Tag Archives: крал

Еве како изгледаат Чарлс и Камила на крунисувањето (Фото)

Чарлс III. e крунисан за крал.

На главата ја има круната на Едвард.

Церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс започна нешто по 11 часот.

Шефот на Генералното собрание му ја предаде на кралот Библијата на која полага заклетва за крунисување.

„Дали сте спремни да положите заклетва? праша архиепископот од Кентербери.

„Јас сум подготвен“, одговорил кралот.

Кралот ја потпишал заклетвата. Тој се заколна дека ќе управува со нациите и териториите во согласност со законите и обичаите.

Откако надбискупот од Кентербери ја прочита молитва, британскиот премиер Риши Сунак прочита дел од Посланието до Колосјаните во Библијата.

На крунисувањето присуствуваат бројни светски државници, освен оние од Русија, Белорусија, Северна Кореја, Никарагва…

Снимен доказ – Принцот Чарлс танцува брејкденс, очевидците се сеќаваат дека го бивало од прва (ВИДЕО)

Петтата епизода од најдовата сезона на серијата „Краун“„, под наслов „Пат напред“ завршува со сцена со брејкденс на тогашниот принц Чарлс на добротворна акција, и, верувале или не, тој момент во емисијата е заснова на нешто што навистина се случило.

Меѓутоа, постои една клучна работа која не е прикажана во серијата онаква каква што навистиан е,а тоа е тајмингот. Моментот со брејденсот во серијата е сместен во 90-тите години од 20. век, но всушност се случил во претходната деценија.Чарлс на 29. март во 1985 година присуствувал на работилница која ја организирала добротворната организација што ја основал Принцовиот фонд, во селото Мидлтон на море. Според приказната на Прес асосиејшн, Чарлс го „убедиле да се обиде во брејкденс со три младили, ги придвижувал  нзоете во бавна роботка имитација, па дури и паднал на колена“, пренесува Базфидњуз.

Моментот го забележале фотографи и видео камерите, а Здружението за печат два дена подоцна објави статија во која вели:„По разговорот со бројни млади луѓе, принцот отиде во нивната дискотека, каде што замрачената просторија, трепкавите светла и бучавата претставуваа проблем за кралското обезбедување. Слабо облечените девојки биле затоврени по соби додека принцот го гледал танцувањето.

Тогаш русокосата 20-годишна Ники Ругланд му пријде на принцот и му рече, ‘извинете господине, би сакале да танцувате?’

‘Да, одговори принцот во темен костим, кој отиде на подиумот за игра и праша:Како се вика оваа музика?’

‘Диско, господине’, одговорила Ники додека танцувале. Ники добила впечаток дека принцот е добар во танцување.

Дваесетиедногодишниот Двејн Смит од Ирска, кој танвувал брејкденс со уште двајца младичи го наговорил принцот кој напочетокот бил невоел да им се придружи.

Тој рекол, ‘Не’, тој не може да го прави тоа, но јас реков:Ајде, кажал Двејн.

„Тој е многу добар. Неговото движење на нозете е правилно.”“

Кралот Чарлс со бизарни барања: Алиштата му ги переле рачно, го легнувале со плишано мече, батлер му ставал паста на четкичката за заби…

Новинарот Кристофер Андерсен ја напиша книгата „Кралот: Животот на Чарлс III“, а информацијата што писателот ја сподели пред објавувањето на 8 ноември ја изненади јавноста. Имено, тој открил без што Чарлс не може да ја напушти палатата.

„Тој сè уште патува со плишано мече од детството кое го има уште од многу мал. Единствената личност на која му е дозволено малку да го чепка плишаното мече на кралот Чарлс била неговата дадилка од детството, Мејбел Андерсон“, вели Андерсон.

За плишаното мече се грижел и најдоверливиот дворски батлер, Мајкл Фосет, а кога кралот имал 40-тина години, Мејбел морала да излезе од пензија за да ја поправи штетата на играчката. „Тој веќе имаше 40-тина години и секогаш кога требаше да се грижи за мечето, се однесуваше како неговото сопствено дете да има голема операција“, рече Фосет.

Батлер морал да става и паста на четката за заби на Чарлс. Го бричел и му помагал да ги облече панталоните и му ги врзувал врвките од чевлите. Фосет секој ден добивал список со поплаки и инструкции од својот шеф, а тој и нему и на останатите им давал наредби со помош на мегафон.

