Tag Archives: коментари

„Бугари, Македонци … нека Бог не пази, друго се` се политички игри“ – Феноменот „BELLA“ со одлични реакции и 13 милиони прегледи (Видео)

На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова на сцената ја претставија нивната најнова дуетска песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит насекаде. Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видеоспот за оваа песна, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска… во целиот екс-ЈУ регион и речиси насекаде низ Балканот.

Пајак и Лара нема ден а да не постираа видео каде некое момче или девојче се имаше снимено како ја пее оваа песна или танцува на истата.

До денес, видеото кое што е постирано пред четири месеци денеска има над 13 милиони прегледи, од цел Балкан.

Изобилуваат коментарите од цел свет, но највидливи се чини се коментари од Бугарија, па се чини дека само преку песна може да се разбереме 🙂

Погледнете ги дел од реакциите:

Лазаров ги изгуби сите спонзори – ИМАМ МАЈКА, ИМАМ БАБА, ЌЕ СЕ ЖЕНАМ, НЕ СУМ НАСИЛНИК

Јутјуберот Стефан Лазаров попладнево се извини до јавноста и рече дека добил многу погрдни коментари по интервјуто со новинарот Драган Павловиќ Латас.

Тој рече дека креира содржина која не е за сечиј вкус. Тврди дека тој и неговиот тим ќе докажат дека вредат. Јутјуберот кажа дека ги изгубил спонзорите, но нема да застане тука и никој нема да го уништи. Лазаров вели дека ако е потребно ќе избрише канал и ќе се отсели од државата. Рече дека има мајка, има баба, ќе се жени и не е в ред што го нарекувале насилник. 

Тој вели дека случајот заврши на вести. 

Пендаровски си го доби на ФБ- Зошто молчеше кога Џамбаски викаше дека Македонија е бугарска?! Бруко една !

Навреди, гнев, огромен револт, омраза – сево ова е содржано во стотиците жестоки реакции, кои ги предизвика објавата на претседателот на „нашата земја“ Стево Пендаровски, кој вчера попладнето, на 20 јануари на својот официјален фејсбук-профил се огласи во својство на претседател на држава во врска со тепачката, во која граѓанинот Христијан Пендиков здобил физички повреди. Пендаровски напиша: „Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите.“

На Пендаровски нема да му бидат потребни никакви сондажи, за да си го согледа својот рејтинг како шеф на државата меѓу народот македонски, во чие име претседателствува. Доволно ќе биде самиот да прочита што напишале за него Македонците на оваа општествена мрежа, а потоа ќе биде добро и да претпостави, што мислат и сите оние припадници на македонската нација, кои се уште не се огласиле во јавноста со „пофалби“ кон неговата „личност и дело“. Еве покарактеристичен дел од реакциите кон Пендаровски:

– „Зошто давате изјава за една обична тепачка во Охрид каде Бугарите од конец направија јаже?“; –„Претседателе, дали е натепан затоа што е секретар на Бугарски клуб во Македонија, или поради нешто сосема друго, што нема никаква врска со неговиот ангажман во клубот!? Немојте да долевате ,бензин’ кај македонскиот народ! Власта и вие директно стимулирате бес и нетрпение, не преземајќи соодветни мерки кога разни идиоти од туѓи држави во средиштето на ,’нашата држава’ го провоцираат сиот македонски народ.“; – „За кафеанска тепачка објавува на фејсбук, а молчи кога бугарскиот дебил Џамбаски во центарот на Скопје не омаловажува сите. Свесни ли сте колку го разочаравте македонскиот народ?. Толку да немате срам од сопствениот народ?!“

– „А молчеше председателов за навредите на цел македонски народ од Џамбаски и компанија во центарот на Скопје?! Затоа и сега да молчи.“; –„Немавте никаква осуда како прв човек на Македонија кон бугарските фашистички здруженија и нивните навредливи скандирања кон македонскиот народ и држава. Чиј претседател сте вие?“; –„Пендаровски, бидејќи важите за човек близок со Бугарите и пристрасно работите за нив по налог на туѓи странски интереси, ние, Македонците бараме да поднесете веднаш неотповиклива оставка од функцијата претседател на Македонија.“; –„Румен Радев ли го копираш? Момчето е криминалец и некоја си кафанска тепачка не заслужува политичко и медиумско внимание!“

–„Главен конкурент за прва награда ‘Фикус на годината’ си ја обезбеди уште во првиот месец од 2023 година. Криминалец со кривична за дрога, за да избегне одговорност, тврди дека го тепале зашто бил Бугарин и Стево доаѓа и фрла бензин на огнот, наместо да го гаси. Брукоо!“; –„Се разбуди, бе, Стево? Ги преспа Бугарите кога пред некој ден викаа среде Скопје дека Македонија е бугарска и сега ти текна да се огласиш! Човек да не те стави за претседател на куќен совет, не па ли на држава!“; –„По кој основ пишуваш статуси за некој наркоман, кој го претепале за дрога? Аман бе, еднаш да осудиш што не газат како народ и не не признаваат. Претседател ли си, што ли си? Ја срамиш нацијата, а и сам себе.“

