Tag Archives: каратист

Емил Павлов го освои сребрениот медал на СП во Дубаи (ВИДЕО)

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов денеска го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство (СП) во Дубаи.

Павлов во финалето имаше израмнета борба на почетокот, но олимпискиот првак Стивен да Коста успеа да го совлада во завршницата од битката.

Ова е најголем успех за македонскиот каратист, кој претходно двапати беше најдобар во Европа, и тоа во 2014 и 2018 година.

На патот до финалето ги елиминираше Матеј Хомола, Садридин Сајматов, Абдалах Хамат, Али Елксави и Маршал Тадиси.

БРАВО: Дејан Недев е европски ШАМПИОН! 👏

Нашиот најдобар каратист Дејан Недев го освои првото место и златниот медал во кати за сениори на ЕК во традиционално карате во Катовице, Полска.

Конкуренцијата во оваа дисциплина беше многу силна каде учествуваа 28 натпреварувачи од најсилните европски земји.

Второто место го освои преставник од Романија, а третото место го поделија преставниците на Унгарија и Италија.

Ова за Дејан Недев е седма европска титула, информираат од МТКФ.