Tag Archives: хуманост

Апел за помош за полицаецот Тони Илијевски

Драги пријатели и роднини ве замолувам од срце да му помогнеме на мојот брат близнак кој има само 38 години и го нападна оваа проклета тешка болест ковид 19 и му ги оштети белите дробови и не може самостојно да дише и буквално се бори за секој негов здив и е приклучен на кислородна подршка , при што мораше хитно да го хоспитализираме во приватна клиника Систина и да се бориме за неговиот живот , терапијата и лечењето се многу скапи и не можеме финасиски да си ги дозволиме , ве замолуваме кој колку може да донира од срце за срце , ако неговото срце престане да чука и моето срце ќе престане да чука еден без друг не можеме , не дозволувајте две срца да престанат да чукаат Тони Илијевски ул.Димче Димовски Кокошарчето број 5 Жиро сметка 250-0140007013-33 – Шпаркасе Банка, Однапред ви благодарам од срце – пишува неговиот брат како апел за помош.

Драги пријатели и роднини ве замолувам од срце да му помогнеме на мојот брат близнак кој има само 38 години и го нападна…

Posted by Tale Ilijevski on Sunday, May 9, 2021

„Да подадеш рака на семејствата на кои им е тоа потребно е голема добрина“ -1000 ифтари секоја вечер во Кичево

Да подадеш рака на семејствата на кои им е тоа потребно е голема добрина. Така се вика и ифтарот во центарот на Кичево чија организација започна од првиот ден на месец Рамазан и ќе продолжи до самиот крај. Целта е да се подаде рака на сиромашните семејства за и тие да имаат богата трпеза за ифтар. Иницијативата ја започнаа група млади луѓе а потоа се прошири благодарение на бизнисмените од земјава и печалбарите кои секојпат се тука кога станува збор за Кичево.

„Беше душевно задоволство што не може да се опише за тоа колку овие семејства ја чекаа оваа активност. Да ви кажам право без воопшто да се мисли за тоа колку ќе чини оваа иницијатива, заедно со другарите рековме дека треба да направиме секоја вечер и ние го правиме тоа секоја вечер. Почнавме со 100, од ден на ден растеше бројот и стигнавме до над 1000 ифтари“, истакна Шкодран Алили.

Овие активисти овде доаѓаат секој ден и работат по 4 часа без престан за подготовка и сервирање на 1000 афтари кои се прават во центарот на овој град. Тие велат дека не се уморни туку исполнети од тоа што го прават.

„Ова е нешто хуманитарно, да им подадеш рака на тие на кои им треба во Кичево и оваа акција ќе продолжи до крајот на месец Рамазан“, вели активист.

„Се чувствуваме богати бидејќи во ова не се делат Турци, Албанци, сите работиме заедно, Турци, Албанци и Роми. Еден ден не дојдов и многу ми фалеше амбиентот“, додава активист.

„Како што може да се види овие активисти дојдени се доброволно и секој ден расте бројот на активисти. Со оваа акција започнавме од почетокот на Рамазан и ќе продолжиме до крајот на Рамазан“, посочува активист.

Зависно од барањата, ифтари се испраќаат и низ селата во земјава за сиромашните семејства. Вакви иницијативи за делење ифтари имало многу, но оваа ИФТАР КАЈ БЕРЗА е единствената која се одвива цел месец без прекин.

Хуманиот Борче усреќи многу дечиња, донирал скоро 800 компјутери!

Пандемијата доби многу херои, а еден од нив е Борче Стаменов од Кавадарци кој на многу деца им овозможи да не заостануваат во образованието. Вели мотивот е едноставен, среќата на децата му дава најмногу елан да продолжи со хуманата дејност.