–„А те немаше да гукнеш за Џамбаски кога среде Скопје ги искажа територијалните претензии кон Македонија и негираше се што е македонско!“–„Стево, треба да те осудат тебе на 1000 години тешка робија за сите предавства.“; –„Претседателе, во ред е да се реагира на она што е недолично, но зошто не реагиравте кога ни дојдоа среде главниот град и не нарекуваа дека сме Бугари? Зошто го дозволивте тоа? Да ни дадете одговор и објаснување, на сите македонски државјани.“; –„Пак те, насанкале, претседателе! Без да знаеш, штитиш дилери во кримипресметки.“;

– „Не оправдувам насилство од чија било страна, но кај беше, претседателе, да се јавиш кога Џамбаски среде Скопје го навредуваше македонскиот народ? Или тоа не го слушна и не го виде?“; –„А бре, претседателе, ако имаш малку доблест и ако прочиташ 2-3 коментари од постот, не мора повеќе, ќе ја видиш целата омраза и разочараност од целиот македонски народ, а не е ништо партиско, па ќе станеш и ќе си заминеш од државата, не од функцијата.“; –„А ги осудуваш ли Џамбаски и компанија што ни се испосраа на македонштината среде Скопје?!“; –„Вие сте се, само претседател на Република Македонија не!“; –„Стево, седи мирен,не додавај масло на оган, не брани ги бугарските интереси…. И така државата е отидена во неповрат.“; –„Стево, чии интереси ги застапуваш? На Македонците сигурно не! Не се знае официјално зошто е натепан, поради кои причини, а ти си даваш за право да заземаш страна? Стево, повеќе не надевај се дека ќе бидеш претседател. Ниту со албански гласови како минатиот пат.“.

„АМАН АМАН“ На Божиќ објавена новата песна со СКАНДАЛОЗЕН ВИДЕО СПОТ со две девојки – РАФАЛИ ОД НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ (Видео)

Слаткаристика ја објави новата песна на Божиќ. Видео спотот за жал предизвика рафали на негативни коментари на социјалните мрежи. Дел од фановите се разочарани од како што велат „неслучајно се објавува на Божиќ“, како и дека станува збор за платена пропаганда.

Во видео спотот македонските модели Бојана Нушкова и Јована Гјо се прилично интимни и стануваат геј пар, веројатно тоа е една од причините зашто фановите и останата македонска јавност реагира.


Проценете сами и погледнете го видеото и коментарите во прилог:

Премиерот пееше за Европа – Граѓаните: Добро на што хемија сте !? (Видео)

На вчерашната завршна трибина во Скопје, која повеќе наликуваше на митинг, премиерот во друштво со неколку пејачи пееше за Европа.

Граѓаните го утепаа со коментари на постот од 4news.mk.

Видео:

https://fb.watch/huNNI7XNB0/

Веројатно по дома ВАШИТЕ ЖЕНИ и ЌЕРКИ се СВЕТИЦИ, имате ли барем малку МОЗОК, емпатија…

ФБ статус на Лила Стојановска:

Не знам, веројатно по дома вашите жени и ќерки се светици, зошто очигледно по вашите коментари сите останати се неморални и лесни жени! Не дај боже да е убава и успешна, е тогаш почнува вистински натпревар, кој поОдвратен и позлобен коментар ќе остави!

Па уште си се дополнувате ( леле баш така во право си брат…леле што убаво и пиша), мизерии едни мизерни!!!

Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство?! Имате ли сeмејства, роднини,колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли? Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој за жал веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа!

Па она има и родители, семејство кое е во неверојатен шок, преживува трагедија…. Изгубиле дете! Срам да ви е! А одите во црква, се крстите, се молите на бога, слави славите, наредени икони и светци низ куќа…. Безбожници едни !!!

Ама да си знаете истиот тој бог ќе ви суди , секому според заслуга! Оставете девојката да почива во мир и сочувство до нејзиното семејство за оваа голема и ненадоместлива загуба….


Костова ги подбра коментаторите: Нема да ме мрзи да ги соберам и направам СЛАВНИ сите кои пишуваат недолични коментари за МРТОВ ЧОВЕК!

Македонската инфлуенсерка Миа Костова на Фејсбук остро ги критикува корисниците на социјални мрежи кои во текот на вчерашниот и денешниот ден пишуваат недолични коментари за починатата мејк-ап артистка Маја Миа, која беше пронајдена мртва во Јужна Африка.

