Tag Archives: КалинИвановски

Калин за првпат е во ТОП 400 ТЕНИСЕРИ ВО СВЕТОТ

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски (19) го има најдобриот ранг и се наоѓа на 359-то место во сингл на АТП листата.

Македонскиот тенисер има скок од 50 места со вкупно 131 поен.

Ова пред се се должи на 25-те поени со триумфот на фјучрсот во Скопје.

Втор македонски играч на ранг листата е Обрад Марковски, кој е на 1154. место.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ овој понеделник ја стартуваше 389-та недела на чело на АТП листата на најдобри професионални играчи во светот.

Го следи Карлос Алкараз со 7.175 поени.

На третото место е Данил Медведев, а потоа следуваат Каспер Руд, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Тејлор Фриц, Јаник Синер и Френсис Тиафо.

Браво! Kалин Ивановски го освои ИТФ турнирот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е победник на Фјучерсот во Скопје. Ивановски попладнево во финале го победи Саша Вајнебург од Франција со 2:0, по сетови или 7:6(2) и 6:4.

Мечот се одигра на терените на ТК Југ и траеше 1 час и 46 минути.

Македонецот беше четврти, Французинот трети носител на турнирот со награден фонд од 25.000 долари.

Ивановски е прв македонски тенисер со трофеј на Фјучрс во Скопје по пауза од 15 години.

Ивановски најдобар во двојки: Македонецот атакува на две титули во Куршумлиска Бања

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со успесите на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.

Ивановски денеска во финалето во двојки заедно со Украинецот Олександр Овчаренко со резултат 2:1 (3:6, 7:6, 10:5) триумфираа над Андреј Чепелев (Русија) и Микалаи Халиак (Белорусија).

Нашиот натпреварувач има шанса викендов да се закити со две титули, в недела го очекува и финале во сингл конкуренцијата.

Ивановски за титулата ќе игра против седмиот носител на турнирот, Клемен Табур од Франција.

Табур во полуфиналната фаза го елиминираше Италијанецот Самуел Винсент Ругери со 7:6 и 6:4.

Уште едно наше златно дете: Ивановски се пласираше во второто коло на Вимблдон

Најдобриот млад тенисер на Македонија, Калин Ивановски се пласираше во 2. коло на Вимблдон, откако во првиот меч во јуниорска конкуренција славеше над десеттиот носител, Американецот, Дејли Бланш со 2-0, по сетови 7-5 и 7-6.