Tag Archives: иселување

Сопругата на Апасиев со емотивен статус: Видендов ми се отселија уште двајца млади од фамилија

Викендов ми се отселија уште двајца млади од фамилија, за Словенија.

Работоспособни, вработени во ИТ индустрија.

По нив, планираат да си заминат уште неколкуте кои ги имам тука.

Сите се во нивните доцни дваесетти и рани триесетти. Семејството ќе си го прошируваат негде на Запад.


Причината – окупиран и нефункционален систем, кој продуцира деструктивно општество и убивање на вербата дека ќе доживеат некаква значителна промена.

По нив, голема е веројатноста да си заминат и нивните родители.

Сточари, пекари, електричари… за сите нив, статустот и условите истото да го работат дури и во Словенија, се светлосни години разлика оттука.

Младите треба да ни бидат на прво место во секоја мерка и промена.

Промените пак, мора да почнат веднаш.

Наместо шминка, мора да бидат суштински и да почнат од образованието.

Или ова ќе го менуваме или сите останати заедно, ќе потонеме. Некои (народот) повеќе од другите (властодршците).

Ако за миг сме заборавиле, да си повториме – држава без млади луѓе, е држава без иднина.

Фејсбук статус на Тамара Јованов

Бугарија на чекор да остане без население – Скоро милион Бугари помалку за една деценија

Според прелиминарните резултати од пописот, населението на Бугарија се намали за 11,5 насто во изминатата деценија.

Населението се намали за повеќе од 844.000 луѓе, од 7,3 милиони на 6,5 милиони луѓе, соопшти Националниот институт за статистика.

Експертите го објаснуваат демографскиот пад на Бугарија на нискиот наталитет, високата смртност и стареењето на населението, ниските стапки на фертилитет и емиграцијата од најсиромашната членка на ЕУ.

Само во главниот град Софија населението се зголемило. Намалување е регистрирано во сите други делови на земјата, со драматичен пад од 26 насто во северозападните провинции Видин и Монтана и североисточната провинција Добрич.

Националниот институт за статистика ги очекува конечните резултати од пописот до крајот на 2022 година. Претходниот попис беше спроведен во 2011 година.

Како Франс прес ја гледа Македонија: БЕГААТ ОД ДРЖАВАТА КОЈ КАДЕ МОЖЕ

Напуштени продавници и празни улици, со малку знаци на живот во градот Валандово, од каде младите луѓе масовно бегаат во странство во надеж дека ќе најдат подобар живот.

Вака новинската агенција Агенс Франс Прес ја почнува својата репортажа од југот на Македонија, во која предупредува на масовното иселување на младите.

Како и другите земји во сиромашниот раб на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација лежи врз темпирана демографска бомба со население кое старее, опаѓачка стапка на прираст и масовно исселување.

Македонија загуби 10 проценти од своето население во изминатите 20 години. Околу 600,000 Македонци сега живеат во странство, според проценки на Светската Банка и властите.

Очајно слабиот економски раст и недостигот на инвестиции ја притискаат земјата во која сега живеат само 1,8 милиони жители.

„Ако имате над 2,4 милиони жители, но повеќе од четвртина од нив си заминале, треба сериозно да се загрижите за тоа што ви се случува“, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика“, пренесува АФП.

Дописникот на агенцијата разговарал и со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово, кој вели дека „го загубивме ентузијазмот да останеме дома и да се бориме“. Во градот, 90 проценти од приходите произлегуваат од земјоделието.

Пет од 20-те соученици кои бевме во исто одделение веќе се исселија со нивните семејства, вели Бојан Николов, член на младинска организација од Валандово.

АФП ги цитира резултатите од пописот спроведен во 2021, според кои Македонија загубила околу 200,000 жители од 2002 година, кога беше спроведен последниот попис.

Перспективите на граѓаните биле поврзани со можното членство во ЕУ, но по блокадите од Грција и Бугарија, граѓаните решаваат дека нема веќе што да чекаат, пишува агенцијата.

