Tag Archives: Иванов

Колку треба да си нарцисоиден за да мислиш дека имаш право да воспитуваш туѓо дете

Колку треба да си нарцисоиден за да мислиш дека имаш право да воспитуваш туѓо дете, не само без дозвола, ами и против волјата и убедувањата на родителите на тоа дете! И тоа пазете, не за било што, туку за сексуалност и родови идентитети!

Деновиве читам и слушам како повеќемина активисти од разните лгбти невладини организации и неколкумина пратеници отворено кажуваат дека целта им е „од најрана возраст“ да ги запознаваат и „образуваат“ децата со различни поединости од она што е нивниот светоглед по прашање на човечката сексуалност и т.н. родови улоги и идентитети.

Кој им дал такво право? Или од каде им е дрскоста дека тие можат да си го земат тоа право на себе?

Ако човек решил да нема деца или да живее одреден животен стил кој не може да резултира со раѓање на деца, што е сосема легитимен личен избор, тогаш зошто би сакал да има збор во (сексуалното) воспитување на туѓи деца?

Еве ја кулминацијата на нарцисоидноста кај дел од нив – тие веруваат дека знаат подобро од родителите на децата, та затоа се дрзнуваат да прават такви (дури морничави) испади!

Затоа велам, суверено и неотуѓиво родителско право е секој родител да го воспитува своето дете по сопствени убедувања по прашања на вероисповед, националност, човечката сексуалност, семејни улоги итн., па затоа никој не смее да помисли да се допре до децата и да ја злоупотреби позицијата на авторитет која ја ужива образованието во животот на детето, та на таков перфиден начин да се пренебрегне родителот по овие прашања.

По некои прашања едноставно не постои компромис, а колку побрзо се разбере тоа, толку побрзо ќе има мир и секој ќе може да си го живее животот како што сака…

Линк од објавата: h

ttps://m.facebook.com/story.php?story_fbid=6567773759941763&id=100001276120769&mibextid=Nif5oz

Претседателот Иванов: Пред наши очи ПРОПАЃА Европската Унија, време е за ЕВРОПА БЕЗ ЕУ

Екс претседателот на Република Македонија (2009-2019) д-р Ѓорге Иванов смета дека Европската унија се соочува со пропаст затоа што не е во можност да оствари ниту една своја амбиција каква што е проширувањето кон Западен Балкан.

Според претседаталот Иванов кој со децении е еден од најголемите поддржувачи на европската интеграција по низата разочарувања од Брисел за земјите кандидати смета дека е време да почне да се размислува за Европа без ЕУ.

Овие пораки Иванов ги испрати од Меѓународната конференција „Балканот и Европа – од заедничко минато до заедничка иднина“ под покровителство на претседателот на Големото турско народно собранието, Мустафа Шентоп.

Меѓународната конференција се одржува по повод 100 години од основањето на турската република, а ко-организатори се четири универзитети од Република Турција: Истанбулскиот Универзитет и Мармара Универзитетот од Истанбул, Тракискиот Универзитет од Едрене и Намик Кемал Универзитетот од Текирдаг.

Претседателот Иванов се обрати на сесијата на свеченото отворање на конференцијата на темата „Европа и Балканот – од прва Европа до периферија на ЕУ“.

На почетокот, претседателот Иванов го честитал едновековниот јубилеј на Република Турција, спомнувајќи за основоположниците на турската република, Мустафа Кемал Ататурк и Али Фети Окјар, родум од некогашна Отоманска Македонија, односно Румелија.

Во говорот, Претседателот Иванов се осврнал на митот за Европа и за реална Европа, како и за територијалниот опсег кој го покрива Европа. Од каде потекнува називот, како се толкуваат и подоцна менуваат границите на Европа и како просторот на Балканот каде и се простира првата, стара Европа, сега се наоѓа на периферијата на Европската унија.

„Живееме во време кога еден мировен проект, наречен Европска Унија, денес пред наши очи пропаѓа при неговото соочување со реалноста. За жал, може да се констатира дека денес во 2023 година, Европската унија не е во можност да оствари ниту една своја европска амбиција. Тоа се однесува и на проширувањето кон Западен Балкан“, порачал Иванов, нагласувајќи дека е крајно време да почнеме да размислуваме за Европа без Европската унија.

