Tag Archives: корупција

ПАДНА И КАМЧЕВ на црната листа на САД, обвинет е за поткуп, перење пари, корупција…

Денес министерството за финансии на САД го обвини бизнисменот Јордан Орце Камчев за корупција, поткуп, перење на пари и други криминални дејанија.

Санкциите нема да важат само за Орце Камчев и неговиот имот туку и сите оние кои соработуваат со него. САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани личности кои го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста во Македонија. Корупцијата има свои последици, напиша амбасадорката на САД во Македонија Ангела Агелер.

АХМЕТИ ЌЕ ИМ ГИ БРОИ КУЌИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа на средбата во Тетово со членови и симпатизери на владеачката партија рече дека постои обид да се заврши домашната задача, прочистувајќи ги сите функционери од корупција со ветинг.

„Ова е претходна кампања која мора да ја материјализираме. Мора да влеземе во ЕУ, бидејќи ова членство носи материјални добра, придобивки за функционирањето на државата, бидејќи без да ја завршиме домашната задача не можеме да влеземе во ЕУ. Но, кои се домашните задачи? Владеењето на правото. 

Зошто бараме проверка? Сите политичари, обвинители, полицајци, градоначалници… Како влегле во политика, каков статус имале, колку куќи имале, колку квадрати во Тетово или Скопје пред да влезат во политиката и откако ќе излезат или додека се во политика“ рече Ахмети, пренесува фактор.мк

Америте кои ќе ја ловеа корупцијата во Македонија – си заминале

Тимот за санкции од Вашингтон кој беше во Македонија со цел поагресивно да истражува корупција кај поранешни, но и актуелни функционери си заминал од земјава, пренесува „Фокус“.

Во одговорот на амбасадата на САД во Македонија, за Фокус нема објаснување дали тимот веќе ја скенирал состојбата во земјава и дали пак ќе дојде, но од таму порачуваат дека се посветени да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во висока корупација и дека ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво.

Биле чисти!? – Дамева: Досега нема докази дека некој судија земал поткуп

Судскиот совет има механизми да се бори против коруптивните дејствија, доколку ги констатира, но за тоа треба да има докази и факти, вели претседателката на Советот, Весна Дамева, посочувајќи дека тоа мора да им го овозможат граѓаните.

– Странките се тие коишто можат да ни кажат дали одреден судија примал и земал мито, поткуп итн. Тоа досега, барем јас додека сум член на Судскиот совет, не било поткрепено со докази. Најчесто се тие паушални наоди и во случаи кога се паушални, Судскиот совет доставил известување до ЈО за да ги испита и провери таквите наводи, изјави Дамева.

Судскиот совет има донесено одлука за разрешување на судија поради коруптивно дејание, меѓутоа како што посочи Дамева, тоа е од поодамна и нагласи дека во наредниот период ќе преземе поригорозни мерки во насока на расчистувања на таквите дејствија и онаму каде што има законска надлежност ќе постапува, а во останатиот дел ќе ги процесира случаите до надлежните институции.

АХМЕТИ СО АГЕЛЕР: Јас како лидер и ДУИ сме за владеење на правото, реформите и борбата против организираниот криминал и корупцијата

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на која и посака успех во новата мисија.

Соработката меѓу двете земји, евроинтеграциите, уставните измени и реформите, политичката состојба во земјата и регионот, како и процесот на ветинг беа само неколку теми на кои разговараа Ахмети и Агелер.

Ахмети изрази надеж дека враќањето на амбасадорката Агелер и нејзините познавања за земјата и околностите ќе придонесе за унапредување на билатералните односи и уште поголемо зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Ахмети изрази благодарност за американската помош во процесот на реформите и евроинтеграциите.

Целосната интеграција на нашата земја и на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилноста и просперитетот на регионот.

На средбата Ахмети и Агелер разговараа за потребата од усвојување на уставните измени како услов за продолжување на европскиот пат, поради што било оценето дека сите политички сили во државата треба да рефлектираат и да не ја држат во заложништво иднината на државата и нејзините граѓани.

Ахмети исто така го потенцираше процесот на ветинг како неопходен поради фактот што тој ќе биде најдобра форма за кредибилитетот на личностите во сите сфери, од политиката до обвинителството и судството, како форма на контрола пред тие да бидат избрани на одредени позиции.

Ахмети изрази благодарност за значителната улога на САД во земјата и регионот, како и дека тој и ДУИ се партнери и целосно достапни за прогресивната проевропска агенда, владеењето на правото, реформите и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Демократската унија за интеграција

Османи повикува да се здружиме и да кажеме стоп на корупцијата!

Наредните години се години на расчистување конечно со корупцијата на сите можни нивоа. Не се амбицирам, затоа што нема општество исчистено во целост од ова зло. Но, Македонија мора и тој дел да го помине за навистина да биде пример држава не само во регионот, туку и пошироко. Сега ни е шансата за тоа, сега ни е фокусот таму, сега и нашите пријатели се фокусирани во тој дел, ајде да се здружиме сите и да кажеме стоп на корупцијата.

Ова е повикот од министерот за надворешни работи Бујар Османи од денешниот брифинг со новинарите, кои прашуваа на повеќе теми, но главно во  фокусот беа прашањата за борбата против корупцијата.

