Tag Archives: КаролинаГочева

WOW за Каролина ! – Фасцинираше со најсекси комбинација до сега (Видео)

Македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева вчера пееше на MAC наградите, па покрај настапот, таа воодушеви и со стилот со кој се појави на сцената. Каролина ја отпеа песната „Од небо до дно“, препеана на српски „Ти си мој“. За црвениот тепих таа избра проѕирен долг фустан со висок шлиц, а во очи паѓаше длабокото деколте и беспрекорниот накит.

Во исклучително секси комбинација таа во интервју за српските медиуми откри дека планира да се врати на српската музичка сцена, но и дека снима нов албум со поп-музика. За време на настапот, пак, кој го имаше на церемонијата, Каролина се пресоблече во краток црн фустан со долги ракави.

Видео од целата манифестација можете да погледнете:

Наша Каролина ги засени останатите со својата убавина и изглед, изгледаше фантастично:

“Идила” на Каролина Гочева ќе ве освои од прва! (ВИДЕО)

Македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева пред повеќе од една недела најави дека ќе ги почести обожавателите со нова песна.

Каролина вчера и официјално ја објави новата песна на својата фејсбук-профил. Песната се вика „Идила“ и е прва од единаесетте песни – преработки што ќе се најдат на новиот албум, кој ќе биде достапен наесен.

Како што и претходно најавија од „Авалон продукција“, вчера се случи премиерата на првата песна од новиот проект на Каролина Гочева со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

Каролина Гочева: Да споделиме и по некоја убава вест „Идила“(Видео)

Во видео објава која ја сподели на својот Инстаграм, Каролина Гочева откри дека првата песна го носи насловот „Идила“, а ќе биде објавена наскоро, како и тоа дека албумот е составен од преработки на најубавите македонски евергрини.

Каролина Гочева и Михаил Корубин во досега најромантично издание! (ФОТО)

Пејачката Каролина Гочева вчера го прослави 41-от роденден, честитки доби од многу пријатели, колеги и фанови, но по сè изгледа, најмногу ѝ значи честитката што ја доби од сопругот Михаил Корубин.

На својот Инстаграм профил таа објави фотографија од себеси и напиша:

„Срце полно… Фала ви на честитките, денов не можеше да биде поубав“.

Корубин, пак, исто така објави романтична фотографија од нив двајца: