор одлучи да провери што поседува таткото на Струга, со оглед на тоа што според Стејт Департментот на САД, струшкиот градоначалник бил вмешан во голема корупција, присвојувал пари и се мешал во судски и други јавни процеси, нанесувајќи штета на демократските процеси во земјава – пишува Фактор.мк.

Освен Мерко, на црната листа на САД, од вчера, 20 јуни се и неговата сопруга Шпреса и трите нивни деца Генц, Назмије и Дренуше од 20 јуни, а добија и официјално забрана за влез во Соединетите Американски Држави. 

Градоначалникот на Бања Лука танцуваше на дождот на песна од Мајли Сајрус (Видео)

Младиот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, стана хит на Инстаграм откако го објави видеото како танцува на новата песна на Мајли Сајрус.

Вчера во Бања Лука се одржа карневал, на улиците имало многу танчари а еден меѓу нив бил и триесетгодишниот градоначалник кој станал и почнал да танцува на дождот.

– Посилни од дождот – пишува на објавата на Инстаграм на градоначалникот.

За едни разиграниот градоначалникот е „цар“, за други „ вистински циркузант“. Мислењата се поделени но воглавно младиот градоначалник доби позитивни коментари.

„Кринџ“, „Не е чудо што светот не нѐ сфаќа сериозно“, „Драшко, ти си најјак“, „Најубавиот градоначалник на Босна“, „Вистински актер“, се само дел од коментарите под неговата објава.

Максим успешно воведе БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО КУМАНОВО

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска се возеше со повеќе автобуски линии на неколку релации во општината во рамки на бесплатниот градски превоз за сите граѓани во Куманово.

„Имав можност да разговарам со ученици, работници, пензионери, студенти кои редовно ја користат оваа јавна услуга. Навистина ми е драго што мерката за бесплатен јавен превоз е позитивно прифатена од сите граѓани и претставува вистинско олеснување на семејниот буџет за многу семејства, кои отворено го искажуваа своето задоволство, со многу позитивни коментари и предлози. Разговарав и со возачите и ги слушнав нивните идеи и сугестии за подобрување на квалитетот на услугата кон граѓаните“, рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека линиите што ги користел немаат задоцнувања, а ја забележал и инспекциската контрола од Општината како активно ја следи редовноста на линиите.

Подобрување на условите за граѓаните останува главен приоритет на општина Куманово во сите сегменти!

Бесплатниот јавен превоз започна оваа година, во месец јануари.

(ВИДЕО) Адријана Алачки го проба колбасот на градоначалникот

Водителката Адријана Алачки го вкуси колбасот на градоначалникот, среде емисија, а и го донесоа нејзините гостинки.

Во емисијата „Везилка“, секоја недела во студио има гости од различки општини.

Имено, дијалогот меѓу Алачки и гостинката ја насмеа јавноста.

Не се знае за кој градоначалник станува збор, но гостинките кај неа донесоа храна која ја приготвил тој. Алачки проба од колбасот на градоначалникот и си кажа „ајде да го пробам колбасот на градоначалникот“, а пак нејзината соговорничка ја предупреди „Немој многу да не ти застане“.

Само во Македонија – Градоначалник шамарал полицаец, седеле во иста кафеана ама имале нерасчистени сметки

Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, ќе биде казнет ако му удирал шамари на полицаецот вработен во ПС Крива Паланка, Кристофер Стоевски.

Во однос на случајот во Крива Паланка, врз основа на своите надлежности, непристрасно, МВР постапува. И ќе бидат изречени санкции, без притоа да се гледа дали учесник во тој настан е на одредена позиција или не е на одредена позиција. Во однос на одговорност, градоначалниците се избрани од граѓаните и тие имаат одговорност пред граѓаните во рамки на својот мандат. Сите институции кои се дел од системот, во делот на санкционирање и во делот на оценка на ваков начин, треба непристрасно да одлучуваат“, кажа премиерот Ковачевски.

Полицаецот Стоевски излезе со јавно тврдење дека бил шамаран од градоначалникот, а откако седеле во иста кафеана. На ова, градоначалникот Митовски излезе со контра тврдење дека со полицаецот имале претходно нерасчистени сметки.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од градоначалникот.

Градоначалникот на Арачиново се пожали дека НЕМААТ ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговори на обвинувањата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека во Арачиново има криминални групи со кои полицијата соработува.

-Надлежностите на локалната самоуправа се ограничени. Ние како локална власт немаме ингеренции, немаме ниту полициска станица, туку го имаме само регионалниот центар Гази Баба. Полицискиот командир ги нема овие податоци. Конечно, секоја општина има свои проблеми, во секоја општина има такви групи. Но, сепак ние сме заинтересирани да нема такви групи во нашата општина, ниту во другите општини, рече Ибрахими.

Тој уверува дека екипите на ЕВН нормално си ја продолжуваат работата и дека немаат никакви проблеми и закани од граѓаните на оваа општина.

Според него, енормното зголемување на потрошувачката на струја од оваа општина се должи на функционирањето на пумпите за вода.

-Екипите на ЕВН нормално продолжуваат со работа. Надминати се проблемите што ги имавме. Во однос на управувањето со електричната енергија и заштедата, во нашата општина, поради енормното зголемување на потрошувачката на електрична енергија, тоа е затоа што Арачиново почна да се снабдува со вода, откако пред една година немаше ниту една капка вода, изјави Ибрахими.

“Од голтари до милионери“ – Богоев станува хотелиер, десет дена пред локалните избори неговата мајка купува имот од 7.500 м2 до Беровско езеро

Тука зад мене е уште еден пример од СДС и едицијата „голтари влезени во политиката, а сега милионери“. Честитки за Стефан Богоев! На функција во СДС, во Берово под СДС, по криминогени и рекетарски скандали неказнет во Карпош од СДС, на брегот на Беровското езеро, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Ова зад мене од лани е имот на Стефан Богоев, екс градоначалникот на Карпош од СДС. Најнеуспешниот во Карпош, градоначалник полн со скандали, а сега ќе стане и хотелиер.

Имот од 7,5 илјади м2 , до езеро, купен лани, на 7ми октомври. 10 дена пред локалните избори. На име на мајката на Стефан Богоев, со намена за хотелски комплекс.

Постапката е почната, фирмата е регистрирана, Стефан Богоев ќе стане хотелиер, тукушто излезе од градоначалничка функција.

Ова почитувани е типичен пример за СДС, за криминалот, за корупцијата и неказнивоста.

Богоев, прв потписник на договор на Меѓународен Сојуз, милионски рекетарски случај. Богоев, којшто не мрдна по пресовите за дивоградби во Карпош. Богоев, којшто не мрдна за коруптивниот скандал на Весовски за реконструкција без договор на водоводна мрежа.

Најнов хотелиер од СДС, уште еден неказнет за скандали и корупции, голтар па милионер!