Tag Archives: Избори

Шаленберг: Или уставни измени или изолација – Мицкоски: Датум за следни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати дипломатска но остра порака на тројца министри од ЕУ, доколку на средбата со него тие зборуваат само на темата уставни измени без да стават акцент на корупцијата и криминалот.

,,Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден како граѓанин на Македонија, бидејќи на сите анкети граѓаните во Македонија, уставните измени не ги ставаат ниту во првите десет приоритети – рече Мицкоски вчера во Занаетчиската комора пред попладневната средба со министрите на Австрија, Чешка и Словачка.

,,Ако навистина го почитувате овој народ и граѓаните и ако сакате европска иднина и перспектива на Македонија тогаш малку повеќе треба да посветиме внимание на криминалот и корупцијата, на реформите…”, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Имаа неколку решенија коишто ги понудив изминатава година, а тие ги одбија. Сега на маса е само една работа да седнеме и да се договориме за терминот за следните парламентарни избори. Се останато се рибарски приказни и фантазија на власта”, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува дека „конечно ќе се свестат луѓето во владата и конечно заеднички ќе излеземе со еден состанок со кој што ќе ја дефинираме датата за следните избори“.

Инаку денеска во посета на нашата земја се министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка Александер Шаленберг Јан Липавски и Мирослав Влачовски, кои попладнево треба да се сретнат со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и со раководството на партијата.

Предходно министерот за надворешни работи на Австрија им се закани на македонците.

На зедничката прес-конференција со министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг, предупреди дека Македонија ќе биде изолирана доколку не ги прифати уставните измени и не продолжи да оди кон европскиот пат.

„Штом ќе почнат преговорите, тоа е неповратен процес. Земјата чека 18 години да дојде до овој момент. Сега вам ви останува да го искористите овој момент. Политички треба да се биде одговорен и пред се да се имаат националните интереси. Моментот е сега и ве уверуваме дека не се мешаме во внатрешните работи на земјата“, порача Шаленберг. 

Во име на тројцата министри на три членки на ЕУ кои допатуваа денеска во земјата уште додаде дека тоа „не се случува секој ден“:

„Нашата порака е едноставна и силна – тоа е порака на охрабрување, нема време за губење, би сакале да продолжите со потребните уставни измени за да почнете со преговорите за членство. Да се одложи усвојувањето на амандманите значи да се одложи пристапувањето на с.Македонија. Би било штета Скопје, откако истрча еден тежок маратон да се сопне на следната пречка. Долг пат изминавме заедно и надминаме многу тешкотиии“ рече Шаленберг.

„Јас сум мајка, Италијанка, христијанка“: Која е идната премиерка на Италија? (Видео)

Коалицијата составена од партијата на Џорџа Мелони – Браќа на Италија, партијата Лига на Матео Салвини и партијата Напред Италија на Силвио Берлускони може да смета на 227 до 257 места или на апсолутно мнозинство во парламентот со оглед на тоа што освоила меѓу 41 и 45 отсто од гласовите, покажуваат излезните резултати од вчерашните избори во Италија.

Тоа, според резултатите, би значело дека оваа коалиција е на пат да формира нова влада во Италија. Според излезната анкета што ја објави РАИ, левицата предводена од Енрико Лета добива меѓу 78 и 98 места со освоени 25,5-29,5 % од гласовите. Движењето Пет ѕвезди на Џузепе Конте е на третото место со 36-56 пратеници или освоени 13,5-17,5 % од гласовите.

Погледнете ги ставовите на Џорџија Мелони новата премиерка на Италија.

„Жена, мајка, Италијанка и христијанка“

„Јас сум Џорџа, јас сум жена, јас сум мајка, јас сум Италијанка, јас сум христијанка. Тоа никој нема да ми го одземе“, им рекла Мелони на приврзаниците во центарот на Рим.

