Tag Archives: хорор

ХОРОР ВО БОСНА: Син ја силувал 77-годишната мајка !!!

Во Купрес, Босна и Херцеговина, уапсен е син под сомнение дека ја силувал мајка си. М.К.(53) од Купрес е осомничен дека ја силувал својата мајка (77).

Во полиција било пријавено дека синот ја силувал мајката, а според неофицијални информации, сето тоа се случило во вторникот, на 25 април.

Според првичните информации, тој бил под дејство на алкохол.

Полицијата на кантонот Ливања соопшти дека е против М.К. е поднесена пријава до надлежното Кантонско обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело „силување“. Тие рекоа дека освен тоа, тој се товари и за недозволено поседување оружје или експлозивни материјали.

„На 25 април во полицијата во Купрес е пријавено дека М.К.(53) со употреба на физичка сила се обидел да силува лице родено 1946 година во неговата куќа. Пронајдена е количина оружје“ – наведуваат од полицијата.

Полицијата кај пријавениот запленила 14 рачни бомби, две автоматски пушки, една полуавтоматска пушка и еден пиштол. Одземени му се и 1.071 парче муниција.

Ја викнал на роденден другарката со која се дружел, ја нападнал со боксови, па ја силувал, а потоа ја запалил нејзината облека

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 19 декември, со употреба на сила и сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и врз животот и телото на нејзините родители, ја присилил на обљуба оштетената со која другарувале и се познавале повеќе години наназад. Тие се договориле да се сретнат, бидејќи на осомничениот му бил роденден. Тој ја зел оштетената со автомобилот и ја однел кај тениското игралиште лоцирано кај поранешната касарна во Гевгелија, каде почнал да и зборува дека ја сака. Кога оштетената го одбила, станал агресивен, ја фатил со двете раце за вратот и започнал да ја дави од што оштетената изгубила свест. Кога се освестила, со возилото биле стигнати пред местото викано „Динќот“, па бидејќи осомничениот возел побавно, оштетената ја отворила вратата и побегнала надвор од возилото и почнала да бара помош.

Во близина немало никој, па осомничениот го запрел возилото, излегол надвор и кога ја стигнал почнал со боксови да ја удира по лицето во пределот на главата и очите. Од ударите оштетената повторно паднала во бессознание, по што осомничениот ја ставил во возилото и ја однел во викендица во селото Конско, сопственост на неговото семејство.

Бидејќи пружала отпор, почнал да и се заканува дека нема да излезе жива од таму, дека ако каже на некој ќе ги убие нејзините родители и нејзините другарки, а заканите ги изрекувал држејќи секира до него. Потоа извршил обљуба врз неа неколку пати, па ја запалил нејзината облека и телефон за да ги прикрие трагите. Ја натерал да му вети дека нема да го пријави, по што и дал друга облека од викендицата и ја оставил пред куќата во која живее.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори или ќе го доврши кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството е прифатен и на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена.​

(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана пред болница!

Бремена жена на возраст од околу 35 години, која дошла на Клиниката за гинекологија во Приштина за да се породи, попладнето била убиена со неколку истрели од огнено оружје пред влезот во клиниката, јавуваат локалните медиуми.

Според полицијата, околу 18.00 часот пристигнала пријава дека во дворот на Универзитетскиот клинички центар на Косово е пронајдено тело на жена. Според информациите кои ги објавија медиумите, убиецот e сопругот на застреланата жена, со која биле во процес за развод на бракот.

„Во моментов полицијата во координација со државниот обвинител започна истрага и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, со цел целосно расветлување на настанот“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Засега нема информации за уапсени осомничени за страотното злосторство.

Реагираа косовските политичари. Премиерот Албин Курти изјави дека ова е „сурово, неприфатливо и неподносливо“ убиство.

„Згасна живот кој носеше уште еден живот. Жената беше бремена. Околу 35 години, ниту на половина живот. А детето кое сакаше да го роди не го ни започна животот. Суров убиец”, напиша Курти во објава на Фејсбук.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека мора да се стави крај на „бранот на криминалот“ и „фемицидот“, барајќи правда за жртвите на насилство.

„Одговорот за насилниците и убијците е ред, закон и максимална казна“, порача Османи.

Ова е втора жена која е убиена во последните денови на Косово, откако на 25 ноември беше објавено дека маж си ја убил сопругата со секира, исто така во Приштина.

Хорор во училиште во Врање – Ученици биле тепани, врзувани и ги терале да шетаат голи низ училница

Невиден случај на насилство меѓу ученици се случил во училиште во Врање, дознава „Новости“.

Од обвинителството во Врање за „Новости“ потврдија дека возрасен ученик од околината на Бујановац се товари за кривично дело злоупотреба и тортура, додека малолетник е обвинет за насилничко однесување.

Насилниците потоа ги принудувале малолетните ученици да се соблекуваат и да шетаат голи низ училницата и сето тоа го снимиле со своите мобилни телефони.

Според сознанијата на порталот, случајот кај надлежните органи бил пријавен во вторник на 10-ти ноември, а за се е известен и Центарот за социјална работа.

Случајот се случил во училницата, кога најпрвин малолетниот ученик удрил малолетник и го принудил да удри со главата во училишната клупа, додека на друг ученик му стегнал јаже околу вратот, додека друг возрасен ученик го удрил во пределот на главата.