Tag Archives: Хрвати

Во Дубровник претепан сезонски работник од Македонија од петмина Хрвати

Петмина млади мамчиња од Дубровник се обвинети дека со дрско однесување на јавно место ставиле четворица мажи во понижувачка положба преку насилство, злоупотреба и напад.

Поради основано сомнение дека сториле кривично дело насилничко однесување врз четворица мажи, еден Хрват, двајца државјани на БиХ и еден државјанин на Северна Македонија, истражниот судија на Кантонскиот суд во Дубровник им одреди едномесечен притвор.

Како што соопшти судот во Дубровник, притворот е одреден со оглед на начинот и околностите на извршување на кривичното дело насилничко однесување, бидејќи при физичкиот напад врз сезонските работници покажале крајна агресивност, несовесност и бруталност, како и поради опасност од повторување на кривичното дело.

Притворот е одреден за 22 годишно момче од Водоваѓа, двајца од селото Груде како и двајца со по 18 години од Дубровник.

Полицијата веќе извести дека четворица сезонски работници од синџирот хотели „Валамар Ривиера“ биле брутално претепани по ноќно излегување и вербален конфликт во Пила.

Наводно било околу 5 часот пред ноќниот бар „Еликс“, кога сезонските работници за да избегнат понатамошен конфликт со такси го напуштиле местото и отишле во нивниот сместувачки објект во месноста Бабин кук.

Но, група осомничени ги следела и откако работниците се симнале, физички ги нападнале и на тројцата им нанеле полесни физички повреди.

Валидна истрага во Истражниот центар на Жупанискиот суд во Дубровник утврдила дека петмината насилници ангажирале такси за да го следат другото такси во кое биле сезонските работници.

Врз основа на снимките од надзорните камери, било утврдено дека ги мавале со тупаница во пределот на главата и задниот дел од главата, шрво со раце, а откако паднале на подот ги мавале и со нозе.

Додека физички се изживувале, осомничените ги навредувале на национална основа, со што според судот кај жртвите се создавало чувство на страв, понижување и нарушено достоинство.

Младите насилници се уапсени и предадени на надзорникот на дубровничко-неретванската полициска управа, по што се изведени пред дежурен истражен судија, кој им одредил мерка притвор, пишува Слободна Далмација.

Млад пожарникар ги стопли срцата на Хрватите (Фото)

Хрватска деновиве е погодена од големи поплави предизвикани од силните врнежи од дожд. Во поплавените подрачја се видени многу примери на херојство на спасувачите, а „Јутарњи лист“ објави фотографии на кои се гледа како пожарникар кој спасува срна од давење во длабоката вода.

Младиот пожарникар од Карловац ја спасил срната од давење, храбро ја зел во раце и со неа тргнал на безбедно. Несреќното животно воопшто не се исплашило, а коментаторите на социјалните мрежи се полни со пофалби за спасувачот.

„Симнете капа“, „Секоја чест“, „Прекрасно“, „Има и добри луѓе“, се само дел од коментарите на фејсбук-страницата на Радио Мрежница, која ги објави фотографиите.

Фото

Аргентинците прво ги разменуваа дресовите со Хрватите, па потоа им ги фрлаа во канта за ѓубре – светот гневен по ова видео на Дибала на ТикТок (ВИДЕО)

Аргентина со победата над Хрватска од 3:0 си обезбеди пласман во финалето на Светското првенството во Катар кое ќе се одигра оваа недела.

Сепак, светот остана подзинат кога виде како на неспортски начин Аргентинците одлучија да го прослават влезот во финалето.

Снимката која ја објави Пауло Дибала на ТикТок покажа неспортско однесување на репрезентативците, односно на луѓе од стручниот штаб за кој може да следуваат и казни од надлежните на Мундијалот во Катар.

На видеото се гледа како еден човек доаѓа и ги фрла во канта за ѓубре хрватските дресови кои ги разменија фудбалерите на Аргентина со нив.

Видео:

https://www.instagram.com/reel/CmJSwf2jnXQ/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

Хрватските навивачи се најкреатвни – Во Катар дојдоа облечени како шеици (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Навивачите на светскиот вицепрвак Хрватска победија уште на стартот на Светското првенство, откако се појавија во Катар облечени како – шеици.

Групата „Ми Хрвати“ се облекоа во белата традиционална облека на шеиците со мала измена, на нив ги имаат и црвената шаховница, за да бидат препознатливи дека се навивачи на „коцкестите“.

Брзо ги собраа симпатиите на домаќините, ама станаа хит од прв ден на доаѓање на фудбалскиот фестивал. Околу 3.000 навивачи од Хрватска се очекува да бидат присутни во Катар.