Tag Archives: грк

Таравари: Мислам дека Александар Македонски не бил Македонец, ниту Грк, ниту Албанец…

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во емисијата „Само Интервју“ кажа дека Бугарите претеруваат со одредени барања.

„Мислам дека чепкаат во достоинството на македонскиот народ и тоа не е коректно. Некои работи треба да останат во историјата. Мислам дека Александар Македонски не бил ниту Грк, ниту Албанец, ниту Македонец. Бил нешто што сега не постои“, вели Таравари.

Се претерува со барањата такво нешто да биде услов за почеток на преговори со ЕУ.

„Уште постојат луѓе!“: Гестот на овој Грк ја воодушеви јавноста

Гестот на еден грчки угостител од туристичкото место Неа Макри за брзо време се прошири на социјалните мрежи, а луѓето коментираат дека ова им ја враќа надежта во човештвото. Откако за време на пандемијата забележал дека сè повеќе негови сограѓани бараат храна во контејнерите, одлучил да помогне.

На луѓето што бараат храна во кантите за ѓубре: вие сте луѓе и заслужувате многу повеќе. Ве молам, влезете во ресторанот во текот на работното време и послужете се со порција суфлаки и вода. Нема да поставуваме никакви прашања, порача тој.