Tag Archives: Истрага

Нов СКАНДАЛ: Абази е роднина со инспекторот кој е дел од истрагата за „Беса Транс“

Зетот шеф на Организиран криминал ќе истражува дали неговиот дедо има вина во автобуската несреќа на „Беса транс“. Новоизбраниот обвинител Абази е сопруг на ќерката на првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини, на кој неуспешните контроли во просториите на агенцијата му се редеа со денови по несреќата, дознава Алфа.

Сега зетот Абази ќе треба докажува каде се пропустите на надлежните институции затоа што „Беса транс“ си тераше бизнис беа дозволи и зошто станицата за технички преглед во Сарај, каде автобусот добил зелено светло, со низа нерегуларности не била затворена. Лиценците и сертификатите ги издава Министерството за транспорт, но за нивна контрола е задолжен Државниот инспекторат за транспорт чиј директор во време на несреќата беше Руфат Хусеини. Инспекторот во фамилијата по несреќата на ретките настапи пред јавноста наместо да објасни се чудеше како како автобусот ги минувал границите доколку немал лиценца.

Откако Абази беше прогласен за прв обвинител на Обвинителството за организиран криминал и корупција, информациите кои се проширија во јавноста говореа дека неговата сопруга односно ќерката на Руфат Хусеини е кандидатка во Академијата за судии и обвинители. Законот не доволува двајца обвинители од исто семејство или во брак да работат во исто апелационо подрачје во случајот гостиварското. Но сега откако Абази ќе шефува со Организиран, неговата сопруга нема да има проблем да се вработи по завршувањето на Акдемијата.

Да потсетиме дека првиот скандал остана со прашања во јавноста откако излегоа фотографии по изјавата на Абази дека може се сретнал со Ахмети.

Бугарите ќе копаат по архиви дали има гpoбницата на бугарски вojници во близина на Кавадарци

Министерството за одбрана на Бугарија започна инспекција во воените архиви за да утврди дали се чуваат карти, кои покажуваат каде точно се наоѓала теренската болница на 8-та пешадиска дивизија Тунџа. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие можат да дадат повеќе информации за тоа дали има гробница на бугарски војници во областа на двата споменика во близина на Кавадарци или станува збор за историска хипотеза.


Министерството за одбрана на Бугарија започна истрага по тврдењата на Фондацијата Македонија и бугарскиот државјанин Виктор Стојанов за можно сквернавење на бугарски воени гробишта во Република Македонија.


Споменик од гранит со крст и спомен плоча на 193 -те бугарски војници убиени за време на Првата светска војна се наоѓаат на 12 километри од Кавадарци, во непосредна близина на новоизградениот автопат што треба да го поврзе Скопје со Прилеп.


Екипа на Бугарската национална телевизија која денеска го посетила местото, јави дека двата споменика во близина на Кавадарци, се целосно недопрени.


БНТ емитуваше разговор со Ацо Темков, жител на Кавадарци, кој учествувал во реновирањето на еден од спомениците. Тој за БНТ изјави дека таму никогаш не видел воени гробишта.
Поранешниот директор на локалниот историски музеј, Петар Камчев, кој раководел со културната институција 37 години, исто така вели дека на местото имало само два споменика. И тој потврди за Бугарската национална телевизија дека немало гробишта. Камчев, исто така, рече дека во 2017 година, кога започна изградбата на автопатот, побарале дозвола да се помести споменикот на Пере Тошев. Се консултирале со тогашната организација на Бугарите и со нивна согласност споменикот бил поместен.

Германските експерти пристигнаа во Тетово

Претставници на тетовското Обвинителство и Федералната криминалистичка полиција од Германија денеска во Клиничката болница во Тетово за прв пат заедно беа да го видат местото каде изгоре монтажниот објект за ковид пациенти при што загинаа 14 луѓе на 8 септември. Од тетовското Обвинителство не дадоа подетални информации за посетата, а најавија дека во следна прилика ќе има податоци од службата за односни со јавноста при Јавното Обвинителство на Репубика Северна Македонија.

И од тетовската болница немаа информации што точно се прави денеска. Лекарите и медицинските техничари кои биле ноќта во модуларната болница веќе дали искази во Обвинителството.

