Tag Archives: груевски

Голи пиштоли: ”За пиштолите, куршумите, секретарките и “Среќна нова 49та”

“Голи пиштоли”

За пиштолите, куршумите, секретарките и “Среќна нова 49та”.

Дека една од целите на вчерашниот упад и хајка на репресивните органи на власта во моето живеалиште во Скопје била и дефокусирање на јавноста, се десетиците натписи со лажни вести на порталите блиски до власта, претпоставувам пласирани од толпата луѓе кои во сред пандемија вчера од рано утрото го вознемирувале моето семејство и харале по мојот дом во Скопје, или пак од нивните претпоставени. Ова е трето по ред од моето заминување од Македонија. Тука не ги сметам периодичните, на неколку месеци доаѓања на полицаец во униформира само за да праша дали сум дома.

Последен пат пред околу три-четири месеци. Најновата лажна вест е дека пронашле оружје без дозвола.Тоа е неточно. Моите четири пиштоли се со дозвола издадена од МВР и на местото каде можеле да ги пронајдат беше и дозволата за нив. Таа дозвола беше важечка во моментот кога заминав од Македонија со цел да побарам политички азил заради политичкиот прогон на власта. Подоцна, по моето заминување можеби рокот на дозволата истекол, но јас не сум во Македонија и не сум во можност да барам продолжување на рокот на дозволата за оружјето. Оружјето заедно со дозволата и муницијата со документи за набавка на истата, пред се за случајно да не дојдат во раце на децата, беа сместени во мал заклучен сеф, користен само за тоа, така што никој друг неможеше да има пристап до истото. Десетици други наслови со лажни вести во режимските медиуми само ми потврдија дека политичкиот прогон и хајката кон мене не само што не запреле туку добиле на интензитет. “Пронајдени нови три стана на Груевски”, “Груевски имал шест стана” , “откриен стан во Аеродром”, “Едниот стан бил на секретарка на Груевски” и ред други наслови се дел од обидот за медиумски линч преку пласирање лажни вести во медиуми кои вообичаено пласираат лажни вести за мене, кои веќе престанав и да ги коментирам и демантирам – пишува екс премиерот Никола Груевски на Фејсбук.

“Голи пиштоли” За пиштолите, куршумите, секретарките и “Среќна нова 49та” Дека една од целите на вчерашниот упад и…

Posted by Nikola Gruevski on Wednesday, March 24, 2021