Tag Archives: Кајмаковски

Трет ден сум во болница, да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа

Пејачот Даниел Кајмакоски, кој трет ден е во болница, побара разбирање од медиумите и да не се објавуваат непроверени информации во врска со неговиот случај.

„На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница. Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации. Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот“, напиша Кајмакоски на социјалните мрежи.

Тој во петокот бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Пријавил дека бил на средба со поранешната сопруга која му дала кафе од кое му се слошило.

Неговата поранешна сопруга Кристина Димитријевска рече дека не сака да ги коментира обвинувањата од поранешниот сопруг.

Според пријавата во полиција, Кајмакоски кажал дека додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, била ставена дрога.

Според информациите од МВР, Димитријевска била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на Кајмакоски и изјавила дека имале средба за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе.

Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Кајмакоски му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи.

Се огласи и поранешната сопруга на Кајмакоски по наводите дека го ,,отрула” Даниел

МВР соопшти дека во полициската станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза”, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга, таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени нар*отични средства.

„Жената била повикана во полицискат станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Дел од медимуте дознаа дека станува збор за пејачот Даниел Кајмакоски, а од неговата поранешна сопруга биле информирани дека „не сака да коментира глупости“.

Даниел Kaјмаковски итно примен во болница-пpиjaвил дека поранешната сопруга му стави нешто во кафето

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Му се слошило по средба со поранешната сопруга на која таа му дала кафе во кое тој се сомнева дека имало дрога. МВР потврди дека Кајмакоски бил примен во болница и дека се работи на расчистување на случајот.

„Вчера во 13,00 часот во полициска станица Центар од Комплекс клиники ’Мајка Тереза’, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга, по чие што кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени наркотични средства. Жената била повикана во полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе. Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „А1он“. Поранешната сопруга на Кајмакоски, Кристина Димитријевска, за „А1он“ рече дека не сака да коментира за обвинувањата.

„Не би коментирала вакви глупости. Ако мислите дека треба да кажам нешто барајте го мојот адвокат“, кусо одговори Димитријевска на прашањето зошто Кајмакоски ја обвинува дека му дала кафе од кое му се слошило и го исклучи телефонот. Кајмакоски се разведе во 2019 година по три години брак со Димитријевска во кој добија син.

Вечер.мк