Tag Archives: канцер

Браво за ЛИЛА ! Победа над канцерот со стил (Фото)

Долго време се зборуваше низ јавноста дека Лила се бори со некаква болест, па новото издание на Убавина и здравје популарната водителка конечно и обелоденува на јавноста како го победила ракот.

„Канцерот ми го смени животот но не и мојата вредност. Прв пат зборувам за мојата борба со канцерот, но не да ве траоризирам туку да ви кажам дека го победив тоа зло после година и кусур борба и дека сум тука да помогнам некому заедно да го победиме. Не заборавајте канцерот не е непобедлив !!!! Јас сум доказ!“ – напиша водителката споделувајќи ја насловната на магазинот „Убавина и здравје“.

Лила првпат отворено и непосредно зборува за својата најголема животна битка. Ја задржа насмевката пред камерите, продолжи да работи и да се појавува на настани, секогаш средена и добро расположена. Никој не знаеше што ѝ се случува, освен најблиските. По повеќе од една година исполнета со неизвесност, очекувања, терапии и стравови, омилената ТВ-водителка победнички може да каже дека е здрава! Во битката со канцерот, победникот е Лила!

Поради присуство на канцерогена супстанца овој чипс се повлекува од пазарот!

Серија на „Аро чипс“ со вкус на пиперка во пакување од 300 грама, со рок на користење до 30 април 2023 година, се повлекува од хрватскиот пазар поради зголемено количество на штетната и канцерогена супстанца акриламид, известија хрватските власти.

Производител на чипсовите е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољац, а на пазарот е пуштен од познатиот дистрибутивен синџир за храна „МЕТРО“, пишуваат хрватските медиуми. Чипсовите се LOT број 5745 и EAN код: 3856024703703.

Производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната и Регулатива на Комисијата (ЕУ) 2017/2158 за воспоставување мерки за ублажување на ефектите и нивоата на референца вредности за намалување на присуството на акриламид во добиточната храна.

Живoтoт ни e aгoнијa, тaткo ми eм има kaнцep, ем е тeпaн, ем е тужeн

Актерот Стефан Петровски и сопственик на кафе барот „Гарсон“ во центарот на Скопје, тврди дека целото негово семејство е под огромен психолошки стрес и доживува траума, затоа што неговиот татко, Бранислав Петровски откако беше претепан и му беше скршен черепот, сега добил и приватна кривична тужба од истиот бизнисмен кој на суд го признал тепањето. Згора на се, претепаниот човек, со години се бори со канцер и прима хемотерапија.

Кривичниот суд Скопје, врз основа на признание на вина, го осудил бизнименот три години условна казна, затоа што со умисла тешко телесно го повредил Бранислав Петровски додека тој со џогер го чистел плочникот пред својот бизнис. Тогаш бизнисменот ја зел в раце металната табла пред дуќанот и му ја фрлил до влезот. Потоа Бранислав Петровски му се обратил со зборовите „Ти не си тој што треба да ми каже дали треба да поставам реклама или не“. Потоа, според пресудата, бизнисменот почнал да го удира со тупаници по главата и лицето, по што Петровски се здобил со набијна повреда, скршеница на јаболчната коска, скршеница на синусот со крвен излив на него, крвен подлив под левото око и истекување на течност низ носот.

Во пресудата пишува дека бизнисменот се кае и дека му е жал што се вовлекол во таква состојба и изречена му е условна казна од три години. Меѓутоа, само неколку месеци подоцна, бизнисменот приватно кривично решил да го гони истепаниот Бранислав Петровски. Притоа, како што тврди синот на претепаниот скопјанец, Стефан Петровски, – бизнисменот бил и да извади лекарско уверение кое се однесува за истиот настан, и тоа го направил месеци откако настанот завршил.

Тој е разочаран од правдата во државата, и прашува како за ист настан може да има две пресуди, едната дека бизнисменот го тепал татко му, а втората да се води постапка дека сеслучило обратно.

Целиот видео разговор со актерот Стефан Петровски во кој тој ја раскажува семејната агонија, погледнете го во продолжение Слободен печат.