– Наредните години, ќе бидат години на антикорупциска политка за државата станува уникатен модел. Тоа што го созддадовме  во делот на мултиетничката демократија, како култура на односи, на дијалог, на решавање на конфликти и прашања, создадовме сериозен модел на оваа држава во регионот. Уште ни треба да имеме сериозна демократија и сериозни институции во борбата против корупцијата и ние ќе бидеме така што треба да бидеме, како што очекуваат нашите пријатели и како што очекуваат нашите граѓани, рече Османи.

Според шефот на дипломатијата, државата ги реши егзистенцијалните прашања, внатрешно се консолидираше во однос на функционална мултиетничка демократија и меѓуетнички односи, си ги среди односите со соседите, рече тој, се етаблирараше меѓународно. Ова е, нагласи Османи, позитивен развој на државта и општеството, кога останатите прашања веќе се решени.

– Ова е заедничка определба помеѓу нас и САД за засилена антикорупциска борба. Државата и ние апсолутно ги поддржуваме тие ставови на САД и очекуваме сериозна поддршка. Еден од мотивите за почнување на стратешкито дијалог со САД беше нивно вклучување во атикорпциските полтики и овде. Сега веќе имаме два големи инструменти за следење на антикорупциските политики. Еден е скринингот и преговорите со ЕУ и САД преку стратешкиот дијалог и нивните инструменти, дали се тоа механизмите на внесување во црни листи или други јавни именувања или други начини на поддршка, појаснуваше министерот Османи.

На новинарско прашање каква конкретна помош очекуваат од САД во борбата против корупцијата, Османи повтори дека во рамки на стратешкиот дијалог САД досега дале 4,2 милиони евра само за поддршка антикорупциските политики. Очекуваат поддршка и во обука, но и искористување на конкретните механизми што ги имаат на располагање САД.

– Република Северна Македонија има сериозен проблем со корупцијата на сите нивоа, не само на политичко. На сите можни нивоа, во сите можни општествени сектори каде граѓаните бараат услуги од државата на било кое ниво. Овој фокус што го ставаме заеднички со нашите партнери САД и со ЕУ, е и резултат што големите прашања ги надминавме, кои не дефокусираа од оваа политика на борба против корупцијата, дециден е министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Статус за заминување од Македонија!

Криминални набавки на јаглен преку штотуку отворени фирми.

Криминално не се плаќа струја во наводно едно општество за сите.

Децата зимово најверојатно ќе останат дома зошто нема да има за греење на училишта.
Власт испокарана до гуша со фондација го дозакопа судството и обвинителството.


Убиството на ракометарот ќе го суди политички и професионално компромитирана судијка.

Никаква одговорност ни за Дурмо, ни за Беса турс, ни за кабелот во Тетово. Неделно гинат по двајца работници на терен.


За секој потрошен милион капитална инвестиција 10% одат на неоправдани трошоци.
Непотизам и партизација цутат како никогаш досега, државата губи преку пола милијарда годишно на Рамковни и фамилии на функционери и партиски лидери.

Се прогласуваат кризни состојби за да се крадат народни пари и прават набавки во 4 очи, така беше со ковидот, така и со струјата.

Нови небодери и дивоградби што кај Холидеј Ин, што кај Треска.
Индиции за криминал со огревното дрво кое уште малку ќе стане 5 илјади денари по кубик.

Дивоградби ќе никнуваат во Охрид на археолошки локалитети.

Дивоградби во Маврово и Трница со вмешани функционери и понатаму си никнуваат.

Бугарија почна да се иживува и врз македонското малцинство во Албанија.

Дечко на 25 години умира во болница поради сепса по интервенција на заб.

Да не навлагаме во поскапувања и инфлација, нови давачки и остали срања, битно на секое поле сме пепел, кучињата лаат, а караванот си врви.

Ова системско распарчување и раскрчмување на државичево некогаш ќе мора да запре.

Фејсбук статус на Ивор Мицковски

Русковска: Во Македонија има многу корупција!

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска во гостувањето во ТВ 24 вели дека во Македонија има многу корупција.

Според неа не се почитуваат законите и често се злоупотребуваат функциите.

На прашањето како државата се носи со копрупцијата, Русковска рече дека давале се од себе.

„Во државава има многу корупција. Интензивно работиме и даваме се од себе. Добиваме информации од секаде, МВР, Антикорупциска, Финансиска полиција, а отвораме предмети и по допрен глас“, рече Русковска.

Авион лета над Скопје со порака: „СЕ ГЛЕДА КОРУПЦИЈА“ (Фото и Видео)

Авион кој во моментов лета низ Скопје, носи платно со порака.

„СЕ ГЛЕДА КОРУПЦИЈА“ – пишува во пораката.

Сеуште нема никакви информации во јавноста од каде доаѓа пораката и кој ја испраќа, како и дали станува збор за герила акција.

Има многу партиски вработувања и корупција, затоа го продадов бизнисот и заминав од Македонија

Иселувањето пуштено на СТООО !

Се иселив пред две години на 45 годишна возраст. Имам завршено факултет за одделенска настава и имав бизнис. Го продадов и се иселив. Во Македонија обичен човек нема иднина, се случуваат партиски вработувања поради кои моите деца немаа иднина, ни вели Бисерка Молеровиќ, која живее во Германија

Имам 42 години, сопруга и две деца. Работиме во Скопје, но веќе имаме план за заминување. Сакаме да живееме во земја каде има ред и правда. Не сакам да плаќам даноци, а да живеам во нечисто и без да сум заштитен и уважен од институциите. Последниве години верував на политичарите дека ќе донесат подобрувања, но испадна дека поради нив и си заминувам, потенцира Борјан С.

Повеќе на Скопско Ехо