„Иако некој што тврди дека бил малтретиран како дете, Чарлс очигледно уживал да нѐ малтретира. Тој можеше да биде пријатен и љубезен, но беше и нерасположен и злобен. Не размислуваше два пати да вика кога ќе направите грешка “, открија поранешни вработени.

Кен Стронах, кој бил батлер на кралот, морал рачно да ја пере долната облека на Чарлс и да го легнува со плишаното мече секоја вечер. Тој претходно открил дека кралот фрлил тежок дрвен предмет кон принцезата Дијана за време на расправија, при што за влакно ѝ ја промашил главата.

Инаку, Андерсон тврди дека Чарлс „патува со тоалетно седиште по нарачка“ што одговара за кралот. Извори од палатата му откриле на новинарот дека кога кралот одел на вечера со други луѓе, често го носел својот готвач кој му подготвувал специјален оброк.

Чарлс, како и многу од неговото семејство, не ја сакал квадратната форма на коцките мраз и важно им било да имаат други форми при рака. Исто така, извори од палатата велат дека ги исполнувале барањата на кралот бидејќи имал „цврст темперамент и експлодира кога не го добива она што го сака“.

„Тој сака одредени работи во одредено време“, истакнале тие.

“Тој е многу чуден, многу темпераментен. Тој всушност има лош темперамент и експлодира како вулкан. Тој е склон кон бес”, рекол Андерсон.

Месарница се пошегувала на сметка на Чарлс – Во понудата имаат колбаси наречени… (Фото)

Имено, многумина биле загрижени за неговото здравје, бидејќи неговите прсти изгледаат многу отечено, но имало и такви кои решиле да се пошегуваат со неговиот изглед.

Па така, месар од Нов Зеланд во понудата ставил колбаси кои ги нарекол „King Charles Fingers“.

Од месарницата на социјалните мрежи објавиле фотографија од колбасите со натпис „King Charles Sausage Fingers“.

Непосредно пред тоа објавиле и фотографија на која Чарлс наместо со прсти е фотошопиран со колбаси.

Инаку, Чарлс своите прсти сам ги нарекол „колбаси“ најмалку двапати, вклучително и додека бил на турнеа во Австралија во 2012 година.

За потсетување, доктор Герет Нај од Универзитетот во Честер, за магазинот „Дејли стар“ изјавил дека најверојатно се работи за артритис, автоимуна болест која предизвикува воспаление, односно отекување на прстите и зглобовите.

Овој здравствен проблем најчесто се јавува помеѓу 45-та и 65-та година од животот.

КРАЛОТ НИКОГАШ НЕ РУЧА, а секој ден ова го прави со Камила

По смртта на кралицата Елизабета Втора, на тронот дојде нејзиниот најстар син, кралот Чарлс III. Иако нацијата се уште тагува поради заминувањето на Елизабета, која владееше 70 години, Британците полека ги запознаваат навиките на Чарлс. Британските медиуми известуваа за секојдневниот живот и работата и животното темпо на нивниот нов крал.

Џулијан Пејни, сегашниот претседател за корпоративни работи на Еделман, претходно работел како секретар за комуникации на Чарлс и Камила кога тој сè уште беше „само принц“.

Чарлс никогаш не руча

Открил дека Чарлс никогаш не прави пауза за ручек и појадува овошје и семки и, секако, чај. Овие изјави дојдоа откако се проширија гласини дека Чарлс секое утро јаде јајца приготвени на различен начин.

„Никогаш не сум видел ниту едно варено јајце на појадок во сите години што работев таму“, изјави Џулијан за британските медиуми.

„Кралот не руча, па една од првите лекции што ги научив кога бев на пат со него беше да појадувам голем појадок или да земам неколку енергетски плочки за да изржам“, додава поранешниот соработник на кралот. Домаќинството го води мал, но посветен тим на персонал кој работи за Чарлс со децении.

По појадокот започнуваат работните обврски

Тој го опишал и бурното темпо на просечниот работен ден на кралот и неговите соработници, кој започнува веднаш по појадокот.

„Работниот ден е прилично немилосрден. Започнува со вестите на радиото, поминувајќи низ насловите со појадок со сезонска овошна салата, семки и чај“, рече Џулијан. Еден ден во канцеларијата е многу зафатен – Чарлс одржува 45-минутни состаноци за нови добротворни проекти, претстојна турнеја или дискусија за државни прашања.

