Tag Archives: Индија

НАД 280 МРТВИ ВО НАЈТЕШКИОТ СУДИР НА ВОЗОВИ ВО ИНДИЈА ВО ОВОЈ ВЕК!

Најмалку 288 луѓе загинаа во вчерашната железничка несреќа во Индија, во која се судрија повеќе возови. Се верува дека еден воз излетал од шини, по што се судрил со друг на соседна пруга. Во несреќата учествувал и товарен воз, кој бил паркиран тука.

Властите кажаа дека ова е најсмртоносната железничка несреќа во земјата во овој век и очекуваат трагичниот биланс да расте. Повредени се околу 900 луѓе.

Повеќе од 200 амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во областа Баласоре во источната сојузна држава Одиша и ангажирани се дополнителни 100 лекари.

„Десетина вагони од патнички воз излетаа од шини и удрија во паркиран товарен воз, чии вагони паднаа на соседна пруга, каде што друг патнички воз удрил во нив“, изјави Амитаб Шарма, портпаролот на министерството за железници.

Индија ја има една од најдолгите железнички мрежи на светот и несреќите се доста чести. Најголемата се случи во 1981 година, кога загинаа најмалку 800 луѓе. Вчерашната несреќа е најтешката од 1995, кога во судирот на два воза близу Њу Делхи загинаа 358 луѓе

АПЛАУЗИ за индискиот тим ЗА СИТЕ СПАСЕНИ ЛУЃЕ во Турција (Видео)

Индискиот персонал на NDRF беше срдечно пречекан во аеродромот во Адана откако се вратија од операциите за спасување и пребарување во различни области погодени од земјотресот во Турција.

Тие од вработените на аеродромот беа срдечно испратени со голема благодарност и аплаузи за сите спасени луѓе и нивната помош низ целовкупната операција.

Чудо во Индија – Новороденче во својот стомак ги носело телата на своите 8 близнаци

Како што објави Њујорк пост, извонредниот феномен се случил на 10 октомври откако во приватна болница во областа Рамгар во државата Џарканд се родило бебе со ненормално отечен стомак.

На почетокот, родителите на девојчето биле загрижени дека израстокот всушност може да биде тумор, а првичната дијагноза се чинело дека е точна, дури и поткрепена со томографија. Меѓутоа, откако девојчето било префрлено во Детската болница и истражувачкиот центар Рани, тим предводен од д-р Мохамед Имран открил дека тоа не е вистина, туку нешто побизарно.

Имено, се покажало дека новороденото девојче има феномен познат како фетус во фетус, а тоа е облик на малформација слична на онаа на споени близнаци. Тоа се случува само еднаш на околу 500.000 родени бебиња, а се случува на самиот почеток на бременоста кога јајце клетката од одредена причина не успева целосно да се подели на два дела, од кои би се развиле две идентични близнаци.

Во случај на фетус во фетус, доминантниот фетус расте додека другите живеат во него. Оние кои се заробени можат да живеат и да растат во стомакот со години како паразити, додека не станат толку големи што не почнат да му штетат на својот домаќин. Тоа се случило со ова мало девојче.

Но, нејзиниот случај е особено уникатен затоа што таа носела рекордни осум неразвиени фетуси во абдоминалната празнина, за што лекарите тврдат дека е најголемиот број на ембриони забележани досега. Откако девојчето го држеле 21 ден под опсервација, лекарите успеале да ги извадат сите ембриони, а девојчето добро закрепнува по операцијата.

Трагедија во Индија – 60 ЛУЃЕ ЗАГИНАА откако падна висечки мост (Видео)

Мостот изграден во 19 век не можел да ја издржи тежината опд многуте луѓе на него. Бил реновиран и отворен пред четири дена.

Најмалку 60 луѓе загинаа, а многу се стравува дека се повредени откако еден век стар кабелски висечки мост се урна во река во неделата вечерта во западната индиска држава Гуџарат, предизвикувајќи стотици да паднат во водата, соопштија властите.

Властите соопштија дека мостот од 19 век, од колонијалната ера над реката Маччу во округот Морби во државата се урна бидејќи не можеше да се справи со тежината на големата толпа, откако сезоната на хинду фестивали привлече стотици луѓе кон неодамна отворената туристичка атракција. Мостот беше затворен за реновирање речиси шест месеци, а беше повторно отворен пред само четири дена.

