Tag Archives: имиња

Со имиња и презимиња објавени физички и правни лица кои должат данок – УЈП ја објави листата за вкупен долг од 8 милијарди денари!

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.09/2023 за долгови доспеани до 31.05.2023 година и неплатени до 31.08.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На Листата на должници бр.09/2023 објавени се 1730 должници – правни лица (помалку за 82 од претходната листа) и 3375 физички лица (помалку за 12 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2023 изнесува 8.210.260.105 денари, (помалку за 367.283.742 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.026.847.383 денари, (помалку за 359.229.765 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.412.722 денари (помалку за 8.053.977 денари од претходната листа).

Листата е достапна тука.

Ова се најбараните имиња за бебе во светот за 2022 година

Порталот „Бејби центар“ (BabyCentre) ја објави својата „топ 100 листа“ најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња, на светско ниво, за 2022 година.

Неколку 10-ци илјади родители ги впишаа имињата на своите бебиња на страницата за бременост и родителство. И, се чини, родителите се враќаат во 90-тите, кога станува збор за трендот… Оваа година, најголемите промени се случија во списокот со женски имиња – Оливија, на пр. беше симнато од првото место од 2021 година и е заменето со Софија.

Ова се најпопуларни имиња за девојчиња во 2022 година:

Софија, Лили, Оливија, Ајла, Ава, Амелија, Арија, Маја, Ајви, Изабела, Мија, Ела, Хана, Луна, Зоја, Сиена, Нура, Евелина, Емилија, Фатима, Фиби, Мила, Клои, Хали, Елијана, Лејла, Ерина, Ева, Алиса, Аурора, Руби, Матилда, Леа, Бела, Теа, Нора, Ана, Елеонора, Виолета, Арабела, Марија, Пенелопа, Роза, Мира, Бони, Нова, Ајша, Габриела, Амира, Елизабета, Јасмина, Хариета.

Следат и најпопуларните и најбарани машки имиња на планетава, за 2022 година:

Мухамед, Ное, Тео, Лео, Оливер, Ѓорѓи, Лука, Артур, Тома, Адам, Луј, Јаков, Даниел, Макс, Исак, Илија, Теодор, Вилијам, Александар, Јусуф, Роман, Самоил, Мајкл, Себастијан, Џеси, Давид, Леви, Бенџамин, Габриел, Захариј, Ибрахим, Матеј, Јосиф, Хуго, Арон, Боби, Абдула. (МИА)

Објекти во Дебар ќе добијат нови имиња од личности и настани од албанската историја и култура

Владата на седницата одржана на 14 месецов го разгледала барањето на Општина Дебар, со Предлог-списокот и дала согласност на списокот на имиња на улици, плоштади и други инфраструктурни објекти, објави на својот профил на Фејсбук дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.

– Владата на Република Северна Македонија, го одобри Предлог-списокот со имиња на улици во градот Дебар, доставен од Општина Дебар за одобрување. Конечно имаме причина да се радуваме на оваа долгоочекувана и посакувана добра вест. Честитки за сите дебрани и со среќа. На пример, улицата 22 декември сега ќе го носи името Јосиф Багери итн., напиша Дука, објавувајќи и примерок од известувањето.

Советот на Општина Дебар, Предлог-список за нови имиња на улиците, плоштадите, населбите и мостовите ја усвои на 29 април годинава, со запазување и на принципот на гласање според Бадентер.

Во списокот повеќе ги нема имињата на улиците поврзани со поранешна Југославија (ЈНА, 22 декември, Едвард Кардељ…), но и на првоборци и учесници во НОВ (Видое Смилевски-Бато, дебраните Здравко Чочковски, Таса Мартиновска…). Остануваат досегашните имиња на улиците Илинден, Гоце Делчев, Никола Карев, на дебарските народни херои Ибе Паликуќа и Лиман Каба, како и првоборци Павле Џиковски и Зија Мерсоски.

Најголем број од имињата се на личности и настани од албанската историја и култура и Албанци од Дебар.

Трите плоштади ќе го носат името Скендербег и Илирија, како и до сега, додека третиот плоштад ќе се именува Елез Исуфи (национален стратег по потекло од Пешкопеја – Албанија). Мостот Рајчица се преминува во Дебарски Мост, додека Мелнички Мост во Мостот на Радика. Нови имиња ќе добијат населбите Венец еден (Уранику), Венец два (Пенестија) и населбата Депласт (Мост Селам).

Инцијатива за промена на имињата, првпат, Советот на општината поведе во 1996 а потоа и во 2010, но овие иницијативи не беа реализирани до крај.

Каде има најмногу луѓе кои го носат вашето име и презиме?

Дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува вашето презиме? Едноставна мапа развиена од истражувачи може да покаже каде лежат нечии историски корени во Велика Британија, покажувајќи ги местата каде одредено презиме е најпопуларно. Алатката, наречена „Named“, работи со внесување на презимето, а потоа ви ги покажува регионите со најголема концентрација на луѓе кои го делат истото презиме во црвено, и во жолто, каде има најмалку, според Мирор.

Исто така, се обидува да претпостави каде сте го запознале вашиот партнер, врз основа на тоа од каде потекнуваат вашите презимиња.

Професорите Пол Лонгли и Оливер О’Брајан од Универзитетот во Лондон ја развија оваа мапа во 2016 година.

На forebears.io сега можете да напишете име и презиме и да видите на мапата колку е популарно во светот.