-За тие информации немам податоци, тоа ги прочитав и јас сега дека наводно стигнале. Не знам како оди процедурата, за тоа ќе ве извести управата. Јавниот обвинител побара информации од сите тие вработени кои биле таму во моментот на трагедијата. Тие биле повикани таа ноќ, биле неколку часа, биле и утредента и дале таму изјави, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот Ковид центар.

По оставките на двајцата директори Флорин Бесими и Артан Етеми се уште нема информации за нови раководители.

-Немам такви информации, ќе видиме од управа како е законски и како ќе се реши. Во овие денови ќе видиме како ќе функционира. Болницата не може да остане без потписници бидејќи има технички работи, лекарства, плати итн за два три дена ќе ве обавестиме. Немам правни информации не знам како тоа е решено, рече Нуредини.

За тоа како се најде снимка од надзорната камера на социјалните мрежи д-р Нуредини рече дека нема информација.

Дванаесетте пациенти кои го преживеаа пожарот биле прегледани од психијатри.

-Тие се пациенти кои биле трауматизирани од психолошка природа и биле прегледани од психијатар и биле констатирано дека се работи за стрес ситуација која тие ја преживеаа. И сите се во релативно добра состојба, сите се на кислородна поддршка. Очекуваме идните денови да бидат подобро и да бидат пуштени дома, рече лекарот.

За 24 часа нема починати од Ковид-19, додека има нови пет луѓе кои се примени на болничко лекување како и 75 амбулантски прегледи.

Салиу: Уапсено лицето кое ги објави ВИДЕАТА од пожарот во Тетово, ние сме ЛУДАЦИ ако мислиме дека нема да скријат докази…

Новинарот Фуркан Салиху објави дека 50 часа откако се случи трагичниот настан во Тетово, ниту едно лице не било повикано во Јавното обвинителство.

“Според неофицијални информации лицето кое го објави видеото од сигурносните камери е уапсено. Ако овие факти не се доволни за да докажат дека обвинителството не работи за да го расчисти случајот туку да прикрие докази, тогаш сите ние сме лудаци”, напиша Салиу.

Повеќе обвинители од завчера на местото на настанот прибираа докази за трагедијата но обвинителството досега не објави дека на разговор се повикани Филипче, Анѓушев, директорот Бесими или други лица кои се инволвирани во постапката за поставување на Ковид центарот на смртта во Тетово.

Државниот обвинител Јовески наскоро планира да се пресели во Уставниот суд.

Експрес.мк

Kовид-19 НЕ Е БИОЛОШКО OРУЖЈE: Америkанското paзузнавањe ги објави резултатите од иcтрагата за потеклото на kоpoнавирусот

Американската разузнавачка заедница објави резиме на извештајот за резултатот од истрагата за потеклото на koронавирусот. Според нивните наоди, коронавирусот е од природно потекло, се појави во ноември 2019 година, а кинеските власти не знаеја за тоа пред избувнувањето на епидемијата во Вухан

„САРС КоВ-2, вирусот што предизвикува ковид-19, најверојатно избувна со инфицирање на луѓе преку првична изложеност од мал обем што се случи најдоцна до ноември 2019 година, со првиот на ковид-19 во декември во Вухан, Кина“, изјави канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка заедница.
Вирусот не претставува биолошко оружје, се вели во извештајот.


„Повеќето разузнавачки агенции проценуваат, но со резерва, дека вирусот најверојатно не е генетски модифициран. Сепак, две агенции веруваат дека нема доволно докази за такво тврдење.

„Исто така, кинеските власти немаа знаење за вирусот пред да избувне инфекцијата во Вухан“, се вели во извештајот.
Кога станува збор за начинот на кој се случи првичното изложување на вирусот, американските разузнавачи веруваат дека се можни теории и за природен пат и за „протекувањето“ од лабораторијата.

Четири американски разузнавачки агенции, со резерва, проценија дека вирусот се пренесол на луѓето од животни. Една агенција, од друга страна, е убедена дека вирусот преминал на луѓето како резултат на инцидент во лабораторија, и дека најверојатно се работи за експерименти, контакт со животни или контакт со примероци во лабораторијата во Вухан, се наведува во извештајот.


Соработката на Кина ќе биде неопходна за конечно да се утврди потеклото на вирусот, се заклучува во извештајот на американското разузнавање.