Не се знае точно колку луѓе имало на мостот долг 232 метри, но властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Државниот министер Бријеш Мерја за новинарите изјави дека досега починале 60 лица и дека 17 лица се примени во болниците.

12-годишно дете од Индија стана најмладиот велемајстор во историјата на шахот 🏅

Абиманју Мишра од Индија стана најмладиот велемајстор на сите времиња во шахот, потврди Интернационалната шаховска федерација. Со 12 години, 4 месеци и 25 дена тој го сруши рекордот кој претходно го држеше рускиот велемајстор Сергеј Карјакин, а кој ја доби титулата на 12 години и 7 месеци.

Абиманју е роден во Индија, а неколку години живее во Њу Џерси, САД. Тој стигна до потребниот рејтинг од 2500 Ело на 30 јуни, откако победи во турнирот во Будимпешта. Таму Мишра тој го победи велемајсторот Леон Лук Мендонка и ја доби највисоката титула во шахот.

Апокалипса во Индија: 3.293 пoчинaти за 24 часа, се купува кислород по цена на злато, се кремираат луѓе на паркинг (Видео)

Ситуацијата со коронавирусот во Индија е сè подраматична и покатастрофална. Во последните 24 часа во таа земја починаа 3.293 лица, со што бројот на мртви надмина 200.000.

Индија сега има 201.187 жртви на коронавирусот. Бројките се драматични, како и фотографиите и снимките што доаѓаат од таму, а дополнителен проблем е што најлошото допрва доаѓа.

Експертите веруваат дека во Индија има многу повеќе мртви отколку што се соопштува, а дополнителна причина за загриженост е што инфекцијата се шири во густо населените урбани области исто како и во руралните области. Здравствениот систем се распаѓа, места во болниците има сè помалку, а импровизираните болници немаат доволно кислород и лекови за заразените.

Д-р Ашиш Чаудри, директор на една од болниците во Њу Делхи, пред неколку дена изјави дека секоја вечер се буди неколку пати за да ги провери резервите кислород.

„Во моментов купувам кислород по цена на злато“, рече тој.

Сепак, не порасна само цената на кислородот.

„Потоа, инјекциите ремдесивир, кои обично се околу 4.000 рупии, дури и 2.000 рупии, сега луѓето ги купуваат по цена од 40.000 рупии“, додаде тој.

Индиските медиуми пишуваат дека голем број заразени лица остануваат без болнички кревет, па дури и дека луѓето буквално умираат на прагот на болниците чекајќи да добијат помош.

Во исто време, крематориумите работат 24 часа на ден.

Во Њу Делхи, од семејствата на жртвите беше побарано да чекаат во ред за кремирање на најблиските, бидејќи сите термини беа пополнети.

Дури и Градскиот парк во Њу Делхи е претворен во голем крематориум.

Шокантни фотографии и снимки од клади на отворено пристигнуваат од Индија секој ден.

Некои здравствени експерти сметаат дека зголемувањето на бројот на новозаразени се должи на укинувањето на ограничувањата и дозволувањето големи собири, додека други веруваат дека причина за големиот број новозаразени може да биде индиската варијанта на вирусот, која е изолирана во таа густо населена земја.

Индискиот сој, наречен Б.1.617, се смета за позаразен. Има две мутации во шилестиот протеин, кои овозможуваат вирусот да влезе во организмот и, што е особено проблематично, да ги избегне антителата.

Овој сој на вирусот е пријавен и надвор од Индија. Според СЗО, присуството на оваа варијанта на вирусот е откриено во 17 земји во светот.

На 12 април Индија го престигна Бразил на неславната листа на најголеми жаришта во светот. Единствената земја што има поголем број заразени од Индија се САД.

Amaн вeќe: Oткpиeн нoв двojнo myтиpaн вид нa кopoнaвиpycoт во Индија

Откриен нов вид на коронавирус во Индија, покрај останатите варијанти што претставуваат загриженост.

Индиското Министерство за здравство денеска соопшти дека е откриен нов вид коронавирус во земјата, покрај многуте други варијанти што се предмет на загриженост, а се откриени во странство, пренесуваат британските медиуми.

Министерството за здравство соопшти дека „иако алармантните видови и новата двојно мутирана варијанта се пронајдени во Индија, тие не се пронајдени во бројка доволна за да се утврди директна врска или да се објасни брзото зголемување на случаите во некои држави“.