Tag Archives: гром

Арсовска го именува за заменик градоначалник Александар Трајановски од ГРОМ

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски – напиша Арсовска.

Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.

Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација.

Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ – АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот.

Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики Мајка Тереза поддржан од Европската Унија.

Неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје – напиша градоначалничката на Град Скопје.

Имено Трајановски доаѓа од партијата на Стевче Јакимовски ГРОМ.

Гром удрил во авион, патниците пееле: „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“

Во авионот во кој гром удрил за време на летот од Дубровник за Загреб во четвртокот вечерта била и екипа на ТВ Дневник Нова. Домаќините на Дневник го опишаа своето искуство.
Меѓу патниците во авионот на „Кроација ерлајнс“ кој го удри гром е и екипажот на ТВ „Дневник Нова“.

Водителот на Дневник Нова ТВ Саша Копљар го опиша своето, како што вели, необично искуство.

„Сум летал многу пати, ова никогаш не ми се случило. Го доживеав ова за прв пат и преживеав. Се шегувавме во авионот – одеднаш дојде до турбуленции и силен тресок“, изјави Копљар за Дневник.хр.

Тој вели дека не ја видел силната светлина, иако другите го виделе.

„Стјуардот не смири, а ние пеевме „никој ништо не ни може, ние сме посилни од судбината“, низ смеа се сеќава Копљар.

Беше спектакуларно, вели водителот на ТВ Дневник Нова, Петар Пережа.

„Беше спектакуларно, но не и драматично. Знаевме дека такви работи се случуваат бидејќи известувавме за нив во нашите емисии. Знаевме и дека ваквата природна појава нема никакви последици за патниците, можеби и за техничка исправност, но многу ретко. Летавме како ништо да не се случило. Немаше врисоци, иако малку се плашевме од силниот удар, кој беше како посилна петарда“, рече тој.
„Имаше бебе кое воопшто не се разбуди кога удри гром. Екипата на Дневник сето тоа го претвори во смеа, а ние не престанавме да се смееме до Загреб“, се присетува Пережа.

Тој рече дека авионот бил прегледан по слетувањето и продолжил нормално да лета за Франкфурт.

„Немам никакви нуспојави, само блеснав малку во темница синоќа“, се смее Пережа.

Вознемирувачко видео: Младоженец го уби гром, сватовите го носеа на раце

Младоженец загина од гром на сопствената свадба за време во провинцијата Јунан во Кина.  Руан починал на лице место додека се фотографирал со својата избраничка на популарното место за свадби Jade Dragon Snow Mountain.

Пред самата свадбена церемонија, невестата и младоженецот биле на фотографирање на Спреус Медоу, познат по прекрасниот поглед на планинските врвови, кои и сред лето се покриени со снег. Времето било тмурно и врнеше, но не се очекувало невреме.

30 минути пред инцидентот, метеоролозите издале предупредување за областа дека за еден час ќе пристигне грмотевици, па младенците побрзале да се фотографираат пред да почне невремето.

Фотографите ја изнесле двојката на ливадата ги наместиле да се фотографираат, кога одеднаш почнало да свети, а една од искрите директно го погодила младоженецот. Несреќниот млад човек паднал на земја, додека присутните меѓу кои и невестата почнале панично да викаат и да повикуваат помош.

25-годишно момче од тетовско загина од УДАР НА ГРОМ !

Гром усмрти 25-годишно момче од тетовско Долно Палчиште, пренесува порталот А1он.

Несреќата се случила вчера попладне, додека момчето напасувал стадо овци. Неговото безживотно тело било пронајдено од друг сточар, во близина на негово бачило. 

Настанот за порталот го потврдиле и од СВР Тетово, од каде велат дека е пронајдено безживотното тело на 25-годишното момче и, по наредба на јавен обвинител, е предадено на семејството. 

Четворица повредени од удар од ГРОМ во Градиште, 13 лица пријавиле повреди или трауми

Најмалку 13 лица пријавиле повреди или трауми предизвикани од удар на гром во невремето што попладне околу 15 часот го зафати Охридскиот регион.

Според информациите, громот удрил на локалитетот „Оревче“ во близна на плажата кај автокампот Градиште на Охридското Езеро.

Станува збор за лица од повеќе градови од државата, од кои четири се здобиле со изгореници на екстремитетите, додека другите воглавно биле без видливи повреди, но се пожалиле на тегоби од претрпениот стрес, како проблеми со слухот, дишењето…

Интервенирала службата за Итна медицинска помош и повредените се  медицински згрижени во здравствените домови во градот.

Слично невреме во Охридскиот регион имаше пред неколку дена, проследено со краткотрајни, но интензивни врнежи од дожд, наместа град и чести електрични празнења