-Најмногу ме допре едно видео за три или четири компјутери кои што ги пративме во една порурална средина, имаа снимено песничка за донирај компјутер и кога заврши песничката така цело одделение свртени кон камерата, мафтаат, благодариме чичко компјутер.Едно од поубавите чувства е кога на хуманост ќе се возврати со хуманост, а таква случка имал Стаменов со семејство од Битола која вели ќе ја помни до крајот на животот, вели Борче Стаменов за Канал 5 телевизија.

Семејство од Битола кое што прими донација од кај нас и после 5-6 месеци ми се јави за да ја вратат, мислев компјутерот се расипал, за да го поправам, но испадна дека добиле компјутер подарок од некој нивни роднина, па пораката беше, еве нас ни прати среќа, сега испрати го на друго место.

Стаменов вели Фејсбук страната Донирај Компјутер допринесе да се овозможи уред на многу повеќе семејства, каде што пристигнуваат делови и компјутери, па тој како вработен ИТ техничар најголемиот дел од своето време го користи токму за составање на истите. Следен чекор е формирање здружение кое што ќе има за цел да донира и други работи потребни на позагрозените семејства.

Posted by Донирај Компјутер – Борче Стаменов on Monday, April 26, 2021

Поради пандемијата, поголемиот дел од децата се приморани да следат настава од дома за да се заштитат од коронавирусот, но илјадници деца немаат пристап до потребните дигитални уреди. Борче Стаменов хуман човек кој што помага оваа бројка да се намали. Тој апелира до сите граѓани и компании, ако имаат било што би помогнало да се предизвика насмевка и да се обезбеди компјутер на некое дете, да го исконтактираат.

Горанчо ги освои срцата: Тој е вистински херој, се понуди да волонтира во Ковид Центар, да ги замени уморните здравствени работници

Наспроти делегираното херојство на пратеничката од СДСМ Бисера Стојчевска за гласање во Собранието иако Ковид позитивна, вистинско херојство не лажна политичка глупост е чинот на Велешанецот Горанчо Крстиќ кој пред неколку месеци беше позитивен на Ковид-19 и мораше да биде хоспитализиран во болницата во Велес. Тој и самиот беше сведок и можеше да види колку напор и енергија вложува медицинскиот персонал за да ги спасат сите оние кои се заразиле со коронавирусот и се борат за својот живот.

Крстиќ вели дека целиот медицински персонал во земјава е преморен, па упатува јавен повик до менаџментот на болницата во Велес доколку е потребно, за време на викендите веднаш да биде повикан и да биде ставен во фунција, се со една цел да им помогне на здравствените работници кои деноноќно се борат за пацинетите заразени со Ковид-19.

„Јас, Горанчо Крстиќ од Велес, се нудам за помош да волонтирам во сабота и недела во ЈЗУ Општа болница Велес со оглед на тоа дека здравствените работници се уморни“, вели Горанчо Крстиќ.

Тој ги повика сите оние кои се во можност и оние кои го прележале вирусот заеднички да се стават на располагање и да им помогнат на здравствените работници во овие тешки моменти додека да стивне вирусот.

Иако бројот на новозаразени пациенти е во благо намалувње, сепак здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега, состојбата во болниците е алармантна -пренесува порталот батали.нет.

Хумана мисија во Тетово – над 700 бесплатни ифтари секој ден

Деветта година по ред хуманитарното здружение „Агими и бамирсис (Зора на милосрдието)“ организира „Рамазанска трпеза“. Секој ден се делат над 700 бесплатни ифтари. Ифтарите се делат за неколку категории а голем број се за студентите кои престојуваат во Тетово во време на пандемија. Висар Џафери вели дека во Тетово каде што има два универзитети и во време на пандемија, ваков чин е повеќе од потребен. Според него, бројот на граѓани кои имаат ваква потреба е зголемен а со тоа е зголемена и потребата за повеќе бесплатни ифатри.

„Нормално дека бројот е зголемен ова година, овие пет дена откако почна Рамазан, во пресек имаме 500 ифтари на ден, а само последниот ден имавме над 700 ифтари и секако поради зголемената потреба е зголемен бројот на ифтари за време на пандемијата.“, рече Висар Џафери.

