Tag Archives: кандидати

СКАНДАЛ: Кандидатите кои аплицирале за работа во АРМ да се јават кај претседателот на огранокот на партијата!

Владејачката партија продолжуваат да ја тресат скандали. Имено, на официјалната фејсбук-страница на СДСМ Арачиново, кандидатите коишто аплицирале за работа во АРМ се повикуваат да се појават кај претседателот на огранокот на истата партија или кај раководството на истата.

-Почитувани сонародници, ве повикуваме сите кои што аплициравте на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Северна Македонија, кандидатите да се појават кај претседателот на огранокот во Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот СДСМ-Арачиново, се вели во повикот на партијата објавен на Фејсбук.

Во меѓувреме, скандалозната информација беше отстранета од социјалната мрежа на Фејсбук.

Д-р Беќаровски: Со толку доктори во советничките листи, ќе може да се направи мини општинска поликлиника

Др. Нико Беќаровски од клиниката за Токсикологија, на својот Фејсбук рофил даде предлог до сите негови колеги доктори кои се на советничките листи.

„Со толку многу мои колеги доктори во сите советнички листи, во секој општински совет ќе може да направите МИНИ ОПШТИНСКА ПОЛИКЛИНИКА.Барем воведете и ден кога во општинските згради ќе има бесплатен консултативен преглед за граѓаните од Општината.Да имаат некаков бенефит и тие, напиша д-р Беќаровски.

Д-р ЛАЗАРОВ до колегите ДОКТОРИ: Како БЕ не ви е срам по листиве кандидатски сте се натопориле, држава ќе оправате, а уствари се лактате за фотељичка и аванта

Докторот Ненад Лазаров кој се прослави за време на пандемијата со коронавирус пред се поради неговата хуманитарна работа и донациите на витимини на болни од Ковид 19 и совети за граѓаните.

Лазаров неретко знае и да ги искритикува здравствените политики на власта па поради тоа се најде на мета на партиските ботови и провладини лекари кои ги нарече ефтина роба.

-Колеги мои опортуни, тие што ми коментиравте дека сум бил политички мотивиран пошто критикувам малоумности, како БЕ не ви е срам по листиве кандидатски од партии сте се натопориле, држава ќе оправате а уствари се лактате за фотељичка и аванта бесрамно!?!

Ама непартиски доктор не смее за политика да збори а? Ефтина роба.

12 години ви ги трпам демагогиите се додека не процути секој од вас на некоја листа партиска, пишува тој.