Tag Archives: Кафе

Петар и Никола ги дизајнираа првите македонски рамки за очила од отпад од кафе!

Искористеното кафе да не биде отпад и да заврши на депонија, туку да биде суровина од која ќе се направи органско ѓубриво и конкретни производи за секојдневна употреба, како на пример очила или пак други декоративни предмети.

Водени од идејата за циркуларна економија, младите Петар Стефаноски и Никола Вучков како дел од тимот Coffеe Мates, креираа еколошко решение за намалување на количините на отпад кои завршуваат на депониите со реупотреба и рециклирање на отпадот од кафе, кое неодамна беше избрано како еден од победниците од третата генерација на млади од проектот RISE, организиран од Здружението за социјални иновации АРНО.

Тие неодамна учествуваа и на регионалниот собир на нови социјални претпријатија RISE Bootcamp 2023, кој се одржа во Тирана, Албанија како дел од проектот на RISE. Тимот на Coffee Mates го освои првото место со својата презентација пред тричленото жири кое го сочинуваа претставници на програмата RISE, RYCO и останати регионални здруженија за социјални иновации.

Цело интервју на Иновативност

Бифе Тафталиџе со „ХУМАНО КАФЕ“ – Доаѓаш, нарачуваш кафе, праќаш СМС на 143-400 и КАФЕТО Е ПЛАТЕНО !

Бифе Тафталиџе со хумана акција за бесплатно кафе ако дојдете и донирате за помош за Турција и Сирија на достапниот телефонски број.

Алал да вие!

Воведен прв МИНИСТЕР ЗА КАФЕ во светот

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја го објави новиот состав на владата, кој вклучува не само некои нови лица, туку и некои нови позиции, вклучително и функцијата министер за кафе.

Позицијата, прва од ваков вид во светот, ја покажува посветеноста на владата за проширување на клучните земјоделски индустрии, рече премиерот Џејмс Марапе, кој победи во трката за реизбор на почетокот на овој месец, по парламентарните избори кои беа нарушени со насилство и обвинувања за измама на гласачите, пишува лондонски Гардијан.

Марапе за прв пат назначи и министер за палмово масло.

„Овие именувања значајно го истакнуваат земјоделството, за да можеме да видиме раст на земјоделството во земјава“, рече тој објавувајќи го составот на новата 33-члена влада.

Првиот министер за кафе на Папуа Нова Гвинеја е новоизбран пратеник Џо Кули од областа Англимп-Јужна Ваги.

Кафето од земјата се појави во последниве години како посакуван увоз, со кафулиња низ Австралија, САД и Јапонија кои служат кафе направено од зрна одгледувани во Папуа Нова Гвинеја.

Трет ден сум во болница, да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа

Пејачот Даниел Кајмакоски, кој трет ден е во болница, побара разбирање од медиумите и да не се објавуваат непроверени информации во врска со неговиот случај.

„На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница. Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации. Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот“, напиша Кајмакоски на социјалните мрежи.

Тој во петокот бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Пријавил дека бил на средба со поранешната сопруга која му дала кафе од кое му се слошило.

Неговата поранешна сопруга Кристина Димитријевска рече дека не сака да ги коментира обвинувањата од поранешниот сопруг.

Според пријавата во полиција, Кајмакоски кажал дека додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, била ставена дрога.

Според информациите од МВР, Димитријевска била повикана во Полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на Кајмакоски и изјавила дека имале средба за да го види своето дете, но воопшто не пиеле кафе.

Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Кајмакоски му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи.

Д-р Митов:Зошто е подобро кафето да се пие ПОСЛЕ, а не ПРЕД доручек?

Истражувачите од Универзитетот од Бат, Велика Британија го следеле ефектот на нарушениот сон и утринското кафе заедно со повеќе други метаболитички маркери.

Утврдиле дека пиењето кафе наутро, за расонување, пред доручекот, особено по неквалитетниот сон претходната ноќ, има силно негативно влијание на шеќерното ниво во крвта. Оваа навика може да биде особено лоша за дијабетичарите.

Имајќи предвид дека во светски рамки, но и кај нас во Македонија пиењето кафе е многу честа навика и тоа токму пред доручекот, резултатите од оваа студија можат да нè водат кон навистина значајни заклучоци.

Но, забележана е голема разлика помеѓу резултатите за шеќерното ниво во првите два екперименти и третиот, односно пиењето на силно турско кафе пред доручекот, го зголемило шеќерот по доручекот за дури 50%.

Целата статија на Д-р Митов :

https://drmitov.mk/%d0%b7%d0%be%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%be-%d0%ba%d0%b0%d1%84%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d0%b8%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%b5-3/