Tag Archives: Корчула

(ВИДЕО) „Елено ќерко, Елено“ ечеше во Корчула: Актерот Дац запеа и ги воодушеви туристите

Актерот Драган Спасов Дац е на одмор на хрватскиот остров Корчула, каде што ја запеа „Елено ќерко, Елено“ и стана хит на социјалните мрежи.

Дац привлече големо внимание со своите гласовни способности, па голем број туристи се собраа за да го снимаат македонскиот актер.

Популарниот актер покажа дека знае да пее и на хрватски, а видеото се најде на страната на фејсбук на „Дац и Александар“.

Ајкула долга два метра се појави во плиткото на Корчула (Видео)

Ајкула долга повеќе од два метра се појави во плиткиот дел од морето на островот Корчул во Хрватска.

Како што бјави хрватски РТЛ, станува за модрулја, вид на ајкула кој живее во Јадранското Море и кој главно се храни со помал плен и риби, а многу ретко напаѓа луѓе.

Ајкулите многу ретко доаѓаат во плиткото, а билогот Петар Кружиќ, објаснува дека постојат различни причини, од хранење, преку чистење од паразити до размножување.