– Кога ќе видам што се пишува под портали за некој кој не е веќе меѓу живите, се прашувам зошто уште ме допира понекогаш што ќе каже некој за мене под вест дека на пример сум патувала некаде.

Нема да ме мрзи еднаш ќе соберам све од коментари под разни објави на разни вести и со име и презиме и приватни слики со деца и бебиња и семејствата со кои живеете а ширите говор на омраза и желба за туѓа смрт ќе ви направам едно видео од два саата да ви е незгодно леб да купите во продавница. Гнаси едни одвратни! Па кога ќе оди видеото под портали со вашиот зумиран сурат пак да коментирате! Задоени со зло, несреќни и пропаднати. Нели ви е страв дека на најмило ќе ве удри коментарот што го постирате? – напиша Костова на Фејсбук.

40 000 евра за РЕЦЕПТ ЗА ПИЦА, а нема за инхалатори за 120 пациенти❓

40.000 евра за рецепт за пица??? Иновација?????
Втора година Асоцијација за Цистична Фиброза очекува одговор од ФЗОМ за набавка на инхалатори, кои за 120 пациенти би чинеле колку рецептов 😡😡😡 – пишува Богдан Настески Герман на Фејсбук.

И во право е нелогични трошења на народни пари кои не стигнуваат за нужните потреби.

Далеку сме од евтина држава – Во Англија литар млеко е 33 денари, 25 денари е кило леб

Граѓани на Твитер ги коментираат цените на основните продукти во Македонија и дело од земјите во Европа, па според фотографиите и коментарите излегува дека за некои производи во Македонија граѓанитѕе ги плаќаат и поскапо од граѓаните на некои земји на ЕУ како Англија и Германија.

Според фотографиите едно литро млеко во Англија може да се најде за 46.9 пени или скоро пола фунта за едно литро. Додека пак едно кило леб може да се најде за 36 пени или третина фунта.

Цените во Германија 

Репортер на Дојче Веле во вторникот посетил маркет на Лидл во Бон, за да споредиме каква е цената на дел од основните производи во Германија- каде нема замрзнување на цените- и Македонија каде тоа се практикува од минатата недела.


Така на пример, сончогледово масло во овој дисконт во Германија чини 1,39 евра. Истото во Македонија ќе го најдете од 89 денари- близу 1,5 евра- па нагоре.

Пченичното брашно во Бон можете да го купите за 45 центи, во Македонија за 40 денари или околу 20 евроценти поскапо.

Кристален шеќер во Лидл чини 79 центи, во македонските дисконти може да се најде поевтино- за 40 денари.

Млекото со 3,5 отсто масленост во Македонија ќе ве чини најмалку 50 денари, во Германија може да се најде за 80 центи.

Ако купувате месо, во Македонија ќе минете нешто поевтино- за килограм свинско ќе платите околу 350 денари, додека во Германија 6,99 евра.


Севкупно гледано, цените на производите се слични, со таа разлика што стандардот на граѓаните во Германија е далеку повисок- барем седумпати од македонскиот. 

Според податоците за 2019 година на Еуростат во извештајот од 2020 година Македонија има најефтина храна и пијалоци во Европа.

Статистиката на Еуростат покажуваше дека во Македонија граѓаните купуваат најевтина храна, безалкохолни пијалоци (кафе, чај, минерална вода, овошни сокови и др.) и тутун од сите 37 држави на европскиот континент.


Анализата на Еуростат, со податоци од 2019 година, тогаш ја смести Македонија на дното во Европа според трошоците за основните потрошувачки производи, или обратно, на врвот како најевтина. 

Се прашуваме дали по споредбиве состојбата не е променета ако се земе фактот дека просечната плата во Европската унија e 2000 евра во споредба со нашите плати кои официјално се 470 евра или во септември 2021 во нето вредност по вработен е 28 869 денари.

Граѓани контра Мојсовски: На времето кога го носеше „црвено-жолтиот“ дрес И тебе те чекавме на плоштад, а сега викаш „нашата“ репрезентација

Македонските фудбалери денеска пристигнуваат на скопскиот аеродром по деби настап на Европското првенство. Директорот на агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски кој е поранешен ракометен репрезентативец, на социјалните мрежи објави дека автобус за пречек од пред АМС, во 12. 30 часот ќе тргне на аеродром каде ќе пристигнат фудбалерите.

Во својата објава на Фејсбук, Мојсоски напиша дека „Денеска нашата фудбалска репрезентација пристигнува во Скопје!“

Токму ова „нашата“ предизвика револт кај граѓаните кои го потсетија Мојсовски дека и тој кога со ракометната репрезентација го освои петтото место на Европското првенство во 2012 година исто така бил пречекан на скопкиот аеродром и на плоштадот Македонија. Актуелниот директор на АМС беше прашан и за која репрезентација и држава тој тогаш настапувал, ако сега не сака да напише „македонска“ во својата објава.