Tag Archives: исчезнати

По два дена пронајдени се двете исчезнати девојчиња кај Џон Кенеди

Цели два дена траеше потрагата „под дрво и под камен“, по сите паркови, улици и околината на училиштето „Лирија“. Денес околу пладне, полицијата ги пронајде малолетничките кои беа главна тема во јавноста, со апели за нивно пронаоѓање. Излезени од дома и отидени на училиште во четвртокот, за потоа да им се изгуби секоја трага. Ги бараше полицијата, роднини, членови на навивачка група – за дури денес да бидат лоцирани.

ПРОНАЈДЕНА Е СО ПОМОШ НА ГРАЃАНИ, ИНТЕРВЕНИРАЛА И ПОЛИЦИЈАТА. СЕГА СМЕ ВО ПОЛИЦИЈА, ЧЕКАМЕ ДА ПОМИНЕ ЦЕЛАТА ПРОЦЕДУРА И ДА ЈА ЗЕМЕМЕ ДОМА. ВИКААТ ДЕКА Е ВО ДОБРА СОСТОЈБА. ИМАМ ВНУК ПОЛИЦАЕЦ, ВЕЛИ ДЕКА Е ДОБРО, НО МОРА ДА ПРОЈДЕ ПРОЦЕДУРАТА, НИ ИЗЈАВИ САБИТ АЈРО, ДЕДОТО НА АНИСА.

Од МВР со повеќе детали го потврдија настанот. Претходно, од полицијата имаше официјално известување за 12 годишната Аниса и 15 годишната Мелиса. Втората, во повеќе наврати исчезнувала и потоа била враќа дома.

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРОНАЈДЕ ДВЕТЕ ИСЧЕЗНАТИ МАЛОЛЕТНИЧКИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА БИТ ПАЗАР, ДЕНЕС ВО 13:30 ЧАСОТ НА УЛ. „ЏОН КЕНЕДИ“, КАЈ ПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ ВО ПАРКОТ. ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА „БИТ ПАЗАР“ ГИ ПРОНАЈДОА МАЛОЛЕТНИЧКИТЕ, ЗА КОИ НА 30.03.2023 ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ БЕШЕ ПРИЈАВЕНО ДЕКА СЕ ОДДАЛЕЧИЛЕ, СООПШТИЈА ОД МВР.

И покрај денешната добра вест за нивното пронаоѓање, многу прашалници остануваат да висат над овој случај. Каде заминале, што правеле самите речиси три дена надвор, каде спиеле, што јаделе. Додека траеше потрагата по нив, камерата на Телма снимаше во дворот на училиштето од каде што им се изгуби трагата.

Мирни и повлечени девојчиња коишто се дружат со многу деца. Вработени од училиштето вака ги опишуваат исчезнатите девојчиња кои последен пат се видени овде во училишниот двор.

Претходно денес, дедото на Аниса изјави дека се следи нејзиниот телефон, кој повремено се вклучува и исклучува – а, изрази и сомнеж за нејзиното исчезнување затоа што како што вели – таа се плаши самата да оди во тоалет за да се искапе, а не пак надвор сама. За овие сомнежи, на потег се службите коишто ќе трагаат по одговорите.

Исчезнаа две девојчиња од Скопје, полицијата трага по нив

Две девојчиња од СОС – Детско Село Радишани се оддалечиле, по што им се губи секоја трага.

Вчера во 04.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека од СОС – Детско Село Радишани се оддалечила нивната штитеничка И.П.(16), која и претходно се оддалечувала.

Исто така вчера во 05.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од СОС – Детско село се оддалечила нивната штитеничка А.М.(18), која и претходно се оддалечувала.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Бројот на загинатите во поплавите во Европа – 160, во Германија достигна 133, а 1000 луѓе се исчезнати (Видео)

Бројот на загинати во поплавите во Германија достигна 133  и со таа цифра, веќе има 160 жртви на природната катастрофа во области во Западна Европа.

Полицијата во западногерманската покраина Рајнска област-Пфалц утрово соопшти дека веќе има 90 загинати – 27 повеќе од вчера. Стотици луѓе во регионот се исчезнати,и според дел германски медиуми, таму може да има околу 600 жртви.

Во соседната провинција Северна Рајна-Вестфалија, досега е потврдена смртта на 43 лица.

Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе ги посети погодените области.

Најмалку 25 лица загинаа во поплавите во Белгија, според последните податоци.

Покрај Западна Германија и Белгија, од тешки поплави предизвикани од поројните дождови беа погодени и јужна Холандија, североисточна Франција, Луксембург и Швајцарија. На многу места, реките се излеаја од своите корита.