Во 13 часот паузира од напорниот распоред, но не за храна, туку за прошетка околу својот дом.

„Кралот не сака да остане предолго во затворен простор и секогаш има ширум отворени прозорци“, вели Пејни.

Со документација се занимава до доцна во ноќта

Првата вистинска пауза следува во 17 часот, кога кралот застанува со своите обврски и пие чај. Потоа „ги полни батериите“, а тоа време често го поминува со сопругата Камила и јадат по некое парче овошна торта или сендвичи.

По пауза, кралот се враќа на своето биро за да се справи со документите, а вечерата е закажана точно во 20:30 часот. Потоа Чарлс се враќа на своето биро во 22 часот и често останува таму и после полноќ.

Освен горенаведениот распоред, дневните планови понекогаш вклучуваат патувања и јавни настани. Џулијан додава дека кралот сака да разговара со луѓе, што често ги нарушува понатамошните планови за тој ден. Чарлс сега се соочува со уште побурна секојдневна рутина во неговата долгоочекувана улога, бидејќи некои настани сега стануваат неопходен дел од неговите кралски должности.

Кралот Чарлс и Камила прв пат седнаа на тронови, нејзиниот се разликува по еден детал (ВИДЕО)

Тие се обратија во Парламентот од тронот во Вестминстерската сала во Лондон. Кралот Чарлс III. за време на церемонијата во  Домот на лордовите се заложи за лојалност и изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета.

Црвените и златните тронови на кои седат Чарлс и Камила се разликуваат само во еден, едвај забележлив детал.

Имено, престолот на Камила е понизок за неколку сантиметри за да се истакнат нивните улоги.

ОВА Е КРАЛОТ НА ЛЕТОТО ! (ФОТО)

Летово донесе голем број хитови од грчкото, хрватското и црногорското крајбрежје, а луѓето на интернет ги обожаваат.

Една фотографија од хрватското крајбрежје повторно го воодушеви регионот. Страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“ објави фотка од постар господин кој ужива во плиткото и на народен јазик го прави тоа за сите пари. Фотографијата ја нарекоа „кралот на летото 2022“ и веројатно се во право.

Имено, тој си донел столче кое го ставил во водата, заедно со мала масичка на која има шишиња пиво, ама и мезе.

Коментарите под објавата се интересни колку и самата фотка и ги има доста.

„Топ“, „Тоа се вика живот, кој знае, знае“, „Така и јас, штом појдам на море“, „Прекрасно море, само за уживање и пиво“, „Ова ни фали“, „Паметен човек, се гледа дека земал и две пива… единствено штета е што морето не лади, па да си има гајба до него“…, се само дел од коментарите.

Ce бара КРАЛ за ОСТРОВ: Необичен конкурс, погледнете што се кpитepиумитe…

На малиот британски остров Пиел е објавен конкурс – тамошните власти бараат некој кој има искуство во водење на угостителски објект, сака изолација и е подготвен да ја прифати титулата крал, пишува „The Guardian“.

Во Велика Британија е отворен еден од најнеобичните огласи за работа – локалните власти бараат некој да раководи со ресторанот „Ship Inn“ на островот Пиел.

Негативна страна на работата се неизвесните временски услови, изолацијата и долгото работно време. Но, од друга страна, вработениот ќе може да ужива во свежиот воздух, со совршен поглед на птиците, морето, зајдисонца и изгрејсонца и ќе биде изолиран од бучава и гужви.

Џон Марфи, кој носи туристи на островот веќе четири децении, вели дека оној што ќе ја добие работата ќе мора да биде исклучително посветен на задачата: „Не можете туку-така да отидете во продавница кога сте на островот. Мора да бидете посветени и да ја сакате изолацијата, мирот и тишината. Малкумина се оние што можат и го сакаат тоа“.

Островот Пиел се наоѓа на еден километар од полуостровот Фурнес, а до оваа локација може да се стигне со траект, кој сообраќа редовно од април до септември.

Властите бараат некој кој ќе помине десет години на островот и ќе се всели во април. Потоа ќе биде извршена церемонијата на крунисување на новиот крал на Пиел.

Марфи за „Гардијан“ изјавил дека би сакал сам да се занимава со оваа работа, но верува дека на 73 години е престар за ваква авантура. Сепак, тој истакнува дека ќе продолжи да го посетува островот и на туристите да им ги кажува легендите поврзани со овој мал град.