Тој истакнал дека во прв план на таа Европа треба да биде среќата на луѓето и колективната солидарност, пред сѐ, на локално и на регионално ниво, како и дека таквата Европа треба да се ослободи од вековните мисионерско империјални аспирации, според кои Европа треба да биде предводник и мерило за целиот свет.

За време на посетата на Истанбул, претседателот Иванов остварил средба со Претседателот на турското Собрание г. Шентоп, со ректорите на четирите универзитети ко-организатори на конференцијата и со други учесници.

Иванов: Дезертерството на Ковачевски е бајки за мали деца – може човекот скршил клучна коска па не можел да потпре кундак на рамо

Сега да се навраќа на фосилни настани е само скршнување на вниманието од внатрешно партиски случувања, пумпање предизборна тензија наместо кооперативно да се бараат решенија“ вели во разговор за „Локално“ новинарот и аналитичар Зоран Иванов.

Оставка” за настан од пред две децении. А, толку нешта има сега за оставки и кај едните и кај другите и кај третите. Кај власта секако, но поради неуспешни, некооперативни и анти еу политики и кај опозицијата така што сега да се навраќа на фосилни настани е пак само скршнување на вниманието од внатрешно партиски случувања, пумпање предизборна тензија наместо кооперативно да се бараат решенија за егзистенцијалните прашања на граѓаните и развојoт на државата. Но, за тоа треба да се има и доблест, нели, подвлекува новинарот.

Според него постојат институции кои би можеле да ја решат ситуацијата со “дезертерството”.

Тоа со “дезертерството” е дел од бајките за мали деца. За тоа си имало и има институции, прес конференција не го решава тоа. Дури и да е така, може човекот скршил клучна коска па не може да потпре кундак на рамето, тоа не е ментална состојба, но жалното е што се почесто се ментални темите на пресовите. Партиите и нивните експоненти би било поарно да се посветат на реформски прашања наместо на тривијални теми зашто веќе никому не ни е до забава, појаснува Иванов.

Иванов за францускиот предлог: Работата е зрела ќе поминат ден-два за да се допеглаат некои разбирања

Јазикот како идентитет е клучот на бугарските барање, но овој пат тој станува рамноправен со тоа што бугарската страна ќе направи нота во која ќе пишува дека не го признава во рамките на ЕУ, вели новинарот Зоран Иванов во „Само Вистина“ вечерва во дебата со Александар Пандов.

-Ако се гледа малку подлабоко може да се забележи дека во оваа политичка дисторзија која владее во Бугарија како некоја сила да ги пикна пратениците да го изгласаат францускиот предлог.Сметам дека ние како и бугарската страна добивме шлаканица, и Макрон доби малку шлаканица.Како и да е ова пред да дојде до оваа ситуација можеше да се превенира, но ЕУ не е баш секогаш наклонета кон земји кои се надвор од Унијата. Факт е дека работата е зрела ќе поминат ден, два да се „допеглаат“ некои разбирања во некои формулации и како би течел протоколот, вели Иванов.

Извор: Локално мк

Се ожени cинот на екc пpeтceдателот Иванов: Иван и Јана стапиja во бpaк (Фото)

Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се ожени. Иван официјално стапи во брак со прекрасната Јана откако во октомври минатата година се верија.

Судејќи по фотографиите, венчавката била во потесен круг на роднини и пријатели, а среќата на новиот брачен пар е повеќе од забележлива.

На една од објавените фотографии на Инстаграм стори кај младоженецот Иван се примети еден мал детал, односно стомакот на невестата Јана. Дали новопечениот млад брачен пар очекува принова останува да дознаеме понатаму.

На Иван и Јана им честитаме за стапувањето во брак и им посакуваме вечна љубов и слога.

Иванов: Ќе немаат ни 2% пари да го исполнат ветеното градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

„Во што всушност беше борбата на ВМРО- ДПМНЕ преку собраниско рекомпнирање и на бранот на локалните, преку “зеленото собраниско копче” бргу да ја преземе и централната власт?

Па само на фактот дека знаат оти од ветувањата на градоначалниците не бива ништо, тие дури и да имаат персонални способности ќе немаат ниту 2% пари за реализирање на ветувањата а тоа е вовед во сигурен пораз на наредните парламентарни – проста математика.

Секако, аналогно тоа исто важи и за актуелната власт но со таа разлика што сега таа е власт“.

Фејсбук статус на новинарот Зоран Иванов