Tag Archives: ИренаКостовска

Се огласи семејството нa починатата Ирена: Дали некој упорно додава “олеснителни околности” за да ја оправда нејзината смрт?

Гинеколошко акушерската клиника вчера попладне го доби хистопатолошкиот наод за пациентката Ирена Костовска која почина на КАРИЛ на 9 мај 2021, а која беше примена на ГАК на 21 април 2021 година со голем тумор на матката и оперирана на 22 април со уреден оперативен тек.

Наодот, како што наведуваат во соопштение, оди во прилог на автоимуно воспаление на крвните садови на тенкото црево и на вроден сегментен недостаток на мускулниот слој на тенкото црево што всушност е и причината која довела до постоперативна спонтана перфорација, што било причина за вториот оперативен третман на пациентката во присуство на дигестивен хирург, пренесува СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Од Клиниката нагласија дека пациентката имала историја за претходни оперативни зафати, извадена слезинка пред пет години и пунктирани лимфни јазли пред три години кои веројатно се во склоп на системската болест што ја имала пациентката.

Истакнуваат дека оваа дијагноза е исклучително ретка и во голем број од случаите причината за нејзино појавување е непозната, но најчесто е асоцирана кај пациенти кои имаат голем солиден тумор, лимфом, леукемија или некоја воспалителна болест. Системската форма на оваа болест, појаснуваат, според достапната литература, е асоцирана со многу тешка клиничка слика чија дијагноза е невозможно да се постави предоперативно, пренесе СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

На ваквото соопштение од ГАК реагира семејството. Велат не е точно дека нивната блиска имала пункција на лимфните жлезди пред три години.

-Од каде се појави информацијата дека освен операцијата за отстранување на слезината пред 5 години Ирена имала и пункција на лимфните жлезди пред 3 години? Никој од семејството, а ни матичната докторка не е запознаена дека Ирена имала таква интервенција! И зошто јавно не е објавен патолошкиот извештај, посебно делот со макроскопијата? Дали некој упорно додава “олеснителни околности” за да ја оправда нејзината смрт?, се дел од прашањата на семејството, пренесе порталот.

Сите нека видат и да ја прочитаат вистината: Објавени последните пораки на починатата Ирена

Откако „Слободен печат“ неодамна објави за смртта на 33- годишната пациентка, Ирена Костовска, која првично беше примена на Клиниката за гинекологија и акушерство, а потоа и беа направени три операции, сега стапи во контакт со нејзината сестра со која комуницирала во последните мигови пред смртта.

– Би сакала на народот да му покажам што ми пиша додека беше во болница. Сите да видат и да прочитаат дека беше жива ја кажа вистината за фаталната грешка на лекарите, вели Билјана, сестра на починатата пациентка, за Слободен печат.

Пораките кои ќе ги објавиме ја покажуваат болката и голготата како и стравот од исходот од оперативните зафати, низ која поминувала младата пациентка со потекло од Охрид, а живеела во Скопје.

Нејзината сестра Билјана исто така јавно го објави и отпусното писмо од Клиниката за дигестивна хирургија.

Ирена Костовска е пoчинaтaтa жeнa на ГАК: И го дупнале тенкото црево при шиење и организмот и се контаминирал

Шок и неверување во семејството на Ирена Костовска, која во рутинска операција за отстранување на миом на матка, го загуби животот, а зад себе остави две деца на шест и осум годишна воздраст. Сопругот на Ирена моментално е надвор од државата, а нејзиниот девер за „Слободен печат“ ги раскажа настаните кои довеле до смртта на младата жена.

-Ирена на 22.04.2021 година беше оперирана од страна на д-р Викторија Јовановска, директор на ГАК. Операцијата поминува „успешно“, отстранет и е миом на матката, но Ирена има проблеми со подуеност на стомакот што се „решава“ со пробиотик! Утрото на 28.04.2021 состојбата и се влошува и откако на ГАК ја отвараат и сфаќаат што се случило ја испраќаат во Клиниката за абдоминална хирургија каде е извршена уште една интервенција од страна на д-р Љубомир Огњеновиќ. Констатирано е дека при шиење на матката на 4 места е продупчено и сошиено тенкото црево што довело до контаминација на организмот со фекалии и труење! Последниот обид на д-р Огњановиќ да направи интервенција е на 06.05.2021, тенкото црево е скратено и санирани се загноените рани, ставено е дрен за да може организмот да ја исфрли непотребната течност. Мојот последен контакт со неа беше завчера вечерта 08.05.2021, а последните зборови и беа „многу ми фалат децата!“ Вчера, 09.05.2021 во утринските часови се слушнала со децата а јас ја побарав околу 11 часот и не ја добив. Искомуницирав со моите родители кои во моментот ги чуваат децата и ми кажаа дека се слушнале и рекла дека ќе легне да одмори. Околу 14 часот од мои лични извори добив информација дека Ирена починала. Сакам јавно да се заблагодарам на д-р Огњеновиќ за укажаниот напор за да го спаси животот на една жена, мајка на две деца од 6 и 8 години, рече во изјава за Слободен печат, деверот на починатата пациентка, Никола Костовски.