Tag Archives: книги

Книгите „Црно семе“ и „Црнила“ ИЗБРИШАНИ од средното стручно образование

„Како само за нас, Македонците, да се создадени сите црнила на овој век„ – оваа позната реченица од книгата „Црнила„ на Коле Чашуле веќе нема да допира до македонските средношколци. Нема ни да го прочитаат цитатот „Ајде потпиши дека си коњ, кога не си коњ„ од романот „Црно Семе„ на Ташко Георѓиевски. Двете антологиски дела се тргнати од програмата во средното стручно образование, потврдуваат професори по македонски јазик за Алфа телевизија.

Официјално нема никакво образложение од бирото за развој или од другите образовни институции. Сепак, дел до професорската фела се сомневаат дека мотивот за цензурата на овие две дела во средното образование е што едното се занимава со состојбата на Македонците во Бугарија, другото со Егејците, објавува Алфа телевизија.

Дејството на Црнила се случува во 1921 година во Софија, а Чашуле е прв автор кој на ваков начин напишал за македонските црнила, за антимакедонштината. Инспирација за да го напише делото му бил вистински , историски настан, убиството на Ѓорче Петров. Идејата е да се прикаже осуда на моралниот пад, “братоубиство”, забивање на нож во грбот-како честа појава во нашата мрачна историја.

-Видов кревање рака на својот идеал. Усмртувањето на Ѓорчета од македонска рака, а во служба на антимакедонски однародени интереси, за мене станаа симбол на македонските црнила воопшто, кажал Чашуле.

Учениците наместо книги добија јаболка – министерот не чувствува одговорност

На учениците во основните училишта наместо книги им се делат јаболка.

Иако сме на крајот од првото полугодие, многу ученици во основните и средните училишта во Тетово, но и во другите градови, се уште немаат книги.

Назми Даути, раководител на секторот за општински дејности, вели дека на училиштата во Тетово им недостасуваат околу 46.000 книги.

„Го  собравме точниот број книги кои ни се потребни во основните и средните училишта каде вкупно ни се потребни 35 илјади книги во основните училишта и 11 илјади книги во средните училишта“, вели Назми Даути.

Даути вели дека носењето јаболка е одлука на Министерството за земјоделство во согласност со Министерството за образование.

„Не можам да разберам и не можам ништо да кажам, тоа е работа која ја имаат преземено централните власти, поконкретно Министерството за земјоделство. Според информациите кои дојдоа за да оствариме контакт меѓу нив, тоа е некаде околу три килограми по ученик, но посериозно прашање од прашањето за јаболката е прашањето за книгите, на што МОН мора итно да реагира и да  обезбеди книги за основните и средните училишта“, додава тој.

Loading…

Министерот за образование Јетон Шаќири денеска беше прашан од новинарите дали чувствува одговорност да поднесе оставка поради недостигот на книги. Тој одговори:

„Да, би се чувствувал одговорен за тоа што го предвидов за следната година во 2023/2024 година кога сите процедури би зависеле од Министерството за образование. Знаете дека јас дојдов како министер во јануари кога беа спроведени некои процедури пред една година, што значи дека беше усвоен и предлог буџетот претходната година“, вели Јетон Шаќири.

Годинава училиштата во Македонија во најголем дел почнаа без книги, иако министерството тогаш делеше скрипти и ветуваше дека до крајот на ноември ќе има набавка на книги, но такво нешто до денес не се случи-пишува тв21.

Ременски против Царовска:Што разбрала таа што во МВР ќе пријавува книжарници

Професорката Фросина Ременски и поранешна висока функционерка на СДСМ и на Собранието, ги критикува предупредувањата од МОН дека сите оние што ќе продаваат хартиени учебнци, ќе добијат пријави во Полиција.

„Нашата домашна библиотекa брои околу 2.100 книги од секаков жанр и на повеќе јазици. Каде и да одиме купуваме книги, а на старите напуштени им даваме живот и век. 

Син ми “чул – не дочул” ме прашува вчера зошто полиција ќе оди по книжари како што чул на телевизија. Како да му кажам на детето дека, книгата никој не може да ја забрани – напротив колку е позабранета, толку повеќе ќе се бара. 

Но, колку разбрал тој, толку разбрала таа што во МВР ќе пријавува книжарници. 

Ќе беше подобро да ги пријави 60-те милиони евра потрошени за лаборатории кои (дел) со фалсификати наместо на факултетите отидоа по МВР и никогаш не стигнаа до студентите – исто како оние компјутери за секое дете. Ама неее …, таму не смее да се чепка, па затоа удри по книжарите“, пишува Ременски на својот гејсбук профил

„Бугарckи народни пecни од Браќата Миладинови“ cе запленетите kниги кои биле пренеcувани од бугарckиот државјанин Cтојанов

Како што јави дописникот на МИА од Софија, книгите со наслов „Бугарски народни песни од Браќата Миладинови“ биле пренесувани од бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој, според бугарското МНР, покажал договор за донација, со којшто книгите требале да бидат доставени до културниот центар.

Бугарската Амбасада во Скопје испратила протестна нота до Министерството за надворешни работи на Македонија, поради, како што соопшти бугарското МНР, одлуката на царинските власти на граничниот премин „Деве Баир“ да не дозволат влез во земјава на 920 книги за Бугарскиот културно-информативен центар во земјава.

Со нотата Амбасадата на Бугарија во Скопје бара објаснувања зошто се бара дозвола за влез на литература од земја-членка на ЕУ, и тврдат дека такво нешто не е регулирано никаде и е апсурдно да се случува во 2021 година во држава која сака да се присоедини кон ЕУ. Оттаму, додава дописникот на МИА во Софија, навдуваат и дека за ова ќе бидат запознаени и Европската комисија и амбасадите на државите членки во Скопје.

920 бугарckи книги запрени на граница, 3ахариева го испратила kонзулот да интервенира на Деве Баир

Захариева го испрати нашиот конзул од Скопје до границата поради бугарските книги запрени од РСМ

Итно испратив бугарски конзул од амбасадата во Скопје на граничниот пункт Деве Баир да му помогне на г-дин Виктор Стојанов, кој беше запрен од властите на Република Северна Македонија со донација од 920 бугарски книги од непознати причини за нас.

Ова го напиша вицепремиерката Екатерина Захариева на нејзиниот официјален профил на Фејсбук.

„Виктор Стојанов објасни дека не му било дозволено да влезат од царинските власти на Македонија, затоа што 920 книги што тој сака да ги донира според договор со нашиот Културно информативен центар во Скопје мораше да поминат царинска контрола, иако потоа вербално објасни дека треба да имаат дозвола од Министерството за култура во Скопје до царинското место “, објави БНТ.

Стојанов моментално е на граничниот пункт Деве Баир и го чека пристигнувањето на бугарскиот конзул за помош, објави бугарскиот портал Труд бг.

Изпратих спешно български консул от посолството в Скопие на ГКПП Деве баир, за да съдейства на г-н Виктор Стоянов, който…

Posted by Екатерина Захариева on Saturday, March 27, 2021