Tag Archives: коњаница

„Кога се срамат да кажат Македонија или дека Илинденско е македонско востание, коњаници не им поминуваат“

Народот и сега како и целиот овој период е сплотен цврсто и бара силно национално единство зад националните и државните интереси. Власта е таа која што го игнорира својот народ, го понижува и се обидува да го раздели. Насилните обиди на власта да направи уставни измени удираат во ѕид. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени под бугарски диктат кои немаат врска со Копенхашките критериуми и се газење на достоинството на својот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека  Македонија бара фер шанса како и сите останати земји кои пристапувале кон ЕУ, а не преговори обременети со историски наративи и притисоци.

– Македонија бара институционални европски гаранции дека европскиот пат ќе биде предвидлив, а не подвижна цел која постојано ќе ни бега заради апсурдни ретроградни барања на Бугарија. Оваа власт за жал ниту кога преговараше, ниту кога прифаќаше не изгради национален и државен консензус. Сега сака тоа да го наметне како свршен чин кој Македонија треба да го прифати без поговорно потенцираат тие.

Од партијата потенцираат дека оваа власт пропушти толку многу подадени раце од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пропушти толку шанси да избори подобри позиции за Македонија. Сега преостанува само што побрзо да го стават ова прашање на пленарна седница и да се соочат со реалноста дека немаат ниту мнозинство. После тоа следен логичен чекор ќе бидат избори. ПР финти од типот на коњици не им поминуваат. Кога се срамат името Македонија да го споменат или пак да кажат дека Илинден е македонско востание, уште три коњици да организираат нема да им поминат. Прочитани се, а наскоро и ќе бидат казнети, стои во соопштението.

Илинденската коњаница од Лисиче ДОБИ БЛАГОСЛОВ и тргна за Крушево (ВИДЕО)

Во организација на здружението „Илинденски коњички марш 1978“, 45-ти пат по ред, илинденската коњаница тргнува за Крушево на традиционалниот марш до Крушево со кој се одбележува 120-годишнината од Илинденското востание.

Во моментов Коњаницата се наоѓа во Црквата Свети Петар и Павле каде добива благослов.

Видео:

https://fb.watch/m2tl5GxYra/?mibextid=NnVzG8

Од Зубовце до Крушево: Коњаниците од „Здружението Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ по 14-ти пат тргнаа на Илинденски марш

Коњаниците од „Здружението Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ по 14-ти пат го започнаа традиционалниот илинденски марш на пат за Крушево.

Денес од с. Зубовце коњаниците од „Здружението Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ по 14-ти пат го започнаа традиционалниот илинденски марш на пат за Крушево.

Во с. Зубовце коњаниците се поклонија на гробот на Ненад Серафимоски, кој загина во вооружена престрелка кај кумановско Диво Насеље, бранејки ја Македонија.

Од с. Зубовце Коњаниците го посетија с. Тумчевиште каде се приклучија на Селската слава и патронот на црквата „Свети Архангел Гаврил“, а потоа заминаа за Гостивар.

Во Гостивар коњаниците ги посетија градските гробишта и се поклонија на гробот на Горан Илијески кој загина бранејки ја Македонија во Диво насеље-Куманово. Во Диво насеље животот го загубија 8 припадници на македонската полиција.

Коњаниците помина низ градските улици низ Гостивар, ја посетија Црквата „Св. Богородица“ каде добија благослов од свештеници на гостиварското намесништо, а после тоа трнаа на пат за Бигорски Манастир.
Утре над 45 коњаници од Гостиварско, Струмица и Битола од Бигорски Манастир, ќе го започнат годинешниов марш за Крушево.

Агенда на движење на коњаниците за Четврток 27 јули:

10.00ч. Во манастирската црква „Св. Јован Крстител“ во Бигорски Манастир, ќе се одржи Литургија и Благослов од монашкото братство за успешен пат кон револуционерното Крушево.
10.30ч. Заклетва
11.00ч. Коњаницата од Бигорски Манастир тргнувана на пат за с. Јанче.
12,00ч. Од с. Јанче, коњаницата тргнува кон с.Галичник.
13.30ч. Пристигнување во с.Галичник.
15.30ч. Од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница.
20.00ч. Пристигнување во бачило Салтаница.

Коњаниците и оваа година ќе поминат пет дена-двеста километри, низ планините на западна Македонија, на пат за Крушево.

