Tag Archives: Хитлер

Бугарин тврди дека Хитлер и бугарската војска биле ослободители на Македонија (Видео)

Владимир Перев, Бугаринот кој на отварањето на нацистичкиот клуб во Охрид на прашањето на Инфомакс дали го поддржуваат нацизмот на Хитлер, одговори дека тој бил фин човек и дека е подобро секој ден “Хајл Хитлер” отколку еден ден под руска чизма, повторно „брилираше“ пред камерата на Инфомакс.

Перев повторно со пофални зборови за Адолф Хитлер посочи дека тој бил ослободител на Бугарите во Македонија. Погледнете со кои луѓе преговара Македонија.

Погледнете го видеото:

(ВИДЕО) ФРЧАТ НАВРЕДИ ВО ГРАД СКОПЈЕ – Хитлер, ситен лопов, крадец, тиранин, деспот… АРСОВСКА СЕДИ ВО МАГАРЕШКА КЛУПА..!!!

Нови тензии, навреди и препукувања на релација претседател на Советот на град Скопје, Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска на денешната 19-та седница на Советот на град Скопје.

Откако Славески кажа дека не може никој да збори од говорница, туку од место или од микрофонот до него, бидејќи сè уште не му е вратено копчето за вклучување/исклучување на микрофонот, од говорницата беше тргнат микрофонот. Арсовска си стави подвижен микрофон, а пред да ѝ даде збор Славески, тој ѝ рече на Арсовска дека уште еднаш ја предупредува дека не може да зборува од говорницата и да дојде напред наместо да седи во магарешка клупа на крајот од салата, пишува СДК.мк.

По ова Арсовска стана и се доближи во говорницата во градското Собрание. Арсовска со поставен подвижен микрофон отиде на говорницата и му рече на Славески дека е Хитлер и крадец.

Господине Хитлер не ви доликува ова што го правите. Вие го кршите деловникот и сте крадец. Немате никаков интегритет, рече Арсовска.

Вашиот капацитет е еднаков на нула, каков што е вашиот интегритет. Имаме право на кој начин ќе се изјасниме. Вие сте тука деспот и тиранин, се изживувате. Јас имам право да одговарам на прашањата. Немате право да одземате збор на градоначалникот. Не се ова опструкции. Единствено недолично однесување во оваа сала го имате вие. Немате грам интегритет. Жално е што си ја завршивте кариерата како деспот. Директно штетите на градот со вашето однесување, рече градоначалничката.

Славески после тоа ја прекина денешната 19-та седница на Градот.

-Заради недолично однесување и навреди кон претседателот на Советот на град Скопје ѝ одзедов збор на градоначалничката Арсовска, изјави Славески.

Градоначалничкат на тоа додаде: „Ова е мојот дом, мојата куќа и не можете да ми го земете зборот“.

Славески јавно го повика Инспекторатот за локална самоуправа да интервенира во Град Скопје заради попречување на работата на Советот и одземање на ингеренциите на претседателот на Советот.

Тој потсети дека претседател на Совет треба да дава збор по редослед на пријавување и доколку некој од дискутантите не се придржува на точката на дневен ред по три опомени, да одзема збор.

Јас немам начин за одземање на збор освен нели да исклучувам микрофони на советниците. Тоа што нели е постапено по она што беше барање и доставено и писмено, овој момент јавно го повикувам инспекторатот за локална самоуправа да интервенира во Град Скопје, ќе побарам и писмено заради попречување на работата на Советот и одземање на ингеренциите на претседателот на Совет. Замолувам и давам пауза од половина час да се врати опремата со која што Советот одржа 18 седници, повика Славески.

„Не“ за бугарскиот Хитлер: Левица и ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на улица!

Протест против отворање на фашистичкиот клуб „Цар Борис Трети“.

датум: 7-ми октомври (петок);
време: 11:30 часот;
место: ул. „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид.

Да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува протестот што утре е планиран во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб именуван „Цар Борис Трети“. Повика масовно да се излезе на протест, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти за, како што рече, „да не им се даде алиби на тие коишто се причината денес Македонија да биде во оваа ситуација“.

-Протестот е демократско право и треба да се протестира, но повикувам тој да биде мирен за да не дозволиме повторно да печалат на ваквите настани оние кои ја втурнаа Македонија во оваа ситуација, тоа е коалицијата СДСМ и ДУИ. Повикувам масовно граѓаните да излезат и да го поддржат протестот, но истовремено апелирам тој протест да биде мирен и демократски и да не дозволиме каков било инцидент да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми, а тоа се инфлацијата, криминалот, корупцијата, енергетската, финансиската криза и уште многу други проблеми со кои Македонија денес се соочува, изјави Мицкоски по поставување камен-темелник за изградба на градинка во општина Бутел.