„Ако останете, просечната плата е само 470 евра. ‘Подобро да бидам роб за 2,000 евра во некоја странска земја отколку роб дома за 300 евра’”, велат соговорниците на АПФ.

Француската новинска агенција пренесува дека состојбата е слична и во Албанија и другите земји од регионот.

Се проценува дека Албанија загубила 1.7 милиони жители во изминатите 30 години, односно 37 проценти од населението.

Во Србија, се смета дека 10,000 доктори ја напуштиле земјата во последните 20 години.

А ако овие земји се надеваат дека членството во ЕУ ќе ја подобри ситуацијата, Хрватска е предупредувачки пример.

Откако влезе во ЕУ во 2013 година, хрватското население од четири милиони жители се намали за 10 проценти. Обединетите нации проценуваат дека Хрватска ќе има само 2,5 милиони жители на крајот на векот“, пишува АФП.

Има многу партиски вработувања и корупција, затоа го продадов бизнисот и заминав од Македонија

Иселувањето пуштено на СТООО !

Се иселив пред две години на 45 годишна возраст. Имам завршено факултет за одделенска настава и имав бизнис. Го продадов и се иселив. Во Македонија обичен човек нема иднина, се случуваат партиски вработувања поради кои моите деца немаа иднина, ни вели Бисерка Молеровиќ, која живее во Германија

Имам 42 години, сопруга и две деца. Работиме во Скопје, но веќе имаме план за заминување. Сакаме да живееме во земја каде има ред и правда. Не сакам да плаќам даноци, а да живеам во нечисто и без да сум заштитен и уважен од институциите. Последниве години верував на политичарите дека ќе донесат подобрувања, но испадна дека поради нив и си заминувам, потенцира Борјан С.

Повеќе на Скопско Ехо

„Сакаа младите да се вратат! Вратен сум, доктор на тема УНЕСКО, зошто сум НЕВРАБОТЕН ❓“

СТАТУС НА ДЕНОТ 👇

Денес се јавив да го откажам станот во кој живеам… Затоа што сум невработен, а притоа решив да останам да живеам во земјава, бидејќи на пет минути читав статуси како премиерот Зоран Заев и неговата СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија сакаат да ги вратат младите во Македонија.

Еве нѐ, вратени сме! Зошто сум невработен?

Имам докторирано на еден од најпрестижните универзитети во светот и имам работено во неколку интернационални организации вклучувајќи го и УНЕСКО. Министерката Ирена Стефкоска инистира на заштита на културно наследство, а јас сум единствениот човек во државава што има докторирано на таа тема и што вистински знае како функционира УНЕСКО. Во Министерство за култура, покрај тоа што ми ги одбија проектите поврзани со културно наследство, ми немаат вратено на ниту еден мејл, а причината (за која неформално дознав) е језива за споделување на фејсбук бидејќи ептен ќе го наруши имиџот на институцијата и на партијата.

Мејлови имам пратено и во Министерство за образование и наука и до министерката Мила Царовска, но немам одговор. Со образование се бавам веќе 4 години и работев како асистент на УКЛА, а тука можам да предавам на најмалку 4 универзитети.

Зошто никој не сака да ми го прочита CV-то и да ми даде шанса? Не е дека молам некого да ме бутне да работам во јавна администрација без никакви квалификации. Вистински сакам да останам во земјава и да направам некаква промена, бидејќи можам и знам. Каде грешам, како правилно да постапам ?

Фејсбук статус на Филип Петковски

Повеќе од ПОЛОВИНА МЛАДИ Македонци сакаат да се иселат од државата!

12 август се одбележува како Меѓународен ден на младите. Голем број политички функционери денеска  упатија честитки порачувајќи дека младите во македонското општество се визијата, идејата, мотивот, силата.

За жал, младите не го делат ова мислење. Нивниот став е дека не го имаат местото кое го заслужуваат во општеството. Во прилог на тоа говори и најновата студија.

Две третини од младите (64,8%) во земјава се незадоволни од своето место во општеството, покажува студијата „Социо-политичко учество на младите: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“, изработена во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Студијата покажува дека 58% од младите би се иселиле, доколку им се укаже можност. Од нив, само 6,9% би се вратиле назад во земјата.

