Tag Archives: Казино

Ограбено казино во Скопје: Крадецот влегол и СО ОРУЖЈЕ ги земал парите од вработените

Денеска (04.04.2023), полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Ф.С.(27) од Синѓелиќ, скопско. Тој се сомничи дека на 30.01.2023 во казино на ул.„Жан Жорес“ со закана со оружје извршил разбојништво, при што одзел пари.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Двајца тетовци запалиле казино откако искоцкале многу пари

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против две лица осомничени дека сториле кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, како и предизвикување општа опасност.

На 18 март, во казино на улицата „Илинденска“ во Тетово, двајцата осомничени започнале да играат на апаратите за среќа. Откако изгубиле поголема сума пари, најпрвин започнале вербална расправија со припадниците на агенцијата за обезбедување на објектот. Потоа со столици и други предмети започнале да ги кршат апаратите и инвентарот во казиното. Обезбедувањето пријавило во полиција, па на местото дошле и двајца полициски службеници.

„Осомничените се вратиле во објектот со пластични шишиња со бензин. Полициските службеници ги предупредиле да не влегуваат во објектот, но наредбата не ја послушале. Напротив, кон полицајците упатиле погрдни зборови и закани дека ќе ги запалат. Оттурнувајќи ги полициските службеници, осомничените започнале да истураат бензин врз тепихот, предметите, но и врз присутните полицајци и припадници на обезбедувањето. Го запалиле бензинот со запалка, по што избувнал пожар во внатрешноста на казиното, а од огнот бил зафатен и дел од униформата на еден од полициските службеници. Веднаш потоа осомничените го напуштиле местото на настанот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, по што со решение на Судот им е определена мерка притвор во траење од 8 дена. За едниот осомничен мерката е веќе ефективна, додека за другиот ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“ велат од ОЈО.​​

Казиното во Дојран доби забрана да врши здравствена дејност – Каде ќе се лечиме ??

Казиното во Гевгелија кое давало лажни ПЦР тестови со жетони за само десет евра, по надзорот извршен таму и забрана за вршење здравствена дејност, што се најде на мета на мајтап на мрежите.

По завршување на надзорите ДСЗИ донесе решение за забрана на ДОО King Europe за вршење на здравствена дејност спротивно на прописите на Законот за здравствена заштита

– употреба на објект без претходна согласност или одобрение од МЗ

За ПЗУ Ели Медика Плус – решение за забрана за

– вршење на здравствена дејност спротивна на прописите за здравствена заштита

– употреба на објект без претходна согласност од МЗ“, велат од ДСЗИ.

Инспекторатот ѝ забрани на Ели Медика Плус да врши ковид тестирања во дојранските казина, а целата документација ќе му биде доставена на Министерството за здравство. Казиното пак доби забрана за вршење на здравствена дејност и употреба на просторот без претходна согласност од Министерството за здравство.

Во Дојран ЗА 10 ЕВРА ДОБИВАШ ЛАЖЕН ПЦР И ЖЕТОН ЗА КОЦКАЊЕ

Само 10 евра биле наплаќани ковид-сертификатите со негативен резултат во казиното во Стар Дојран со кој грчките државјани слободно ја поминувале границата. А за тие десет евра се одбивл и жетон за коцкање во казиното, изјавил за Канал 5 грчкиот новинар Христос Николаидис кој ја направи видео сторијата.

Николаидис, озвучен и со мала видео камера, го посетил казиното Кинг слот принцес, а документот со негативен тест за вкупно 10 евра, бил издаден од лабораторијата Ели Медика Плус. На влез во казиното оставил лична карта и по 45 минути добил негативен тест, односно сертификат со кој ја минал и границата, а за десетте евра за тестот добил и за да може да се коцка. Што значи тестот го добил бесплатно.

Дека се работи за казино Кинг слот принцес во Стар Дојран и лабораторијата Ели Медика Плус со седиште во Гевгелија потврдуваат и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој по извршениот надзор во импровизираниот пункт во административниот дел на казиното затекнале тестирања кои ги вршеле три медицински лица во комплетна заштитна опрема. А евиденцијата покажала седум евидентирани тестирани лица.