ФОТО/Фејсбук/Мане Јаковлески

Битолската коњаница Галоп маршираше на Широк Сокак и тргна на пат за Крушево (Фото и Видео)

,,Галоп Битолска Коњаница,, го започна патувањето по патот на Илинденците.

Почетокот на нивното патување беше означен пред Офицерскиот Дом во Битола, за по Широк Сокак да продолжат кон Манастирот Св. Архангел во Битола каде што ќе им биде благословен илинденскиот пат.

Попладне стигнуваат во Битолско Цапари каде што пред споменикот на паднатите борци за слободна Македонија ќе се одржи свеченост, а потоа и забава со естрадниот уметник Ламбе Алабаковски.

Првото преноќевање ќе го имаат во Манастирот Св. Петка во Цапари. На Илинден ,, Галоп Битолска Коњаница,, која годинава брои трето патување по врвиците на Илинденците, ќе осамне во славно Крушево.

Илинденската коњаница: “За кого, за Македонија…Никогаш северна” (Видео)

Најмакедонскиот елемент на прославата на Илинден на Мечкин Камен во Крушево и оваа година беше илинденската коњаница, која сигурно ги помеша плановите на Владата извикувајќи силно: “За кого, за Македонија” и “Никогаш северна, само Македонија”.

Скопската коњаница тргна за Крушево – Лесен пат комити ! (Фото и Видео)

🇲🇰 Во пресрет на големиот национален празник Илинден, коњаниците што ќе учествуваат на 44-тиот традиционален коњички марш оваа година.

🐴 На маршот што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, учествуваат 27 коњаници од различна возраст, меѓу кои и една девојка. Тие тргнаа од паркот „Јане Сандански“ во 17:30 часот.

⛪️ Во овој парк градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на коњаниците им го предаде општинското знаме, по што со дефиле низ главните булевари во Аеродром тие се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што се одржи собир проследен со културно-уметничка програма.

🪡 Како што аеродромци се верни и посветени на одржувањето на овој марш, така и Општина Аеродром секоја година ќе вложува поголеми човечки и финансиски капацитети со цел традицијата никогаш да не згасне. Илинденскиот марш е една од најголемите и најзначајни културни манифестации како за Аеродром, така и за цела Македонија.

Видео:

https://fb.watch/exeUCYn5XO/

Дванаесет момци и две храбри девојки од Битола тргнаа на коњи за славно Крушево (Фото)

Илинденската коњаница од Битола од денеска го започна своето седумдневно патување до Крушево, каде ќе пристигнат на Илинден.

За овој предизвик кој прв пат се организира во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ се подготувувавме шест месеци, почнувајќи од месец јануари и се до денес. Подготовките беа тешки и напорни, но неуморно ги подготвувавме коњите, но и ние лично се подготвуваме со кондиција за издржливост. На патот до Крушево се и две девојки Симона и Ивана кои изразија желба да се вклучат во одбележувањето на Илинден и да се оддаде почит на илинденците кои го дале животот за Македонија, истакна Стојчевски и потсети дека само во битолското село Цапари биле евидентирани 94 илинденци.

Според планот, битолската коњаница во Крушево треба да пристигне на 31 јули, на 1 август ќе учествуваат на дефиле во Крушево, а на 2 август на Мечкин Камен ќе го одбележат државниот празник Илинден.

Во вторник почнува 43-от ИЛИНДЕНСКИ МАРШ, дваесетина коњаници ќе јаваат до Крушево

Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, по повод најголемиот македонски национален празник ,,Илинден”, по 43-ти пат го организира Илинденскиот коњанички марш Горно Лисиче – Крушево, на кој оваа година ќе учествуваат дваесетина коњаници од различна возраст, меѓу кои и две девојки.Маршот започнува во вторник, 27 јули, од паркот „Јане Сандански“ во 17:30 часот. Со дефиле низ главните булевари во Аеродром маршот ќе се упати кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче во 18:30 часот каде што ќе се одржи народен собир проследен со културно-уметничка програма со настап на музичките групи „Некст тајм“ и триото „Џентлмен“ и каде што поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан ќе даде благослов за коњаниците.

43 години достојни на заветот на нашите предци:
,, Кога ќе порасните да одите во Крушево, да се поклоните на славните илинденци, на славните Македонци кои цел свет ги знае по нивните натчовечки херојства за слободата на својата држава – МАКЕДОНИЈА! ” – стои во објавата за настанот на Фејсбук страницата на Здружението:

https://fb.me/e/45jToqiBd