Tag Archives: христијани

Ја потпалија црквата од сите страни, а христијаните изгореа во пламенот воспевајќи ја славата на Бога-Светите 20 илјади никомидиски маченици

Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул, христијанската вера во Никомидија цутеше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот, бавејќи се со тој град, дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди на денот на празникот црквата да се опколи со војска и да биде запалена.

Откако се собраа христијаните по полноќ и откако торжествено го започнаа својот Божествен празник, војниците ја опкружија црквата не пуштајќи никого надвор, а царски пратеник влезе во црквата и им ја објави царската заповед: или веднаш да им принесат жртва на идолите или да бидат изгорени сите.

Тогаш со божествена ревност се распали архиѓаконот и почна да го потсетува христијанското собрание на тројцата младенци во печката Вавилонска. „Погледнете, браќа, кон жртвеникот на Господовиот олтар и разберете дека на него сега за нас се жртвуваше нашиот Господ Кој е вистински Бог; зарем ние да не ги положиме за Него нашите души на ова свето место?“ Народот ревнуваше да умре за Христа, а сите огласени се крстија и се миропомазаа.

Тогаш војниците ја потпалија црквата од сите страни, а христијаните, на број дваесет илјади, изгореа во пламенот воспевајќи ја славата на Бога. Пет дена по ова, црквата гореше, а од неа се креваше чад со неопислив опоен мирис и на она место се покажуваше необична златозарна светлина. Така славно завршија многубројни мажи и жени, девојки и деца, примија венец на вечна слава во Царството Господово. Пострадаа и се прославија во 302 година.

Апасиев до МПЦ: Ќе бекнете ли за вештачкото спуштање на православните под еден милион?

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук се огласи по однос на резултатите од пописот истакнувајќи го вештачкото намалување на православното население во Македонија под еден милион жители.

Тој запраша дали МПЦ планира да се огласи по однос на овој проблем или со корупција се замолчени.

-А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови “христијани”, со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!?

Или, со зградуријата кај “Холидеј Ин” им го затнаа устичето. Дедо Стефане, се слушаме?

#ТешкоВамФарисеи

#ПородиЗмиини, пишува на Фејсбук Апасиев.