Таа фраза станала лајтмотив на политичкиот подем на Џорџа Мелони од лидерка на маргинална партија со корени од италијанската неофашистичка десница до идна премиерка. „Бог, земја, семејство“, е слоганот под кој Мелони ја водела кампањата, а станува збор за слоган кој го користеле фашисти.

„Ако сме повикани да управуваме со оваа земја, ќе го правиме тоа за сите Италијанци со цел обединување на луѓето и фокусирање на тоа што не обединува, а не тоа што не раздвојува. Време е за одговорност“, вели таа.

Извор од ДУИ најавува: Предвремени избори ако во јуни нема датум за преговори

Во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори доколку во јуни нема почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), соопштил извор близок до Демократската унија за интеграција (ДУИ) за порталот „КД политик“.

Блокадата на парламентот од страна на опозицијата и можниот недостаток на европска перспектива со неопределување датум за преговори не оставаат друг избор освен одржување на нови парламентарни избори-наведува албанскиот медиум.

Уште се наведува дека доколку дојде до избори ДУИ нема да оди со ниту една од партиите на Македонците, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Гласовите на ДУИ се неопходни за распуштање на Собранието бидејќи имаат 15 пратеници. ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса се изјаснија дека предвремени избори се неопходни бидејќи земјата оди во погрешна насока.Лидерот на Алијанса смета дека избори ќе има веќе во октомври оваа година.

Вучиќ и Орбан згазија на изборите

Според последните информации, на изборите во Унгарија се преброени голем број гласови, а актуелниот премиер Виктор Орбан освоил двотретинско мнозинство. Фидес на Орбан доби 54,36 отсто од гласовите, опозициската Обединети 33,36 отсто и Наша Татковина 6,44 отсто.

„Никогаш не сме се претставиле толку добро како вечерва“, рече Виктор Орбан во своето обраќање пред гласачите, додавајќи: „Почитувани пријатели, извојувавме голема победа, стопроцентно да се гледа од Месечината и од Брисел“, рече тој и се заблагодари за поддршката и помошта.

„Победивме во 2010 и 2014 година кога не’ предизвикаа, потоа во 2018 кога беа против нас и во 2022 година кога сите се обединија против нас. Ќе треба да проучуваат и ако не го најдат одговорот, треба да го прашаат Бога како го постигнавме овој резултат кога сите беа против нас. Оваа победа значи дека над залудните тактики и задкулисни игри победува срцето. Тоа е победа на унгарското срце“, рече Орбан.

Обраќајќи се кон големите меѓународни организации тој рече: секој денар за левицата беше залудно фрлање пари.

„Победата ќе се памети до крајот на нашите животи затоа што сега беше неопходно да се победат најкомплексните непријатели – левицата во земјата, левицата во странство, институциите на Сорос, меѓународните медиуми, дури и украинскиот претседател. Никогаш не сме имале толку непријатели на избори. И покрај многуте пари, не можеа да не спречат. Не дозволивме да се врати минатото, ја браневме слободата на Унгарија и обезбедивме безбедност и мир во Унгарија и нашите деца и нашите семејства“, порача Орбан.

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА

„Успеав да направам нешто што никој во Србија досега не успеал да го направи. Јас сум единствениот што победил двапати во првиот круг“, рече вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ по првите информации дека убедливо води на денешните избори во Србија.

„На претседателските избори освоив меѓу 59,9 и 60,1 отсто, а Понош (кандидатот на здружената опозиција) 17,7 отсто“, рече Вучиќ во јавното обраќање.

По Никола Пашиќ, јас сум Србинот што е најдолго на власт“, рече Вучиќ.

„Се обидувам да ги сокријам солзите радосници бидејќи сум престар за да плачам“, рече тој.

Тој додаде дека „ова се бројки што не може да се променат“.

„Влијанието на украинската криза беше многу поврзано со изборите, Србија отиде десно, јас сум виновен, некои наши листи имаат нешто помалку гласови, тоа ќе го земеме предвид при формирањето на владата. Ова ви го кажувам затоа што Србија ќе мора да се определи“, рече Вучиќ.

