Tag Archives: Кандидат

Кој е Бугарскиот кандидат за претседател кој дојде во Македонија, за да подаде рака и повика на разум

Кандидатот за претседател во Бугарија, Лозан Панов вечерва изјави дека дошол во посета на Македонија, за да подаде рака да го намали тонот на омраза меѓу двата народи.

-Сакам да повикам на разум и да направам мостови за да водиме нормален дијалог. Сметам дека дијалогот е важен и мораме да покажеме различно лице. Националниот интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од ЕУ. Односите меѓу двете земји кога се лоши го дестабилизираат целиот регион, затоа што секогаш во еден спор и двете страни губат. Луѓето кои се уште ја сакаат титово Југославија и живкова Бугарија треба да отстапат од процесот и да дозволат луѓе да не обединат. Тонот на разговор е недоволно сериозен во последните 2 години, рече Панов во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Гоце ,,Вегета”: Вода нема во езероно, ќе ја вратите и водана? WC нема во цел град (Видео)

Вц-а нема во градот, со петгодишно дете ќе се пикате во ресторан за да оди? Ова се само дел од поплаките од граѓаните кои кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од ТМРО, Гоце Цветкоски, ги прочита на дебатата на МТВ.

Вода нема во езероно, ќе ја вратите и водана? Срамота!, порача Цветкоски во своите избројани секунди

Тој повторно на себе го носеше Сонцето од Кутлеш со зборовите „Северна на мајка ти“.

Цветкоски стана хит откако во дебатата со неговите противници на ТВ24 извади „вегета“ и ги посипа.

Tеута Арифи кандидат за градоначалник на Тетово: Ќе го направиме Тетово модерен, чист и зелен град за идните генерации

На партиска средба на Демократската унија за интеграција во Тетово беше одлучено Теута Арифи да биде кандидат за градоначалник на Тетово. Преку социјалните мрежи Теута Арифи порача дека го прифатила партискиот предлог таа повторно да се кандидира.
–Бидејќи веќе осум години сум градоначалник на Тетово, ги знам проблемите и предизвиците подобро од било кој друг. Така знам што останува да се направи. Научив дека не можеме да ја постигнеме оваа мисија поинаку, освен заедно. Заедно со вас, со нашите пријатели, со поддршка на централната власт и заедно со граѓаните, напиша Арифи.


Таа порача дека има уште многу работа заедно со граѓаните.
Реализиравме булевари, јавен превоз, водоснабдување, урбана и рурална патна инфраструктура, како и многу други проекти.


–Овие избори не се за мене, овие избори се за нас. За нас како ДУИ, а уште повеќе за нас како граѓани на Тетово. Сега е време да го подготвиме Тетово за во иднина, со инвестиции во гасификација, со еколошка инфраструктура – модерно Тетово, што ќе не направи горди не само како метропола на регионот, туку и како чист и зелен град за идните генерации, истакна Теута Арифи.


Теута Арифи е градоначалничка на Тетово во два мандати почнувајќи од 2013 година

Данела Арсовска кандидат за ГРАДОНАЧАЛНИК на Скопје (ВИДЕО)

Драги Скопјани, мои сограѓани, би сакала со Вас јавно да споделам и официјално ја објавам својата кандидатура како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје и ја барам поддршката од сите Вас чесни луѓе кои сакаат промени, вели Данела Арсовска на Сојузот на стопански комори.

Таа во своето обраќање вели дека е време да делуваме различно од досега, а времето не чека никого.

– Доаѓа крајот на политички агенди и лажни ветувања. Политички калкуланти, лаги и корупција континуирано ни ги одземаат шансите за нормален живот. Заткулисни игри предолго го окупираат градот и неговото функционирање, а незадоволството кај граѓаните континуирано се зголемува. Или ќе стоиме на страна или ќе се спротивставиме и ќе почнеме заедно да ги менуваме работите. Партизираност на институциите или одлучност и професионалност за пристоен живот! Време е да се одбере – празни ветувања, нереализирани проекти или вредни, способни и исполнителни личности кои нема да потпаднат под политички притисоци и нема да се откажат од својата визија, изјави Арсовски.

Таа посочува дека ние како граѓани не бараме многу,  не бараме лажни ветувања кои никогаш нема да бидат исполнети од страна на политичарите.

– Напротив, ни требаат храбри личности кои ќе ги застапуваат нашите права и привилегии и ќе се грижат за нашите потреби за достоен живот како што заслужува секој еден граѓанин. Мора да имаме храброст и да кажеме “Ние заслужуваме подобро!”.  Од таа причина одлучив да делувам и се кандидирам за Градоначалник на нашето Скопје како независен кандидат на луѓето на Скопје! Како изградена личност и жена која со труд и посветеност успеала во личните и професионални предизвици, Ве повикувам ЗАЕДНО да се посветиме Скопје да прерасне во современа и Европска метропола! Да победиме заедно! Да создадеме современ град, центар на културата и спортот, град на солидарноста и соживотот. Еколошки чист и одржлив град, потенцира Арсовска

“За младите кои градат иднина. Компетентни луѓе на вистинските места. За луѓето кои сакаат сигурност и стабилност. Скопје кое се грижи за скопјани!

Заедно! Силно! Да покажеме знаење.

За УБАВО СКОПЈЕ!

За НАШЕ СКОПЈЕ!

Видео 👇

https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/videos/1159279217928721/