Tag Archives: хирург

Почина млад хирург од Штип

Вчера на 35 годишна возраст по кратко боледување почина доктор Симон Василев. Тој беше роден 1986 година во Штип.

Доктор Василев дипломираше на Медицинскиот факултет во Стара Загора, Бугарија, а работеше како општ хирург во Клиничка болница Штип. Моментално тој ги посетуваше специјалистичките студии во Македонија, за стекнување титула доктор специјалист.

Доктор Симон Василев беше ценет и почитуван другар, пријател, роднина, подготвен секогаш и на секого да помогне во најразлични ситуации.

Градот Штип и лекарската фела изгуби исклучително значајна личност во својата професија и ги задолжи своите колеги да продолжат по неговиот професионален пат. Неговиот лик и неговото дело засекогаш ќе бидат запаметени од неговите сограѓани и нека му е светол патот и царството небесно. 

Извор

Хирург од опepaциона caла приcуcтвувал на cопcтвеното cудење

Во текот на пандемијата и со работата на далечина од дома или онлајн, конференции се случуваа секојдневно, ама и необични ситуации.

На списокот на тие необични ситуации е случај во Сакраменто, откако хирург во текот на операција, се вклучил онлајн судење пред Вишиот суд.

Пластичниот хирург се појавил на судење за сообраќаен прекршок онлајн директно од операциска сала. Во позадина се слушале и медицинските апарати, а Скот Грин се појавил во виртуелна судница пред судијата во Сакраменто, подготвен да почне интервенција.

„Добар ден господине Грин, дали сте подготвени за судење?“, прашал судискиот службеник. „Изгледа дека сте во операциска сала“.

„Да, господине. Моментално сум во операциска сала. Достапен сум за судење, само напред“, одоговорил обвинетиот.

Поради тоа што овие судења се јавни и можат директно да се видат, ова ги зачуди многумина.

Грин во ниту еден момент не се збунил, и со спуштена глава ја продолжил работата, а судијата не бил воодушен од глетката.

„Ако не се лажам, вие сте ангажиран да пружате услуга на пациент. Дали е тоа точно?“, прашал судијата.

„Не, се чувствувам комотно и се грижам за доброто на пациентот. Во тек е оперативен зафат“, рекол судијата.

Грин го уверил судијата дека се е во ред, и покрај него е уште еден хирург кој е подготвен да превземе додека тој дава изјави. И покрај тоа што судијата инстирал дека не можат да продолжат, понудил друг датум за претрес.

Докторот се извинил, и врската се прекинала.