Tag Archives: Холивуд

Стареење во Холивуд, стареење на Балканот (Фото)

Бред Пит сè уште е „тема на денот“ на социјалните мрежи, овој пат поради споредбата со српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ!

Откако Бред Пит се појави на финалето на Вимблдон за да го следи мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, целиот свет зборува за неговиот изглед во 59-тата година од животот. Реагираа дури и пластичните хирурзи кои се обидуваа да одгатнат какви корекции ма правено и која е тајната за неговиот младолик изглед. 

Меѓутоа, на Балканот не му требаше долго време за да се пошегува споредувајќи го младоликиот изглед на холивудскиот убавец со изгледот на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, кој исто така има 59 години.

На социјалните мрежи се споделува колаж од две фотографии со српскиот и холивудскиот актер со напис: „60 години на Балканот и во Холивуд“. Изгледа, оваа шега му се допаднала и на Бјелогрлиќ, па на својот профил на Инстаграм ја споделил истата со натпис: „Гледам дека ова е хит“.

Волшебна приказна: ОСВОИЛ 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ! – СЕГА НЕ ЗНАЕ ШТО СО ПАРИТЕ!

Едвин Кастро (30) важел за надежен спортист, играл бејзбол и фудбал за своето средно училиште и верувал дека ќе добие стипендија и ќе направи успешна спортска кариера. Сепак, не одело сè како што планирал.

По средното училиште не добил стипендија, па се запишал на архитектура и почнал да работи за да го издржува семејството. Не успеал да стане успешен спортист, но сега сигурно не жали.

Среќата конечно му се насмевнала и животот целосно му се променил. На почетокот на ноември минатата година купил лото тикет и станал среќниот добитник на дури две милијарди долари на „Powerball“, што е најголемата добивка во историјата на лото игрите во Соединетите Американски Држави.

Edwin Castro splurged on the Hollywood Hills mansion less than 30 days after his record-setting $2.04 billion lottery win was first announced on Valentine’s Day, https://t.co/EGIiEE6KOQ

— FOX 11 Los Angeles (@FOXLA) March 8, 2023

Побарал да му биде исплатен паушал од 997.600.000 долари по оданочувањето и веднаш пазарил величествената вила од 25,5 милиони долари во Холивуд хилс.

Од црвениот тепих на Холивуд решил да се пресели во село: Сега сум земјоделец и не ми недостига ништо од тој лажен свет!

Познатиот холивудски актер Адријан Грениер во интервју за списанието „Остин лајф“ проговоре за неговата преселба од Лос Анџелес во Тексас и што било причина за да го напушти холивудскиот живот.

44-годишниот актер, најпознат по улогата на Винсент Чејс во хит-шоуто „Entourage“ на „HBO“, изјави дека првпат купил имот во Остин пред пет години и веднаш му се допаднала културата.

„Имав пријатели овде, водев бизнис тука и ми се допаѓаше темпото“, рече Грениер. „Луѓето се паметни и успешни, но тие не го истакнуваат тоа. Нема што да се докаже, луѓето ве прифаќаат и едноставно веднаш се чувствувате добро“, додаде тој.

Откако со години живеел во Лос Анџелес и бил вклучен во активизам за животната средина, Грениер вели дека се чувствувал одделен од работите за кои се залагал.

„Во последните 20 години се занимавав со еколошка работа. Отворив непрофитни организации, сите дизајнирани со цел да им кажам на луѓето да живеат повеќе во согласност со природата – а сепак, јас не живеев на тој начин“, истакна тој.

На крајот, Грениер се посветил на својот живот, велејќи дека „мора да се справи со некои лични работи“ што претходно ги избегнувал. Тој и неговата девојка, студент по акупунктура по име Џордан Ромеле, купиле куќа надвор од Остин.

И покрај заминувањето на село, актерот вели дека не се кае што живеел во големите градови.

„Не ми недостига ништо за тој свет. Ако се уклучите на Инстаграм, ќе го видите тој страв да не се пропушти нешто, но сите само се преправаат дека го живеат својот најдобар живот“, вели тој.

Од последната сезона на „Entourage“ во 2011 година, Грениер се појави во различни проекти, вклучувајќи го филмот „Trash Fire“ од 2016 година и филмот „Marauders“ од 2016 година. Актерот и активист беше именуван за амбасадор на добрата волја на Обединетите нации за време на Светскиот ден на животната средина во 2017 година.