Делењето на храна се врши на два пункта со цел да се почитуваат владините препораки за пандемијата

Граѓаните кои вечераа и пред рамазан, доаѓаат и земаат храна овде на посебен пункт, а другиот пункт е за студентите. Во моментот имаме над 400 ифтари, а 15 активисти ја разнесуваат храната по куќи со цел да се придружуваме до препораките и да немаме групирање.

Здружението „Агими и бамирсис (Зора на милосрдието)“ е финансирано од дијаспората и домашни компании но и од лица кои поради здравствени причини не можат да постат и плаќаат по 150 денари за еден ифтар кој им се дава на тие кои имаат потреба.

Тв21

https://youtu.be/PHJWbmX5jAk

Жена на жена: Денов нека зрачи од тебе, ти го заслужуваш тоа Верче!

Фото: Фејсбук

Некако уште сум под импресии од денешниот ден и чувствувам слатко-горчлив вкус на усните. Од една страна спокој дека 14 пациенти ќе добијат органи, а од друга страна тага за прерано изгаснатиот живот.

Како и за Емилија, така и за Верица, истото чувство. Две хероини, различни, посебни, а сепак обете ќе живеат вечно. Што во туѓите тела, а уште повеќе и уште потрајно во туѓите срца.

Верица била млада девојка, всушност, во цутот на својата младост. Невина и чиста душа која како и многумина прерано згаснати животи, во себе носела бројни осништа и копнежи.

Секој човек копнее и сонува, секој човек мечтае и чувствува, битисува. Еден сон згаснал, а друг се разбудил. Една душа згасна, а 14 се пробудија.

Господ да ги благослови сите оние кои ги добија или ќе ги добијат органите на Верче. Да им подари долг и спокоен живот, со божјата шанса.

А на семејството на Верица, Белчоски, им посакувам долг и спокоен живот. Им се поклонувам. Нека знаат дека се „виновни“ за 14 насмевки и продолжени животи.

Животот на Верче не згасна, тој продолжува, само во различни тела и во различни димензии. Но душата е таа… никогаш не заборавена.

Нека зрачи денов заради тебе Верче, заслужуваш! Почивај во мир, убавице.

Пишува ЖенаНаЖена

Еден милион денари за хуманоста на семејството на Верица Белчовска – донација од сопствениците на „Галф Оил“

Семејството Стајиќ донираше исто толку и на семејството на Емилија Динева во мај лани, која беше донатор на срцето кое беше првата ваква трансплантација направена во земјава
Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата „Галф Оил“ (Gulf Oil) донира еден милион денари на семејството на трагично починатата Верица Белчовска, кое ги донираше органите, со што нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години.

„Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи ни покажаа дека живот сепак може да се подари“,

велат од семејството Стајиќ, изразувајќи длабоко жалење до фамилијата за прераната загуба.

Семејството Стајиќ лани во мај, донираше исто така еден милион денари на семејството на Емилија Динева, чии органи беа донирани за да се спасат 3 други животи.

Самохраниот татко од Штип повеќе нема да го храни синот со леб и шеќер – хуманоста победи, се врати насмевката на нивните лица

Приказната за 23-годишниот самохран татко од Штип ја трогна цела Македонија.

Имено, Љупче уште од многу мал се бори за егзистенција. Неговата мајка го напуштила додека бил дете, па тој и татко му остануваат да живеат само со баба му. Откако починува и бабата тие остануваат сами. По тој момент тој и неговиот татко запаѓаат во тешка финансиска ситуација, немале ни за храна  ни за основни услови.  Татко му за да има да го прехрани бил принуден на кражба, но таквите работи го ставиле зад решетки.

Никогаш не се откажува од борбата за живот и работи секаква работа што ќе му биде понудена. 

