Tag Archives: исчезнато

Младо момче ИСЧЕЗНАТО ПОВЕЌЕ ОД 10 ДЕНА КАЈ ДРВОШ, соселаните се вклучија во потрагата

Се уште трае потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој на 16 овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Вчера попладне во потрагата се вклучија жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонар ја пребаруваа браната, но петчасовната потрага не даде резултат.

На фејсбук групата „Дабиле“ најавуваат дека потрагата ќе продолжи и денеска попладне и се надеваат дека ќе биде пронајдено телото на исчезнатото момче.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, потрагата по момчето ја отежнуваат лошиот терен, милта и заматената вода.

Инаку, на 16 јули 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

Во Вардар пронајдено телото на 25-годишното момче од Гостивар кое беше пријавено за исчезнато

Денеска (27.04.2023) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Јурумлери, скопско, било забележано тело на машко лице.

По преземени мерки телото било извадено и било утврдено дека станува за збор за А.И.(25) од Гостивар, кој на 10.04.2023 бил пријавен за исчезнат.

Исчезна 12-годишно девојче од Гази Баба, родителите бараат помош за пронаоѓање

Дванаесетгодишно девојче од скопската населба Гази Баба, исчезна вчера, а семејството нема информации каде се наоѓа. Последен пат го виделе кога тргнал на училиште, вчера во 7:30 (O.У. Лирија – Чаир).

Родителот на Аниса Ајро за ТВ21 изјави дека се многу загрижени и бараат помош од граѓаните, секој што ја видел или има некаква информација.

Телефонски контакт на родителот
Енгин Ајро 072232983

„МАМО ОДИ СПИЈ, ДОЦНА Е“: Последниот телефонски повик на исчезнатото 20-годишно момче во Лариса

Вознемиреноста на роднините и пријателите е огромна за лицата кои се наоѓале во кобниот воз кој во Лариса се судри со товарен воз. Меѓу нив е и 20-годишниот Анастасиос Куцопулос од Кардица.

„Немаме вести од него, чекаме да го слушнеме. Знаеме дека дефинитивно не беше во првиот вагон“, изјави за АНТ1 неговата девојка Мариета Александрис и додаде:

„Бевме по сите болници и не го најдовме“.

Партнерката на Анастасиос рекла дека со него разговарала околу еден час пред несреќата, односно кога се качил во возот.

„Тој не ми кажа дека нешто го загрижува. Знаев дека има премногу луѓе и дека тој седи некаде помеѓу вториот и третиот вагон“ додала девојката според која родителите на нејзиниот партнер се веќе во Лариса.

20-годишникот, се качил во возот во 21.20 часот во вторникот вечерта.

Неговиот последен телефонски повик бил со мајка му во 22.50 часот истата вечер, во кој тој наводно рекол „мамо оди спиј затоа што ќе доцнам“. Според истите информации, 20-годишникот и рекол на мајка си дека возот има многу гужва.

Меѓутоа, неговата мајка не спиела по овој телефонски повик и во 12 часот почнала да се обидува да го пронајде на телефон, што, сепак, не било можно.