Во Софија жена ГО ИЗЕЛА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ

Жена го изџвакала и го голтнала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената.

–Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.

Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.

ЕУ ќе ја понижи Бугарија за зелено светло за Македонија

ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Македонија да добие зелено светло за почеток на преговори и тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, изјавил за “НОВА ТВ” поранешниот бугарски претседател Бојко Борисов.

Борисов го цитирал францускиот претседател Емануел Макрон, кој рекол дека до декември Македонија треба да започне преговори, што според него значи дека ЕУ ќе ја принуди Бугарија да направи отстапки.

Според Борисов, Радев претставува штета за Бугарија, а рекол и дека тој ги поделил партиите во земјата во анти-Радев и про-Радев и анти-Борисов и про-Бориsов.

Бугарија во моментов ја предводи техничка влада, а во недела трет пат по ред ќе се одржат предвремени парламентарни избори, откако во претходните два обиди никој не можел да формира влада.

ВМРО-ДПМНЕ на чекор до победа во 12 општини

ВМРО-ДПМНЕ официјално прогласи победи во 12 општини во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ издвојува убедлива победа во Охрид, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Битола, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново, Конче и Лозово.

Данела Арсовска инаку има и убедливо водство во градот Скопје.

Од обработени околу 13 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со 59,66 проценти.

Петре Шилегов од СДСМ има 37,13 проценти од гласовите, покражуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.

Петре Шилегов од СДСМ има 37,13 проценти од гласовите, покражуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија за резултатите од гласањето на вториот круг од локалните избори.

Во охридско гласач ПЕЕЛ НАРОДНИ ПЕСНИ на гласачко место

Во извештајот на „Цивил“ до 15 часот, забележан е необичен случај на гласачко место во охридско.

Во основно училиште во с.Лескоец, охридско, на ИМ 1307, гласач пеел народни песни и им се обраќал со непристојни изрази на присутните. И така се гласа…, се вели во извештајот на „Цивил“ – пренесе МИА.

Драми во Ѓорче: Изборен поткуп во Геге – упасени две лица (Фото и Видео)

Поткуп на ромското население се случува во овој момент во Ѓорче Петров, известува Курир.мк.

Имено според нашите информации во овој момент во населбата Даме Груев попозната како Геге полицијата приведе две лица поради поткуп на граѓаните.

Според информациите станува збор за поткуп за гласање за градоначалник на градот Скопје.

А1он има и видео снимка:

https://youtu.be/qpkd73j43sQ

Албанците во Кичево: Не е чудо да победи ВМРО, овие многу ја искрадоа државата, Кичево многу го искрадоа (Видео)

Кичевци по изборите очекуваат повеќе работа и посветеност, тоа го велат граѓаните кои ги анкетираше ТВ21 во Кичево.

Некои се оптимисти но има и такви кои се песимисти дека независно кој ќе дојде на чело на општината, нештата ќе останат исти.

„Ние очекуваме да се изгради болницата, кучињата скитници ако може и тие да се сместат некаде, очекуваме многу работи“, вели граѓанин.

„Овде работата ќе биде многу лошо, не е чудо да победи ВМРО, и тоа се очекува, така мислиме бидејќи многу ја искрадоа државата, Кичево многу го искрадоа“, додава граѓанин.

Што се однесува до поскапувањето на електричната енергија по Нова Година и прехранбените производи до крајот на годинава, повеќето од жителите сметаат дека нема да можат да преживеат со овие плати и стандард.

„Голем проблем е бидејќи има жители кои живеат во голема сиромаштија“, посочи граѓанин.

„Луѓето овде немаат работа, немаат што да прават, немаат работа и ќе бегаат надвор“, вели граѓанин.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 31 октомври. Во втор круг на ниво на цела држава одат вкупно 43 општини.