Поднел документи за работа во штипската болница и за среќа бил примен. Таму ја запознава Ирена со која започнува врска и со која го добиваат синот Андреј.

-Се одеше како што треба, планиравеме и да се венчаме, тогаш го добив најскапоцениот подарок во мојот живот, се роди син ми Андреј, тој момент неможам да го опишам, летав од среќа. Почнав да барам стан под кирија за подобро утро за синот. Мислев дека животот ми се средува, бев среќен, но тогаш почна да се случуваат немили работи. Кога јас ќе заминев на работа, Ирена го оставаше 5 месечното бебе само дома и излегуваше. Влегла во лоши друштва, не се знаеше кога оди кога доаѓа, не дојде ни на неговиот прв роденден  и еден ден си замина за секогаш, оставајќи ме мене со синот, изјави Љупче.

-Често си доаѓаше во раните утрински часови, беше пријавувана и во полиција како исчезната, беше недостапна на телефонот, зема додаток за детето, но не му  купила ниту лижавче ,за да на крај го напушти мојот син и внук, кажа таткото на штипјанецот.

Љупче во апелот за помош изјави дека синот го храни со шеќер и вода и се задолжува со цел да има да го прехрани.

Откако неговата приказна беше објавена на телевизиските екрани, се појавија многу луѓе кои сакаат да му помогнат.

Ваквиот гест ја врати надежта во неговиот живот.

Мини Шпоре обезбедено ! Фрижидер обезбедено ! Тостер обезбедено ! Телевизор лед 43 инчи обезбедено ! Правосмукалка…

Posted by Aleksandar Gorgievski on Thursday, March 18, 2021

Преку Фејсбук групите за мајки, за малиот Андреј е собрана и облека, играчки и храна, собрани се и хигиенски работи, а она што е најважно во целата оваа тажна приказна е веста дека општината обезбедила работа за Љупче Смилев, а неговото детенце сега ќе има можност да се социјализира и дружи со врсниците во градинка.

Ако и вие сакате на некој начин да му помогнете на Љупче и неговиот син, можете информации да добиете на тел.број 075 304 405.

ПРЕКРАСНА ВЕСТ НА ПОЧЕТОКО НА ПОЛИЦИСКИО ЧАС. Д-р Сашко Николов СО БРЗИНА НА СВЕТЛИНАТА ГО РЕШИЛ СЛУЧАЈОТ СО НАШИОТ СОГРАЃАНИН ЉУПЧЕ.

Posted by Stipska Javnost on Thursday, March 18, 2021

„Наместо млеко му растворам вода и шеќер“ – АПЕЛ ЗА ПОМОШ за малиот Андреј

Љупче е самохран родител на малиот Андреј. Тие двајца имаат потреба од голема помош посебно од хуманите граѓани.

Во емисијата „Срце на дланка“ Љупче рече дека се задолжува се со цел да го прехрани својот син.

– Има моменти кога немам ни за млеко, па му растворувам вода и шеќер. Ако треба јас нема да јадам, ама за Андреј ќе има, вели Љупче.

Доколку на кој било начин сакате да му помогнете на овој човек, тоа може да го сторите на 075 304 405.

Хуманоста ја покажа од мали нозе, косата ќе ја донира за дечиња болни од рак

Денеска денот ми го разубави миличка Прекрасната Невена својата желба ја исполни.Хуманоста ја покажа од мали нозе и секогаш биди таква позитивна и ведра.Косата ќе ја донираме за деца болни од рак – стои во Фејсбук објавата на Studio New Look -Hair,MakeUp & Nails од Злетово.

Денеска денот ми го разубави миличка ❤ Прекрасната Невена својата желба ја исполни.Хуманоста ја покажа од мали нозе и секогаш биди таква позитивна и ведра.Косата ќе ја донираме за деца болни од рак ❤❤❤

Posted by Studio New Look -Hair,MakeUp & Nails on Sunday, March 7, 2021