Tag Archives: Караџовски

Караџовски им потпишaл рeшение на зapaзените пратеници да дојдат во Собранието

На 18 добив решение на моето барање дека може и позитивни пратеници да дојдат на работа. Решението е потпишано од Комисија за заразни болести односно Д-р. Жарко Караџовски. Останувам на тоа дека не е направен никаков прекршок со доаѓањето на двајцата пратеници во скафандер во Собранието. Пратеникот не одговара кривично за зборување во Собранието и за учество во Собранието, тоа е Уставна категорија. Од таму пратеникот не може да биде попречен во работењето, па дури и да е прогласена воена состојба, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

-Добив акт за процедурата во посебни простории. Суспекните лица односно пратеници доколку чувствуваат дека се во можност да дојдат Собранието, можат да го направат тоа доколку им обезбедат услови. Тое значи да дојдат со свое возило илу службено возачот да биде целосно заштите, потоа пратеникот се доведува во Собранието, од таму по посебна патека без контакт со никого доаѓа во посебна просторија која потоа ќе се дезинфицира. Опозицијата тогаш не одеше на комисии и не знаеа дека има дополнување на протоколот, рече Џафери.

Претседателот на Собранието рече дека поднел и барање да се изгласа алтернативно работење на заболените пратеници од дома односно онлајн, но опозицијата го отфрлила ова барање.

Не сум утепал никого за да понесам одговорност и не одговарам на пораки од новинари во недела

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски на денешната прес-конференција на која беа соопштени построги мерки, упати апел до новинарите и вели дека нема да одговори на пораки од новинари во недела. За тоа дали чувствува одговорност за високата бројка на заразени и починати, тој вели дека не гледа причина бидејќи, како што кажа, не утепал никого.

Зошто не побарате одговорност од Борис Џонсон или од Меркел. Постојат случаи каде луѓе умира во ходници. Ми пишувате пораки во недела. Не можам да се претворам во дневен информатор и нема да одговорам на новинарите во недела. Не можам да одговорам во недела кога во понеделник треба да се состанеме. Сите го гледаме собирањето пред Силбо и Универзална сала, кај Апче… и добивам многу такви фотографии. Да бидеме реални и да сфатиме дека сега ни треба заедничка слога за да испливаме од оваа ситуација. Претходно одговорив, не сум утепал никого за да понесам одговорност. Не сакам да бидам вулгарен, но ајде кога барате одговорност дајте аргументи”, вели Караџовски како одговор на прашањето дали некој ќе понесе одговорност за состојбата со ковид-19.

Сега сме во неповолна ситуација, затоа што вирусот се шири низ целата земја. Не би ја оценил состојбата како катастрофална, бидејќи сѐ уште ја менаџираме болеста. Ниеден пациент не е оставен да страда, без медицинска нега. Здравствените работници се преморени и не смееме да дозволиме да се намали нивниот број, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести прим.д-р Жарко Караџовски оценувајќи дека најголем пренос на болеста во моментов е во Битола.
Ако ме прашувате зошто решивме да донесе рестриктивни мерки, затоа што вирусот сега не е истиот и затоа што расте бројот на заболени. Во последните три недели се случува бум, со позитивни на ковид-19 од над 1.200 и повеќе на ден. Се насобраа огромен број на случаи, за период од две-три недели се наполнија болниците, рече д-р Караџовски.

Тој рече дека очекува со мерките на здравствените работници да им се даде „капка” одмор, здравствените власти да обезбедат нови кадри, а оние капацитети кои се оспособуваат да бидат завршени, и конечно, да се вакцинираат што повеќе лица.

„Правилото е вакцинирај, вакцинирај, вакцинирај, тоа единствениот начин на намалување на бројот на заболени. Ве молам да ги спречиме собирањата и празнувањата, сите да бидеме одговорни“, рече Караџовски.

Британckиoт cој е чудовиштe, наглo ги зафаќа бeлите дробови, главата, cрцетo, бубрезите

Претседателот на Комисијата за заразени болести, доктор Жарко Караџовски во емисијата „Само интервју” на телевизија Канал 5 вчера вечер предупреди дека британскиот сој на корона вирусот е многу опасен, многу брзо се шири и за кратко време предизвикува тешки компликации.

Овој британски сој е меѓу 50 -70 посто присутен кај нас. Во 24-48 часа се започнува клиничка слика која навидум е лесна, но за нецели три дена се развива воспаление на белите дробови и тешка комликација. На оние кои се позитивни мора да им кажеме дека клиничката слика може да се појави нагло, со многи потешка компликација. Прво на белите дробови, па на глава, оштетување на срцето, црниот дроб и бубрезите, згрутчување на крвта… Мултисистемско зафаќање од нешто, што ќе го наречам чудовиште. Не можеш да предвидиш кога и кај кого ќе се појави.  Ние навидум сите изгледаме здраво, но не знаеме какво ни е срцето, крвните садови… Заради британскиот сој имаме многу побрзо ширење и со потешки симптоми – вели Караџовски.

Ова е секаде, не само кај нас, вели Караџовски.

Kараџовcки вечерва cо вознемирувачkа изјава ги иcплаши cите

Претседателот на Комисијата за заразени болести, доктор Жарко Караџовски предупреди дека британскиот сој на корона вирусот е многу опасен, многу брзо се шири и за кратко време предизвикува тешки компликации, дури за нецели три дена појавува клиничка слика.

-Овој британски сој е меѓу 50 -70 посто присутен кај нас. Во 24-48 часа се започнува клиничка слика која навидум е лесна, но за нецели три дена се развива воспаление на белите дробови и тешка комликација. На оние кои се позитивни мора да им кажеме дека клиничката слика може да се појави нагло, со многи потешка компликација. Прво на белите дробови, па на глава, оштетување на срцето, црниот дроб и бубрезите, згрутчување на крвта… Мултисистемско зафаќање од нешто, што ќе го наречам чудовиште. Не можеш да предвидиш кога и кај кого ќе се појави. Ние навидум сите изгледаме здраво, но не знаеме какво ни е срцето, крвните садови… Заради британскиот сој имаме многу побрзо ширење и со потешки симптоми. Ова е секаде, не само кај нас, вели Караџовски.

Караџовски: Не сакам да сум турска серија, нема потреба да ме гледате

Не е точно дека ретко се појавувам пред јавноста од почетокот на пандемијата на корона вирусот, истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски на новинарско прашање.

Тој истакна дека е во добра состојба, откако го прележа корона вирусот и секогаш е отворен за разговори со медиумите.

„Не е точно дека ретко се појавувам пред медиумите. Не сакам да сум турска серија, па да ме гледате секој ден. Нема потреба толку често да ме гледате. Подобри се овие тип на прес-конференции кои ќе ги организира МЗ, а јас секогаш ќе ви стојам на располагање за било-какви прашања“, истакна Караџоски.