Речиси 8 од 10 млади (77,3%) луѓе сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за нив и нивните потреби.

Пандемијата не ги одмина младите, речиси на 15% им се намалила платата во текот на кризата, додека 6% ја изгубиле работата. Во поглед на образованието, младите кои се во образовен процес даваат просечна оцена 3 за квалитет на наставата за време на пандемијата.

Дефинитивно младите луѓе во потрага за подобар живот се подготвени да се иселат. Социолозите наведуваат дека една од причините е што апатијата со години се таложела, а придонес има и сликата која ја гледаат младите во своите и семејствата од околината. Затоа, како што велат дел од стручните лица, младите наједноставниот излез го гледаат во иселување.

Скопје инфо

Живописни италијански села ќе ви платат 28,000 евра да се доселите и да отворите бизнис

Регионот Калабрија планира да понуди до 28,000 евра (33,000 долари) за три години на луѓето кои сакат да се преселат во села со помалку од 2,000 жители, со надеж дека ќе го запрат опаѓањето на населението.

Ова вклучува и локација покрај море или во планина, или дури на двете локации истовремено.

Меѓутоа, тие пари нема да ги дадат толку лесно. За да се добие паричната помош, новите жители на селото мораат да се обврзат дека ќе започнат нов мал бизнис, било од нула или пак избирајќи од однапред подготвените понуди на професии кои се потребни на тие места.

Апликантите мораат да станат жители и не смеат да имаат повеќе од 40 години. Исто така мораат да бидат подготвени да се преселат во Калабрија во рок од 90 дена откако нивната пријава ќе биде одобрена.

Властите од регионот се надеваат дека ќе привлечат проактивни млади луѓе и милениумци жедни за работа.

Џанлука Гало, регионален советник, за Си – Ен – Ен рекол дека на младите луѓе месечниот приход би бил од 1,000 до 1,800 евра во период од 2 до 3 години. Алтернатиа е еднократна финансиска помош за започнување на комерцијални активности, без оглед на тоа дали е во прашање ресторан, селска фарма или отворање на продавница.

„Досега имавме огромен интерес и се надеваме дека доколку правата шема успее, ќе има уште вакви прилики во годините кои доаѓаат“, рекол Гало за Си – Ен – Ен.

Преку 75 % од селата во Калабрија имаат помалку од 5,000 жители, што предизвикува страв дека некои заедници би можеле да изумрат за неколку години, доколку не се обнови населението на некој начин.

Извор: b92.net

Мелита се сели од Македонија: „Време е за нов живот далеку од некои болни луѓе“ (фото)

За Мелита Ракиќевиќ веќе стана редовна пракса да одговара на прашања поставени од нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Деновиве квалитетно се посвети на тоа, па од како што вели таа експлозија од прашања, откри доста за себе и своите планови кои и претстојат.

ФОТО:МЕЛИТА РАКИЌЕВИЌ/ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН

Имено, Мелита откри дека брои денови од својот живот во Македонија и наскоро си заминува бидејќи не е среќна во опкружување каде владее злоба, завист,болни мажи, лажни пријателства…

ФОТО:МЕЛИТА РАКИЌЕВИЌ/ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН

Меѓу другото, како што течеше разговорот прашање-одговор, Мелита откри и дека има сериозна понуда за брак и дека ќе се мажи.

ФОТО:МЕЛИТА РАКИЌЕВИЌ/ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН

Јасно и беше дека на оваа Инстаграм комуникација не и се гледа крајот, а љубопитноста е се’ поголема, таа реши дека е доста со она што го кажа.

ФОТО:МЕЛИТА РАКИЌЕВИЌ/ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН

Уште колку дена и останале до големата промена, останува да видиме од нејзините активности на споменатата социјална мрежа.

Инаку, Мелита има еден брак зад себе од кој има и ќерка, но очигледно се уште верува во љубов и не се откажува од вистинскиот за себе.

Вистина.мк