Tag Archives: игралиште

БРАВО ! Браќа иселеници од Австралија донирале 3 милиони денари за ново игралиште во Врбјани (Видео)

Градоначалникот на општина Кривогаштани, Николче Мискоски, информираше дека општината заврши со асфалтирањето на повеќенаменското игралиште во населеното место Врбјани, а во идниот период ќе постават ограда, кошеви, поставување реквизити за најмладите, летниковци и осветлување.

Инвестицијата е во вредност од 3 милиони денари, а општината учествува со хортикултурно и партерно уредување. Игралиштето во Врбјани е донација од иселеници од ова населено место во Австралија – фирмата МКД транспорт која е во сопственост на браќата Игор и Жарко Цветкоски.

„К’д ќе споиш кошарку и скару“ (Фото)

Актерот Тони Михајловски ја сподели новата табла за кошаркарско игралиште во Куманово:

– К’д ќе споиш кошарку и скару добиваш га Максима, напиша на Фејсбук во свој стил Михајловски.