Tag Archives: холокауст

Бугаринот Стојанов му се закани на Пендаровски: Наскоро ќе одговараш за твојот неонацизам!

Виктор Стојанов, докажаниот македономрзец и шовинист, воедно и претседател на бугарска фондација која редовно мешетари низ Македонија, денеска практично му се закани на Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

– Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, ја ослободи нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, префрлајќи ја вината на Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе дознае! – напиша Стојанов на Фејсбук.

Пендаровски денеска истакна дека: „Никаде во Европа, морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија. И во хебрејскиот и во македонскиот јазик изворното значење на зборот правда, упатува на она што одговара на вистината. Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“.

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи со ПОВОРКА НА ЖИВИТЕ (Фото)

Под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе” денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот.

Одбележувањето ќе почне со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел- Северна Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава.

Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот.

Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ.

Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето .на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе”.

Четирите гасни комори во Аушвиц им го одземаа животот на околу 20.000 луѓе на ден, најмалку 1,1 милиони луѓе !

Денес се одбележува Меѓународниот ден на комеморацијата во чест на жртвите на холокаустот од Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).

Со одлука на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации, која датира од 2005 година, 27 јануари е прогласен за Меѓународен ден на комеморација на жртвите на нацистичкиот геноцид, а претставува и заложба за борба против омразата и антисемитизмот во светот.

Во текот на Втората светска војна, период познат по обидот на нацистите за истребување на Евреите, беа убиени шест милиони луѓе, а логорот Аушвиц во Полска стана главна дестинација на која посетителите преку изложените лични предмети можат да се запознаат со условите во кои беа убиени повеќе од еден милион Евреи во гасните комори.

Б. Фишман/Sputnik

Ослободувањето на логорите на смртта се случи на 27 јануари, 1945 година

Иако многумина не го преживеа логорот „Аушвиц“ за да ја раскажат приказната за страдањето, малиот број преживеани секоја година на 27 јануари одат во кампот на тортурата во чест на оние што загинаа.

„Аушвиц“ се наоѓа на периферијата на полскиот град Освјенќим, кој нацистите го анексираа за време на Втората светска војна.

Во почетокот беше германски концентрационен логор со околу 700 полски затвореници, но наскоро се прошири во голем комплекс со повеќе од 40 кампови и подкампови. Четирите гасни комори во Аушвиц-Биркенау им го одземаа животот на околу 20.000 луѓе на ден.ѕ

Б. Фишман/Sputnik

Командантот на логорот, Рудолф Хес, сведочел на Нирнбершкиот процес дека три милиони луѓе умреле во логорите во времето кога тој бил командант (4 мај 1940 до ноември 1943). Подоцна ја намалил оваа проценка на околу 1,1 милион, во рок од пет години постоење и оваа проценка денес е општо прифатена.

Помеѓу 18 и 27 јануари 1945, поради наближувањето на советските трупи, Ес Ес евакуирал околу 60.000 затвореници од Аушвиц во други концентрациони логори. Црвената армија под команда на маршал Конев го ослободила логорот на 27 јануари 1945 г, и затекнале околу 7.000 затвореници.

Б. Фишман/Sputnik

Холокаустот – Трагедија која не смее да се заборави: Од фашистите депортирани 7.144 евреи од Македонија

Објава на денот:

27 јануари е Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на холокаустот. Фашистичка Бугарија во Треблинка депортирала 7.144 Евреи од Македонија односно 98% од вкупното еврејско население на оваа територија кои никогаш не се вратиле назад. Ова не смее да се заборави или негира – пишува граѓанин на Твитер.

Имено со одлука на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации, која датира од 2005 година, 27 јануари е прогласен за Меѓународен ден на комеморација на жртвите на нацистичкиот геноцид.

Ослободувањето на логорите на смртта се случи на 27 јануари, 1945 година.